Инфлацијата во САД неочекувано се искачи на 3,2 отсто во февруари, иако економистите предвидуваа дека годишниот раст на цените ќе биде непроменет од јануарската стапка од 3,1 отсто. Податоците за инфлацијата на потрошувачките цени се очекува да имаат важна улога следната недела на состанокот на американската централна банка (ФЕД), кога треба да се одлучи за евентуално намалување на каматните стапки од повеќедеценискиот максимум од 5,25-5,50 ...

Две милијарди денари за над 15.000 невработени лица се предвидени со годинашниот Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот. Како што беше речено на денешната промоција под мотото „Шанса за сите“, поддршката за отворање сопствен бизнис, како една од најбараните во Оперативниот план, ќе опфати околу 2.000 лица. Во Оперативниот план се содржани и мерки за креирање нови работни места во микро, малите ...

За 2,6% е зголемен бројот на работници во индустријата, ама затоа без работа останале дури 10,4% од вработените во текстилната индустрија… Македонија се соочува со сериозен недостиг на работна сила, особено во одредени сектори, како туристичкиот, градежниот, а како последно најмногу во текстилната индустрија. Па така, за 2,6% е зголемен бројот на работници во индустријата, ама затоа без работа останале дури 10,4% од вработените во текстилната ...

Расте минималната плата, расте просечната плата, растат пензиите. Тоа е резултат на системското решение што го воспоставивме и кое за две години обезбеди раст на пензиите за 30%, минималната плата од 15.000 пред 2 години сега ќе достигне 22.500 денари и има раст од над 50%, расте и просечната плата и таа достигна во декември 2023 година 40.000 денари и има 33% натфрлање од она што беше ветување за достигнување просечна плата од 500 евра. Ова го ...

Државниот завод за статистика ги објави податоците за бруто домашниот производ за 2023 година и резултатите се катастрофални, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение следува интегрален текст од партиското соопштение: Владата на СДС/ДУИ во 2023 година: -Оствари само 1% економски раст, а планираа од 2,9%. Три пати понизок. Црна Гора (6,6%), Албанија (3,5%), Хрватска (2,8%) и Србија (2,5%) забележаа значајно повисоки стапки на економски раст. ...

Проблемот со сивата економија е далеку поголем од она што во јавноста се претставува. Полека на виделина излегуваат сите проблеми со кои се соочува државата борејќи се со непочитувачите на законите. Стопанството ја губи битката со нелојалната конкуренција, а несовесните бизнисмени се богатат на грбот на целото општество. Податоците до кои дојде Денар се поразителни во однос на моралните и етичките врдности на денешните стопанственици. Секоја ...

Петокот беше осмиот последователен ден во кој се случуваше пораст на цените на златото на светските пазари, покажувајќи силен нагорен моментум, но сигнализирајќи можен привремен врв и повлекување. Во секој од тие денови имаше дневно затворање над максимумот од претходниот ден. Тоа е еден знак за силен нагорен моментум. Нагорниот тренд беше јасен и продолжи денеска со златото достигна највисоко ниво од 2.195 пред да се повлече. Сепак, трендовите ...

Го испорачавме и го надминавме нашето ветување за просечна плата. Во новата програма за новиот мандат на СДСМ, нашето изборно ветување е просечна плата од 1.000 евра и минимална плата од 600 евра а ќе ги зголемиме и пензиите, порача вчера од Струмица претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. -Просечната пензија денес е за 6.400 денари поголема во однос на 2016 година. Пензионерите заслужуваат вреднување на својот минат труди и да имаат ...

Откако долго време беа исмејувани од криптоевангелистите како уште поголема возбуда, предвидувањата за биткоин од 100.000 долари почнуваат да изгледаат како реална можност на пазарот на опции. Врвната криптовалута се искачи на уште едно највисоко ниво на сите времиња од повеќе од 70.000 долари во петокот, ограничувајќи ја седумнеделната серија од над 70% добивки. На пазарот на опции, отворениот интерес или бројот на неплатени договори за “call” ...

Потрошувачите би можеле да се соочат со недостиг на кафе и повисоки цени од следната година, предупреди германската индустриска групација, укажувајќи на новите регулативи. Компаниите немаат доволно време да ја спроведат регулативата на ЕУ предложена во ноември 2021 година и усвоена пред околу една година, велат од асоцијацијата. Германската групација се повикува на регулативата на ЕУ за синџири на снабдување без уништување на шумите, која стапи ...

Вработените во Народната банка организираа хуманитарна акција, преку која изразија поддршка за борбата против семејното насилство. Донацијата на вработените за „Кризниот центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“, кој 20 години нуди поддршка и помош на жените кои поминуваат низ тешки животни искуства, ја врачија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерката Ана Митреска и претставници на ...

По повод Меѓународниот ден на жената, MINT Fintech Group ги истакнa извонредните жени на оваа групација, кои се на раководни позиции и кои ги поттикнуваат иновациите и лидерството во нивните компании од групацијата. „Ние го славиме секој ден од 365 денови во годината на признавањето на клучните придонеси на нашите женски лидери кои не само што ја унапредуваат Fintech индустријата , туку и се залагаат за родова еднаквост во деловниот свет, ...

Повеќе од 81 милион евра е најновото задолжување на државата на домашен терен. Од денес на Берзата котираат две нови обврзници вредни 24,2 и 57,3 милиони евра. Едната е петгодишна, другата 15-годишна. „Ве известуваме дека согласно поднесено барање од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од 08.03.2024 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе ...

Шефот на делегацијата на Европската унија (ЕУ), Емануел Џофре, изјави дека српската економија покажала издржливост во последните години, низ неколку кризи, и сега е на 44 отсто од просекот на ЕУ, но дека со правилни реформи може го удвои нејзиниот раст во следната деценија. Џофре рече дека на Србија и треба побрз раст и поврзување со ЕУ за да го забрза пристапот кон Унијата. Потребна е политичка волја и визија, рече Џофре, како и исполнување на ...

Пластичните пакувања за еднократна употреба за пакување свежо овошје и зеленчук, мини хотелската козметика и амбалажата за брза храна во рестораните ширум Европа наскоро ќе бидат забранети. Оваа новина следува откако беше постигнат договор за поодржливо пакување на секојдневните предмети. Договорот кој беше постигнат значително помалку амбициозен во споредба со оригинално предложениот. Новиот законодавен акт има за цел соочување со ...

Биткоинот рано утрово достигна рекордна вредност поставена во 2021 година, зборуваат најновите податоци. Денеска тој надмина 68.791 американски долари. На 28 февруари, биткоинот за прв пат во две години достигна цена повисока од 60 илјади американски долари, а вредноста на криптовалутата порасна за повеќе од 40 отсто во текот на изминатиот месец. Претходниот рекорд беше 68.789 американски долари и беше постигнат на 10 ноември 2021 година. ...

Во февруари забележан е меѓумесечен пад на цените на сите главни жита и растителни масла, што повеќе од надомести за поскапувањето на млечните производи, месото и шеќерот. Индексот на светските цени на храната за февруари падна од јануарските 118,2 поени на 117,3 поени, продолжувајќи го падот на светските цени на храната што започна во август 2023 година, се наведува на веб-страницата на ФАО. Вредноста на овој индекс е 10,5 отсто или за 13,8 ...

Објавен е нов јавен повик објавен од страна на Фонд за иновации и технолошки развој ФИТР Стартапувај #6, наменет за поддршка на стартап еко систем во нашата земја. Целта е да се поттикне иновативноста кај новооснованите компании преку обезбедување на неопходната финансиска поддршка за активности поврзани за истражување и развој. Поддршката преку овој повик е наменета за проекти кои имаат најмалку „потврден концепт” и јасна амбиција на ...

Агенцијата за поддршка на претприемништвото на РСМ – АППРСМ објавува Јавен повик за спроведување на бесплатни стандардизирани менторски услуги во мали и средни претпријатија (МСП). Целта на менторските услуги е обезбедување на навремена поддршка на претпријатијата во клучен момент за нивниот понатамошен развој, по методологија развиена и применувана во Јапонија. Корисниците на менторските услуги заедно со менторот ќе работат на анализа на ...

Женското претприемаштво игра значајна улога во отворањето работни места и придвижувањето на економскиот раст. Народната банка ќе го предводи и ќе го координира спроведувањето на проектот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во земјава, насочен кон поддршка на женското претприемаштво и финансиската вклученост на жените претприемачи, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за агенцијата „Марили“. ...

Цените на земјоделските производи последниве години постојано растат. Тоа го забележуваат граѓаните, кои мораат да плаќаат и над 100 денари за килограм пиперки, домати, краставици… Велат, како си дозволивме да дојдеме до оваа дереџе од изобилство на пиперки и домати да немаме доволно за јадење и да ги плаќаме скапо. Земјоделските експерти велат дека сме го уништиле македонското земјоделство, од извозници сме станале увозници и дека наместо ...

Европската централна банка (ЕЦБ) ги потврди каматните стапки во еврозоната на сегашното ниво, истакнувајќи го ублажувањето на инфлацијата, но и „слабата“ економија во услови на „рестриктивни“ услови за финансирање што ја ограничи потрошувачката на граѓаните и компаниите. Тие ја потврдија каматната стапка за рефинансирање на банките од 4,5 отсто и каматната стапка на банкарските депозити преку ноќ од 4,0 отсто. Комерцијалните банки ќе продолжат ...

ПроКредит Банка АД Скопје изврши зголемување на капиталот на банката за дополнителни 6.000.000 евра. Врз основа на Решението на Комисијата за хартии од вредност Број УП1 10-7 од 01.03.2024 година, одобрена е седмата емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда. Со тоа, ПроКредит Банка А.Д. Скопје изврши зголемување на основната главнина со издавање на 1.200.000 обични акции со номинална и продажна вредност од 5 евра по акција, во ...

Вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Битиќи на својот Фејсбук профил објави податоци за државната помош кон компаниите во изминатите години. „Инвестираме во нашата иднина: Домашните компании го добија заслуженото место! Денеска со гордост стоиме зад нашето ветување дека ќе им дадеме приоритет на домашните компании, инвестирајќи околу 100 милиони евра во нивниот потенцијал, секогаш создавајќи еднакви услови за сите. Резултатите зборуваат ...

Цените на златото се искачија на ново рекордно високо ниво под влијание на знаците за слабеење на американската економија и сигналите на претседателот на американската централна банка дека може да ги намалат каматните стапки во наредните месеци. Цената на унца злато на физичкиот пазар во Лондон порасна во утринската трговија за 0,3 отсто во однос на вчерашното затворање и изнесува 2.155,42 долари. Накратко го допре највисокото ниво од почетокот ...

Европската комисија тврди дека има докази дека кинеската Влада субвенционира електрични возила што се извезуваат во Европа, па сега намерата е да му стави крај на сѐ тоа со воведување дополнителни царини за увозот на кинески автомобили. ЕК лани есента отвори истрага за нефер увоз на автомобили од Кина, тврдејќи дека тамошните власти го помагаат извозот преку различни потфати под сомнителни околности. Претстојните привремени царински стапки, ЕК ...

Акциите од четири банки се на берзанската листа која го бележи највисокиот месечен раст на вредноста на акциите. Една по друга се поредени УНИ, Комерцијална, НЛБ и ТТК банка. Што укажува дека банките, односно нивните акции го привлекуваат најголемото внимание на инвеститорите. На првата позиција е акцијата на УНИ банка со најголемо поместување од 12,15 проценти. На последниот ден од февруари просечната цена е 7.100 денари, за разлика од ...

По еднонеделен мирен предупредувачки протест околу 2 000 вработени во 30-тина подружници на Национални шуми во земјава од денеска (7 март) стапија во штрајк со барање до раководниот тим на Јавното претпријатие да ја исплати јануарската, како и феврурската плата за која рокот е до 15- ти март, како и исплата на сите додатоци од работа. Ваквата одлука за стапување во штрајк пред три дена ја донеле сите вработени во Национални шуми со барање за ...

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во четвртото тримесечје од 2023 година е 0,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Во четвртиот квартал лани поголем пораст е забележан во секторите: Градежништво од 5,5 проценти и Финансиски дејности и дејности на осигурување од 3, 5 проценти. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото ...

Според податоците објавени од Народната банка за банкарскиот сектор за 2023 година, македонските граѓани должат 244 милијарди 790 милиони денари или 3,97 милијарди евра на македонските банки или за 14,6 милијарди денари повеќе во однос на 2022 година. Најголемиот износ македонските граѓани го должат по основ на потрошувачки кредити 122 милијарди 700 милиони денари или 1,99 милијарди евра. Потоа следуваат станбените кредити со износ од 83,17 ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
30%
1019
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
2.06
39%
1020
weather icon

Загреб

29ᴼ / 27ᴼ
2.06
40%
1020
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
35%
1020
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.65
44%
1019
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
0.51
53%
1019
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
4.92
38%
1017
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
1.54
30%
1017
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
32%
1018
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
2.24
36%
1019
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
3.58
37%
1020
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
4.12
68%
1018
Currency

61.53

Currency

53.2474

Currency

72.3797

Currency

34.5194

Currency

39.181

Currency

65.5689

Currency

7.42072

Currency

0.66726

Currency

0.36931

Currency

0.52486

Currency

1.35078

Currency

0.61717

Алуминиум

2.50

Кобалт

42.99

Никел

14970.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.63

Сребро

1167.64

Злато

110378.60

Бакар

9.55

Паладиум

33050.97

Платина

38665.45

Родиум

177632.87

Цинк

2.56