На Меѓународниот ден на потрошувачите, купувачите се жалат дека цените на пазарот се менуваат секој пат кога наближуваат празниците, а според нив државата не ги заштитува ни кога има континуирано зголемување на цената на прехранбените производи. Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека треба да се зголемат капацитетите на инспекциските институции во земјава со единствена цел примена на законските решенија со кои се заштитуваат ...

Сериозни се количествата што ги увезуваме. Македонија годишно увезува повеќе од 100 илјади тони пченица и дополнително 40-50 илјади тони брашно. Ако се знае дека потребите се над 300 илјади тони, значи дека половината од она што е потребно за задоволување на пазарот се увезува. Упорно продолжува тенденцијата за намалување на домашното производство на пченица Иако пченицата е нашиот стратегиски производ и нашата земја се декларира за ...

На европските берзи се тргува претпазливо во петокот претпладнето, бидејќи посилниот од очекуваниот пораст на цените на производителите во САД фрли сомнеж врз пазарните проценки за тоа кога американската централна банка ќе почне да ги намалува каматните стапки. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во првиот дневен пресек од тргувањето беше речиси непроменет во однос на вчерашниот ден. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за ...

Анкетата спроведена од Светската банка покажува дека Народната банка ужива највисока доверба кај јавноста помеѓу домашните институции во земјава. Довербата во Народната банка во изминатите четири години, и покрај постојаните шокови, е уште повеќе зголемена. Ова е резултат на прудентната монетарна политика којашто беше насочена кон одржување стабилни инфлациски очекувања и стабилен курс на денарот. Зголемената транспарентност и комуникација ...

Европската централна банка (ЕЦБ) сака да ги одвикне банките да чуваат премногу готовина, но ќе се обиде да го стори тоа внимателно за да не го наруши финансискиот систем или кредитирањето, покажува прегледот на оперативната рамка на банката. За една деценија на ниска инфлација и ултра ниски каматни стапки, ЕЦБ ги преплави банките со готовина преку масовно купување обврзници за да ги охрабри да позајмуваат и да го поттикне растот на цените. Ова ...

Во просториите на Универзитетот „Св.Апостол Павле“ во Охрид денеска Здружението на граѓани ЦЕФЕ Македонија ќе спроведе натпревар во финансиска писменост за млади и завршна конференција. Натпреварот е во рамки на проектот „Финансиска писменост за млади претприемачи – ФинЈес“, поддржан и кофинансиран од Американската амбасада во Скопје. Целта на конференцијата е промоција на резултатите од проектот, а на истата ќе се понудат предлози за натамошно ...

Со мали флуктуации, пазарот на крипто се зголеми за уште 0,5 отсто во последните 24 часа до вредност од 2,75 трилиони долари. Со мали флуктуации, пазарот на крипто се зголеми за уште 0,5 отсто во последните 24 часа до вредност од 2,75 трилиони долари. Биткоинот најпрво накратко се проби над 73.000 долари, предизвикувајќи лавина од нарачки за стоп-трговија што ја намалија неговата цена за 6,5 отсто во следните три часа на 68.600 долари. После ...

Како што се тврди во најновата Систематска дијагностика на земјата Северна Македонија за 2023 година, придвижувањето од статус на земја со среден доход кон статус на земја со висок доход ќе бара зајакнување на продуктивноста, инклузијата и одржливоста, намалувајќи ја истовремено зависноста од фосилни горива и енергетскиот интензитет, и сето тоа во услови на стеснет фискален простор, зголемени трошоци за капитал и постојана глобална економска ...

Европската комисија денеска започна формална постапка со цел да утврди дали компанијата „АлиЕкспрес“ го прекршила Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА) во делот на управувањето и ублажувањето на ризиците, карактерот на објавените содржини, внатрешниот механизам за жалби, транспарентноста на рекламирањето и пристапот до податоци. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ЕК реши да започне постапка против „АлиЕкспрес“ врз основа на претходно ...

Поранешниот министер за финансии на САД, Стивен Мнучин денеска изјави дека составува тим инвеститори за да го купи ТикТок од кинеските сопственици. Претставничкиот дом на САД со големо мнозинство вчера одобри нацрт-закон што ќе го принуди ТикТок да се откаже од својата матична компанија или ќе се соочи со забрана на национално ниво. Мнучин рече дека силно го поддржува нацрт-законот, кој сега мора да оди на одобрување во Сенатот. Американскиот ...

Новиот модел за субвенционирање успешно стартуваше во 2023 година и веќе ги дава првите резултати. Земјоделците своите заслужени субвенции ги добиваат навремено и брзо. Модел за субвенционирање граден заедно со земјоделците уште во 2022 година. Прифатен од сите земјоделци, а потврден од подсекторските групи и Агро Советот, како највисоко тело во земјоделството. Токму во 2022 година, кон овоштарите, за прв пат беше реализирана и првата авансна ...

Неколку измамници кои нудат непостоечки или туѓи станови во Грција во моментов ги следат жртвите на социјалните мрежи. Земаат депозит од 100 до дури 500 евра, а потоа повеќе не се јавуваат, предупредува порталот „Грчка инфо“. Измамените граѓани тешко можат да си ги вратат парите што ги платиле, велат во Јута и посочуваат дека измама не се случува само со евтини туку и со скапи аранжмани. Во врска со најновите измами на социјалните мрежи со ...

За многу брзо време на пазарите но и низ маркетите ќе видиме нови цени на бананите. Како што пренесува порталот „Денар“ новата цена се очекува да надмине 100 денари за килограм и е драстично повисока од постоечката која изнесува 75 денари. Пазараџијата Горан Илиевски изјави во разговор за Денар дека е во дилема дали воопшто да купува банани за да ги препродава по висока цена или воопшто да не нуди банани на тезгата. „Добивме информација дека ...

Цените на бакарот скокнаа на највисокото ниво во последните 11 месеци откако кинеските топилници што преработуваат половина од светскиот ископан бакар, се согласија заеднички да го намалат производството. Референтните тримесечни договори за бакар на Лондонската берза за метали (LME) достигнаа 8.799 долари за метрички тон, највисоко од февруари 2023 година. Бакарот за испорака во мај поскапи на пазарот „Comex“ во Њујорк, достигнувајќи 4,06 ...

Во Собранието усвоен е Законот за гаранција на РС Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за регионална гасификација, кој ќе се склучи меѓу АД НОМАГАС и Европската банка за обнова и развој. Државата ја заокружи финансиската конструкција за реализација на проектот за изградба на гасен интерконектор со Грција со обезбедување 98,6 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Денеска во Собранието беше ...

Во дворот на ООУ „Братство Единство“ во Охрид, вчера беше пуштено во употреба новото детско катче, опремено со современи, еко детски реквизити и зеленило, како донација од Халкбанк. Новото ХалкЕко катче, што ќе придонесе за подобри услови за забава за најмладите ученици, е дел од активностите од платформата ХалкЕко која Халкбанк ја реализира заедно со Мастеркард, а чија цел е заштита и унапредување на животната средина, создавање здрави животни ...

Законот за нефер трговски практики вчера помина на собраниска седница. Неговата примена се очекува да влијае врз намалувањето на цените на земјоделските и прехранбените производи. Во него се наведени 26 нефер трговски практики кои ќе се уредуваат, а надоместоците кои сега се наплаќаат во договорниот однос меѓу купувач и добавувач и кои влијаат на малопродажната цена на штета на потрошувачите, како што вчера појаснија од Министерството за ...

Германската компанија „НЕкст е.го“ која требаше да изгради фабрика во Тетово за производство на електрични автомобили и која беше најавена како инвестиција на семејството Дестани, поднесе барање за стечај. Компанијата соопшти дека одлуката да поднесе барање за стечај е донесена „наспроти неодамнешните негативни случувања и предизвици“ во индустријата за електрични автомобили и „нестабилноста на пазарите на капитал“.Компанијата како причина го ...

Склучување договори без претходно објавен оглас за набавка, намален број на понуди, ниска конкуренција, голем број поништени тендери се уште се дел од јавните набавки во земјава, покажува извештајот на Центарот за граѓански комуникации. Според податоците, Министерството за внатрешни работи склучило 11 договори преку постапката со преговарање без објавување оглас, во вкупна вредност од 96.885.148 денари (1,6 милиони евра). Во извештајот се ...

Интегрален текст од соопштение за јавност на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство: Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на овци, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за одгледувачите на овци. Како корисници на оваа финансиска поддршка се јавуват земјоделските ...

Најдобра инвестиција во моментов во Србија е вложувањето во недвижности. Во последните две години, овие недвижности се купувани од луѓето од Србија и од опкружувањето. Според директорот за продажба во Белград на вода, Милован Савиќ, најчесто тоа се српски бизнисмени, српски деловни луѓе, вработени во индустриите, ИТ, кој било што заработува доволно пари и што има визија дека најдобра инвестиција во Србија моментално е вложувањето во ...

Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка вчерашната седница оцени дека каматната стапка на благајничките записи треба да биде задржана на нивото од 6,30%, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20% и 4,25%, соодветно, соопшти НБ. На седницата на Комитетот е оценето дека тековнaта поставеност на монетарната политика е соодветна на условите во економијата. Понудата на благајнички записи на ...

Справувањето со недостигот на работна сила на Западниот Балкан бара рационален и храбар пристап. Треба прво да видиме што може да се направи во регионот со постоечките ресурси, а не да одиме во потрага по работна сила. Потребено ни е преструктурирање на економијата, инвестирање во технологија и индустрии кои носат поголема додадена вредност и подобро платени работни места,“ истакнал Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ на Балканскиот форум кој ...

Какаото моментално се тргува по рекордни цени на светскиот пазар. Климатските промени се главната причина за кризата бидејќи значително ја погодуваат Западна Африка, каде што се одгледува мнозинството од какао во светот. На цената на суровината влијаат новите регулативи на ЕУ. Ова го коментира Марк Доналдсон, основач на „Cocoa2Chocolate“, во интервју за „Bloomberg“. Светот е во својата трета година од недостигот на снабдување од околу 200.000 ...

Цените на биткоинот вчера достигнаа ново највисоко ниво на сите времиња, преминувајќи ја границата од 72.200 долари. Ова се случи откако британскиот финансиски регулатор одлучи да дозволи тамошните размени за тргување со производи поврзани со криптовалути за прв пат. Што ќе се случи понатаму со биткоинот, дали ќе продолжи да расте или повторно да паѓа, дали сега е вистинско време да се вклучите во вакви дигитални инвестиции, сето тоа се прашања ...

Новиот предлог закон за виното го помина првото читање во Собранието. Во него, за прв пат производствената цена на винското грозје ќе се дефинира, најдоцна до 15 -ти јули во тековната година и тоа за најмалку две најзастапени сорти. Во новиот закон за вино за прв пат ќе се дефинира цената на винското грозје. Постапката ќе биде со методологија што ќе ја утврдува Министерството заедно со високонаучна установа. Најдоцна до 15 јули во тековната ...

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека освен слабиот економски раст и другите параметри се за никаде. Имаме пад од 17 отсто на бруто-инвестициите, огромен буџетски дефицит од 4,9 отсто од БДП и јавниот долг кој изнесува 62,1 отсто од БДП. Прашуваат за што ги потрошија парите на граѓаните и бизнисите и бараат одговори и одговорности. Македонија со економски раст од само 1 отсто повторно е на дното во регионот. Земјите од регионот имаат далеку повисоки ...

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,267 ден/кг и сега ќе изнесува 44,019 ден/кг. Од 12.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените ...

Пратениците во комисиите за надворешни работи и буџет на Европскиот парламент го усвоија својот став за Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, кој на регионот му нуди дополнителна финансиска помош од шест милијарди евра во периодот од 2024 до 2027 година. На седницата на двете комисии беше усвоена и одлуката за влегување во меѓуинституционални преговори со Советот на Европската унија, а претседателот на Комисијата за надворешни ...

Во текот на минатата, 2023 година во државата се затворени 4.330 фирми, покажува анализата на порталот „Пари“. Оваа бројка, сепак е во намалување, особено ако се спореди со 2021 кога биле затворени 6.993 и 2022 година кога престанале да работат 6.857 фирми. Меѓу згаснатите доминантно е учеството на трговските фирми, затоа што се смета дека таа дејност овозможува солидна и брза заработка. Во Скопје во 2023 година се затворени 1.440 фирми. ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
43%
1021
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
1.54
59%
1021
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.0
72%
1020
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
77%
1021
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
1.83
66%
1019
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.51
81%
1021
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
2.24
48%
1015
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
68%
1017
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
53%
1018
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
79%
1019
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
1.79
54%
1020
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
77%
1018
Currency

61.535

Currency

53.2474

Currency

72.2284

Currency

34.5295

Currency

39.1925

Currency

65.588

Currency

7.42289

Currency

0.66745

Currency

0.36942

Currency

0.52463

Currency

1.35117

Currency

0.61735

Алуминиум

2.50

Кобалт

42.99

Никел

14970.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.63

Сребро

1167.64

Злато

110378.60

Бакар

9.55

Паладиум

33050.97

Платина

38665.45

Родиум

177632.87

Цинк

2.56