Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Иран се откажал од својата програма за нуклеарно вооружување. Тој во поткаст на „Њујорк пост“ изјави дека веќе е постигнат договор за нуклеарното оружје на Иран. – Не можеме да им дозволиме нуклеарно оружје. Тие веќе се согласија да немаат. Тоа беше голема работа, посочи Трамп. Тој негираше дека Иран има предност во судирот. – Иран нема морнарица. Нема воздухопловни сили. Имаат многу малку ...

Владата ќе продолжи со мерки за намалување на дефицитот. Буџетскиот дефицит нема да биде повисок од ланскиот, и покрај можните корекции со ребалансот, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, нагласувајќи дека фискалната консолидација останува клучен приоритет. Во одговор на новинарко прашање по денешната прес-конференција, Кочоска истакна дека во тек се проекциите за ребалансот, но оти насоката на политиките е јасна – ...

Бруто-домашниот производ порасна за 3.1% во првото тримесечје од 2026 година во однос на истиот период од 2025 година, соопшти денеска Државниот завод за статистика. Во првото тримесечје од 2026 година, поголем пораст е забележан во секторите: Градежништво од 7.2 % и Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 6.1 %. Финалната потрошувачка во првото тримесечје од 2026 година номинално расте за 7.3 %, а ...

Kампањата на Македонски Телеком „Да направиме место за подобро да се поврземе“ креирана од македонската креативна агенција Saatchi&Saatchi дел од Publicis Groupe Macedonia, освои сребро во категоријата Strategy & Effectiveness на 5. Регионален фестивал на медиуми и креативни индустрии CIM Forum во Котор. Кампањата беше финалист во уште три категории, Integrated Campaign, Strategy & Effectiveness и Positive Change. Годинава на CIM ...

Министерството за финансии ја заокружи отплатата на еврообврзницата издадена во 2020 година во износ од 700 милиони евра, со што во целост е исполнета обврската кон инвеститорите, информираше министерката Гордана Димитриеска – Кочоска, нагласувајќи дека процесот е реализиран навремено, со претходно планирани средства и со заштеди на камати. На денешната прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, Димитриеска – Кочоска појасни дека ...

Винарската визба „Тиквеш“ доби уште едно значајно меѓународно признание за квалитетот и начинот на управување со своите лозови насади, откако лозовиот насад Лепово се стекна со „Платинест статус на извонредност“ во рамките на годишната евалуација спроведена од меѓународниот експертски тим на Perleuve, предводен од реномираниот агроном и истражувач Џовани Бигот. Во конкуренција од повеќе од 2.200 мониторирани лозови насади од Италија и ...

Проектот „Иловица-Штука“ повторно се наоѓа во фокусот откако надлежните институции најавија поактивен пристап кон издавање дозволи за минерални суровини и поддршка на инвестициски проекти. Во Владата очекуваат дека новата Фискална стратегија за периодот 2027-2031 ќе придонесе за зголемување на инвестициите во државата и ќе овозможи побрза реализација на проекти кои можат да донесат економски придобивки и нови работни места. Во текстот се ...

Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, на својата 54-та седница, одобри предлог-закон со кој се менува Законот за упатување работници од Република Македонија во други држави за изведување на градежни работи преку проектни договори и за вршење на други сезонски работи. Предлогот ќе оди на понатамошно разгледување. Претседателот на комисијата, Бојан Стојаноски, изјави дека предлог-законот е прифатлив и треба да биде ...

Во Собранието денеска седници ќе одржат три комисии и тоа Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисија за финансирање и буџет и Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија. Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе го разгледува Предлог на закон за изменување на Законот за упатување работници од Република Македонија во други држави за изведување на градежни работи преку проектни ...

Скопје, 3 јуни 2026 (МИА) – Првиот човек на Народната банка, Трајко Славески, упати повик за преиспитување на законски измени кои би ѝ овозможиле на централната банка да располага со алатки за поголема заштита на корисниците на платежни услуги и за намалување на одредени банкарски такси, следејќи го примерот на повеќе европски земји. На својот профил на платформата Икс, Славески истакна дека платежниот промет е услуга од секојдневна употреба ...

Зголемените геополитички напнатости на Блискиот Исток директно влијаат на повишувањето на цената за обезбедување хуманитарна поддршка. Ова денеска од Женева го потенцираше Жан-Седрик Меус, кој раководи со логистичкиот оддел во УНИЦЕФ, организацијата на Обединетите нации за деца. Меус истакна дека поради компликациите, многу бродови се принудени да прават значителни заобиколувања околу ‘ртот на Добрата Надеж. Овие алтернативни морски патишта ...

Американскиот технолошки гигант Мета вчера објави дека воведува поригорозни мерки за заштита на малолетниците на своите платформи Инстаграм, Фејсбук и Месинџер. Компанијата информира дека стандардните поставки за корисници под 18 години автоматски ќе го ограничуваат пристапот до содржини што се сметаат за несоодветни за нивната возраст. Овие одредби, кои првично беа применувани минатата година во САД, Обединетото Кралство, Австралија и ...

Слушнавме дека Предлог законот за заштита од пушење поминал серија консултации на извршната власт со еснафските здруженија и претставниците од тутунската индустрија за да постигнат компромис. За разлика од овој пристап, за Предлог законот за игри на среќа, извршната власт постапува обратно и ги игнорира засегнатите страни, иако станува збор за економски сектор кој вкупно гледано е најголем приватен работодавец во Македонија. За жал, никој од ...

Со одлука на Управниот одбор на Стопанската комора на Република Северна Македонија формиран е Совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Комората на чие чело на предлог на претседателот на Комората Бранко Азевски за Претседател е избран универзитетскиот професор Марјан Ѓуровски од Универзитетот „Св.Кирил и Методиј„-Скопје. За членови на Советот се избрани: проф. д-р Игор Неделковски, Ректор на Универзитетот ...

Компанијата „Ербас“, најголемиот светски производител на авиони, вчера објави дека првиот од 12 модифицирани авиони „А350“ нарачани од австралиската авиокомпанија „Квантас“ го заврши својот прв лет. „Квантас“ има намера да ги користи авионите на европскиот производител првенствено за да понуди директни екстра долги летови што го поврзуваат Сиднеј со Њујорк и Лондон. Ултра долгиот „А350-1000ULR“ полета за првпат од францускиот град Тулуз. ...

Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика оствари средба со претставници од Француската бизнис-конфедерација – МЕДЕФ. Во фокус на средбата беа транспортната инфраструктура (железници и патишта); енергетиката и обновливите извори на енергија; водата, животната средина и третманот со отпадот и отпадните води. Претседателот на Комисијата, Бојан Стојаноски, изрази особено задоволство што почитуваните гости доаѓаат од Франција ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп синоќа предложи воведување дополнителни царини од 10 или 12,5 проценти за увозот од 60 земји, вклучувајќи ја и ЕУ, со цел, како што велат, да се ограничи трговијата со принудна работа, што ѝ штети на американската трговија. Предлогот на Канцеларијата на американскиот трговски претставник (USTR) е дел од најновата истрага за нефер трговски практики, според Член 301, која беше објавена ...

Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците од Општина Бутел. -Без електрична енергија ќе останат – во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од ул. „Боца Иванова“, како и магацинот на ЕВН и објектот на автосервис „Дон“ (Општина Бутел), а во периодот од 10.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците „Душко Поповиќ“, „Томе Пуре“ и „Боца Иванова“ (Општина Бутел), соопшти РЦУК по добиено известување од ЕВН. Исто така, во ...

Јапонската Влада одобри дополнителен буџет во вредност од 3,1135 трилиони јени (околу 19 милијарди долари) за поддршка на домаќинствата погодени од растот на трошоците за живот предизвикан од војната во Иран. Одлуката беше донесена на денешната седница на Кабинетот, а владиниот портпарол, Минору Кихара, изјави дека мерката има цел да ги намали економските ризици поврзани со неизвесната состојба на Блискиот Исток. – Со оглед на продолжената ...

По жестоките критики во изминатиот период администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се откажа од плановите за формирање на контроверзниот фонд за компензација за наводните жртви на правосудниот систем, јавува ДПА. „Не продолжуваме со фондот“, им рече вчера вршителот на должноста државен обвинител Тод Бланш на американските конгресмени. Трамп се соочи со остри критики во врска со фондот за компензација, вклучително и од ...

Со двојна премиера на претставата „Оркестар титаник” од авторот Христо Бојчев, а во режија на Андреј Цветановски, Народниот театар од Охрид ќе прослави петнаесет години постоење како дел од Центарот за култура „Григор Прличев” – Охрид. Актери кои играат во претставата се: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Верица Недеска, Филип Кипровски и Томе Станковски. Костимите и сценографијата се на Сергеј Светозарев. За претставата и јубилејот, ...

Осум концерти во четири фестивалски вечери ќе понуди програмата на годинашниот 25. Оффест (OFFest), кој ќе се одржува од денеска до 6 јуни. Организаторот, Скопски џез фестивал, најави богата програма со учесници од 12 земји, со посебен акцент на континентот Африка. Директорот Оливер Белопета на прес-конференцијата во пресрет на фестивалот, соопшти дека се држеле до стандардната концепција и сите изведувачи доаѓаат со специјални проекти. Иако ...

Претставата која ја освои публиката и жирито на 33. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ и беше избрана за најдобра претстава на истиот, „Ричард трети“, од Вилијам Шескпир во режија на Мартин Мирчевски, ќе биде дел од фестивалот „Бабелфаст“ во Трговиште, Романија , каде Народниот театар од Битола ќе настапи на 07.06.2026 година. Главните прашања во оваа претстава се: Зошто имаме потреба да се самоуништуваме ние ...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска испрати силна порака за потребата од поинтензивна регионална соработка во справувањето со климатските предизвици, обраќајќи се на министерскиот панел „Пат кон COP31: Министерски дијалог Западен Балкан-Турција“, одржан во рамки на Македонскиот енергетски форум (МЕФ) 2026. На панелот, коорганизиран од Министерството за животна средина и просторно планирање, на кој ...

Франкфурт, 2 јуни 2026 (МИА) – Светската позиција на еврото бележи пораст изминатата година, според најновиот преглед за европската заедничка валута што денеска го објави Европската централна банка (ЕЦБ). „Генерално, земајќи ги предвид широк спектар на мерила, меѓународната улога на еврото забележа умерен напредок во 2025 година“, се наведува во соопштението, при што се додава дека еврото останало втора најзначајна валута во меѓународниот ...

Индустриското производство забележа пораст од 7,6% во април оваа година во споредба со истиот месец лани, информира Државниот завод за статистика. Посебно, производството во секторот Рударство и вадење камен порасна за 4,3% во април 2026 година во однос на април 2025 година. Секторот Преработувачка индустрија покажа раст од 6,8%, додека секторот за Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација забележа значителен пораст од ...

„Чест ми е што денес заедно покажуваме дека преку меѓународните партнерства и со примена на науката можеме да изградиме поотпорно, поконкурентно и поодржливо земјоделство. Овие напори се во согласност со националните стратешки документи, вклучително и Стратегијата за паметна специјализација, реформската агенда, како и националните стратегии за климатските промени. Особено значаен правец е развојот на паметно и одржливо земјоделство базирано ...

Скопје, 2 јуни 2026 (МИА) – Ниту една компанија нема право да нуди вработување со плата пониска од законски дефинираниот минималец, потенцира министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Тој најавува дека ќе бидат спроведени инспекции кај работодавачите, а доколку се потврди дека навистина се нудат работни места со примања под минималната, најавува воведување на казнени мерки. На прес-конференцијата, одржана по повод презентирањето на ...

Резултатите од Akuo EduLab, пилот-проект во кој беа вклучени повеќе од 400 ученици, десетици студенти и наставници, беа претставени на завршен настан одржан на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Проектот беше реализиран од Akuo, во партнерство со Еко Логик и Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, со поддршка на Амбасадата на Франција во Република Северна Македонија. Настан ...

На 18 јуни 2026 година (четврток), со почеток во 14 часот, во просториите на Народната банка ќе се одржи 58. сесија на Клубот на истражувачите. Доколку сакате да презентирате Ваш работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве покануваме да се пријавите со доставување на материјалот на е-адресата: [email protected], најдоцна до 10 јуни 2026 година (среда). Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
4.18
27%
1015
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
3.39
41%
1017
weather icon

Загреб

32ᴼ / 32ᴼ
1.29
44%
1016
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.33
36%
1016
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
2.88
26%
1015
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 31ᴼ
0.89
50%
1016
weather icon

Атина

33ᴼ / 30ᴼ
4.92
37%
1014
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
6.82
23%
1015
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
1.96
21%
1015
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 28ᴼ
3.58
43%
1015
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 31ᴼ
2.68
34%
1015
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 25ᴼ
6.36
78%
1015
Currency

61.6317

Currency

54.0748

Currency

72.2733

Currency

37.5845

Currency

38.1691

Currency

66.6382

Currency

7.96221

Currency

0.70373

Currency

0.3328

Currency

0.5253

Currency

1.14813

Currency

0.56395

Алуминиум

3.16

Родиум

262028.58

Кобалт

56.29

Бакар

12.60

Иридиум

247560.75

Платина

51216.14

Злато

128281.48

Рутениум

49029.89

Калај

52.80

Паладиум

39513.27

Цинк

0.00

Сребро

1844.33