
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Високи извршни директори, основачи и наследници ги продаваат акциите во компаниите што ги направија милијардери. За речиси целиот куп, цените на акциите се тргуваат блиску до највисокото ниво на сите времиња. Џеф Безос продаде акции на Амазон во вредност од 8,5 милијарди долари во повеќе трансакции овој месец. Во меѓувреме, Џејми Дајмон, извршен директор и претседател на JPMorgan Chase, продаде 150 милиони долари во акции минатата недела, што е ...
Европската централна банка (ЕЦБ) ќе продолжи да поставува „долна граница“ на пазарните каматни стапки во наредните години, но банките ќе играат поголема улога во одлучувањето колку ликвидност сакаат. ЕЦБ преиспитува како да управува со краткорочните каматни стапки во новата ера каде што инфлацијата е повисока, а огромната сума пари што се пумпа во банкарскиот систем преку програмите за стимулирање во изминатата деценија повеќе не е потребна, па ...
Согласно усвоената ревизија на Повеќегодишната финансиска рамка (МФФ) за периодот 2021-2027 година, Европската комисија предложи измени на Буџетот на ЕУ за 2024 година, со кои за Планот за раст за Западниот Балкан се предвидуваат 501 милион евра. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, изменетиот Буџет, кој е зголемен за над 5,8 милијарди евра, треба да и овозможи на ЕУ да продолжи со реализација на своите заеднички приоритети за оваа година ...
Пазарниот инспекторат од денеска со засилени контроли на терен. Ќе бара дали цените на производите ќе ја следат пазарната логика или трговците ќе стават нови со нереално високи бројки. Од денеска престанува мерката замрзнати цени која се однесуваше на дел од основните прехрамбени производи. Нејзино продолжување нема да има но затоа се очекува проблемот со енормно поскапување да се реши со Законот за нефер трговски практики кој пак се уште е ...
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја изврши исплатата на директните плаќања за регистрирани презимени пчелни семејства. -Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои поседуваат минимум 10 пчелни семејства и го одржувале бројот на пчелни семејства до 30 ноември 2023 година. По овој основ се исплатени 5.234 пчелари со вкупна финансиска поддршка од 157,3 милиони денари. Висината на финансиската ...
Ценовен шок или исти цени. Што да очекуваат граѓаните утре кога престанува да важи мерката гарантирани цени, никој не знае. Производителите на леб, млеко и млечни производи, како и месо и сувомеснати продукти најавија дека ќе доставуваат по исти цени. Сепак, продажната, ќе зависи од трговците, кои можат да ги зголемат маржите. Граѓаните велат дека и сегашните цени се превисоки, па ако поскапат, ќе нема кој да ги купи. Порастот на цените не го ...
Лоши прогнози за германската економија. Експертите предвидуваат дека компаниите планираат намален број вработувања, а не се исклучуваат ниту отпуштања. Последните податоци укажуваат на раст на невработеноста. Компаниите во Германија планираат помал број на вработувања поради актуелната лоша економска клима во земјата, соопшти водечкиот економски институт. Институтот ИФО во вторникот соопшти дека барометарот на вработување паднал на најниското ...
Граѓаните на Србија, Северна Македонија и Албанија, кои сакаат да се вработат во некоја од членките на Отворен Балкан или веќе нашле работодавач, треба да имаат матичен број за кој ќе можат електронски да се регистрираат во неколку чекори. Единствениот пазар на труд на Отворен Балкан, чии членки се Северна Македонија, Србија и Албанија, започнува утре, 1 март, што значи дека сите граѓани на овие држави со наједноставна процедура ќе можат да се ...
Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на пензиите за февруари од петок, 01.03.2024 година, соопшти Комерцијална Банка. Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од петок, 01.03.2024 година, и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа. Пензионерите кои не користат дебитна картичка, пензијата од 01.03.2024 година ќе може да ја ...
И официјално заврши откупот на тутун од ланската реколта. Откупени се нешто помалку од 15 000 тони по просечна цена од 353 денари за килограм. Според Државниот земјоделски инспекторат откупната кампања беше неочекувано турболентна. -Во оваа кампања се откупија речиси 15.000 тони тутун по просечна цена од 353 денари. До утре ќе ги знаеме и точните податоци, но откупот моментално се заокружува на нешто помалку од 15.000 тони. Почна подоцна, прво ...
Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари изнесува 5,55 проценти и е зголемена за 0,08 процентни поени на месечна и 0,57 процентни поени на годишна основа, објави Народната банка. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 1,72 проценти и на месечно ниво таа е намалена за 0,07 процентни поени, при годишен раст од 0,79 процентни поени. Кај новоодобрените кредити во јануари се забележа минимален месечен раст од 0,01 ...
Регулаторната комисија за енергетика донесе вонредна одлука за цената на парното греење во Скопје за деловните корисници со која таа се намалува за 35 отсто. Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, изјави дека цената на топлинската енергија за потрошувачите во град Скопје е намалена поради намалените трошоци за природен гас. „Ние ја следевме цената на берзите и имајќи предвид дека со претходната одлука одевме со повисоки цени, ова што е ...
Во ерата во која корпоративната одговорност е повеќе од филантропија, регионалната иницијатива на НЛБ Групацијата, „Рамка за помош“, е доказ за еволутивниот пристап на финансиските институции во поттикнување одржлив развој и социјална благосостојба. Оваа уникатна кампања на НЛБ е повик за акција за малите и средните претпријатија, индивидуалните трговци и приватните претприемачи да излезат со иновативни решенија за надминување одредени ...
Пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми, ја демантираше албанската опозициска коалиција „Вреди“, која денеска на прес-конференција во законодавниот дом ја обвини власта дека предлог-законот за игрите на среќа во членот 10 предвидува отстранување на објектите на обложувалниците, но не и на казината. Адеми вели интенцијата на ВМРО-ДПМНЕ и албанската опозиција е да не се донесе овој закон, за како што рече, да продолжи монополот на фирма која е основана на ...
Во четвртото тримесечје од 2023 година во споредба со третото тримесечје од 2023 година трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 3,2 отсто, трошоците за материјали се пониски за 1,5 отсто, а трошоците за вработените се повисоки за 11,2 процента. Како што соопшти Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2023 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2022 година, трошоците во ...
Гувернерката на Европската централна банка Кристин Лагард изјави дека инфлацијата во еврозоната ќе продолжи да забавува, но дека на неа и на нејзините колеги им требаат повеќе докази дека растот на цените се враќа на целта. Лагард им рече на пратениците на Европската унија во Стразбур дека притисоците врз платите остануваат силни и повтори дека платите веројатно ќе станат сè поважен двигател на динамиката на цените во наредните квартали. „Се ...
Пазарните и трудовите инспектори од задутре ќе бидат на терен и за секое евентуално зголемување на цени што излегува од секоја нормална пазарна логика соодветно ќе реагираме, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. На новинарско прашање како ќе се гарантира дека од задутре кога завршуваат владините мерки за цените на прехранбените производи тие нема да се зголемат драстично, Битиќи порача дека секое неетичко однесување ...
Министерството за образование и наука известува дека почнувајќи од следната седмица, секој студент кој го остварува правото на субвенциониран студентски оброк на својата трансакциска сметка… Наместо на дневна основа, од следниот понеделник паричните средства за субвенциониран студентски оброк, ќе се исплаќаат одеднаш за шест дена во неделата. Ова е предвидено со последните измени на Законот за субвенциониран студентски оброк, направени на ...
Земјоделците имаат право на субвенции и од програмата за финансирање на земјоделски производители на храна за 2024 година. Грантот се однесува за инвестиции во набавка на опрема и користење на услуги за развој на семејни бизниси. Висината на финансиската поддршка е до 600.000 денари по корисник за трошоци за набавка на опрема за производство, доработка и преработка на храна. Корисници на овие субвенции можат да бидат земјоделски стопанства ...
Bitcoin (BTC) се искачи над 57.000 долари во вторникот, доведувајќи го на неверојатно растојание од неговиот историски максимум, бидејќи ентузијазмот за најголемата криптовалута во светот достигна нивоа последен пат забележани во 2021 година. Цената на најважната криптовалута сега е зголемена за цели 10 отсто неделно и 35 отсто од почетокот на оваа година, најмногу поради возбудата предизвикана од серијата фондови со кои се тргува на размена на ...
Постои изрека за тоа како Федералните резерви управуваат со каматните стапки – „го креваат ескалаторот нагоре, а лифтот надолу“. Овојпат работите најверојатно ќе се случат обратно, разочарувајќи ги инвеститорите кои се обложуваат на побрз пад, пишува „Bloomberg“. Постои изрека за тоа како Федералните резерви управуваат со каматните стапки – „го креваат ескалаторот нагоре, а лифтот надолу“. Овојпат работите најверојатно ќе се случат обратно, ...
Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за финансирање и буџет, на која треба да се дискутира по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за платежни услуги и платни системи, по скратена постапка. Како што стои во образложението објавена на собраниската веб-страница, основната цел на предложените измени е усогласување на Законот за платежни услуги и платни системи со Предлог измените на Законот за Народната банка на ...
На европските берзи се тргуваше претпазливо во средата претпалднето, при што берзанските индекси стагнираат бидејќи инвеститорите не сакаат да преземаат премногу ризик додека ги чекаат извештаите за инфлацијата од САД и еврозоната. На европските берзи се тргуваше претпазливо во средата претпалднето, при што берзанските индекси стагнираат бидејќи инвеститорите не сакаат да преземаат премногу ризик додека ги чекаат извештаите за инфлацијата од ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска ја реализираше исплатата за секторите живинарство и свињарство. Кон 36 земјоделски стопанства, кои одгледале или продале/заклале амортизирани несилки во период од 1 октомври 2022 година, до 30 септември 2023 година исплатена е финансиска поддршка од 82 милиони денари. Кај оваа ...
Европската комисијата денеска предложи усвојување на Препорака до земјите членки на ЕУ со која се бара да продолжат да преземаат мерки за намалување на потрошувачката на гас на ниво за 15 отсто под просечното трошење во периодот помеѓу април 2017 и март 2022 година. Според податоците на ЕК, во периодот од август 2022 година до декември 2023 година ЕУ ја намалила потрошувачката на гас за 18 проценти во споредба со претходниот период, ...
Година по завршувањето на најголемиот светски експеримент со четиридневната работна недела, огромното мнозинство компании кои учествуваа сè уште им дозволуваат на своите вработени да работат со намалена работна недела, а повеќе од половина од нив целосно се префрлија на новиот начин на работа. Од јуни до декември 2022 година, работниците во 61 компанија во Обединетото Кралство работеле 80% од нивните вообичаени часови за иста плата. Во замена, ...
Германските компании долго ги одложуваа промените, а сега најавија дека ќе отпуштат повеќе од 10.000 работници, јавува Анадолија, пренесува Ал Џезира Балканс. Големите германски компании, лидери во автомобилската, хемиската, механичката, фармацевтската и информатичката индустрија, ќе отпуштат повеќе од 10.000 работници, вклучително и високообразовани работници. Причината се итните промени што ги одложуваат, а кои сега се принудени да ги ...
Според прелиминарните проценки, во декември 2023 година, во Еврозоната е забележан трговски суфицит од 16,8 милијарди евра, објави „Еуростат“. Во овој период била извезена роба во вредност од 218,7 милијарди евра, или за 8,8 отсто помалку отколку во истиот период 2022 година. Извозот на горива ,меѓугодишно бил намален за 25,4 отсто, суровините за 11,4 отсто, индустриските производи за 9 отсто, машините и транспортната опрема за 7,6 отсто. ...
Авиобилетите во летните месеци во Европа најверојатно ќе поскапат и оваа година, според Рајанери до 10%, а причината се проблемите со авионите „боинг“ и „ербас“, пренесува БНР. Зголемувањето ќе дојде по наглиот раст на цената на летовите за одмор од пандемијата минатата година, кога големата побарувачка го надмина ограничениот капацитет на европските авиокомпании. Главниот извршен директор на ирската нискобуџетна авиокомпанија, Мајкл О’Лири, ...
Просечната нето плата во Србија во декември 2023 година изнесува 95.093 динари(810 евра), додека просечната бруто-плата 130.405 динари(1112 евра), објави денеска Републичкиот завод за статистика на Србија(РЖС). Медијалната нето заработка за декември 2023 година изнесува 69.842 динари, што значи дека 50 отсто од вработените оствариле заработка до тој износ. Просечните бруто-плати номинално се повисоки за 13,1 отсто во однос на истиот месец од ...