
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



MINT FinTech Group- овогодинешниoт сребрен партнер на Ecommerce Awards – e сеопфатен финансиско технолошки центар, кој се разгранува во различни домени како дигитални плаќања, кредитирање, кредитни картици, инвестициски решенија, осигурителни услуги и финтек инкубатор за новите стартапи. Преку подбрендовите mintcredit, mintins и mintpay имплементираат најсовремени решенија за кредитирање, платформи за инвестирање и развиваат нови технолошки ...
Според Предлог-одлуката за употреба и распоредување на нераспределената добивка за 31.12.2023 година, Комерцијална банка АД Скопје планира да подели по 910 денари бруто дивиденда за 1 обична акција. Акционерите на банката ќе земат нето дивиденда на износ од 819 денари или 4,90 отсто во однос на пазарната цена на акцијата. Собранието на акционерите на Комерцијална банка АД Скопје е закажано за на 27.03.2024 година, а датумот на евиденција според ...
Инфлациските трендови во регионот и во земјата се позитивни, но потребна е претпазливост. Инфлациските трендови се позитивни. Инфлацијата во регионот на Централна и Источна Европа, како и во земјава, се намали на едноцифрени стапки, како резултат на водењето затегната монетарна политика од страна на централните банки и стабилизирање на светските цени на примарните производи. Исто така, инфлациските очекувања и натаму се релативно закотвени, ...
Централната банка на земјите на ЕУ од еврозоната ја објави својата прва годишна загуба од 2004 година, што се должи на големите исплати поради повисоките каматни стапки. Европската централна банка призна загуби од 1,3 милијарди евра (1,4 милијарди долари), што ќе беше повеќе доколку банката не ослободи 6,6 милијарди евра – целата резерва за финансиски ризици, акумулирана во текот на неколку години. Нето каматната загуба е 7,19 милијарди евра во ...
Сончогледот кој се користи за производство на масло за јадење е се уште луксузен производ и четири месеци откако за ова реагираа и земјоделците и откупувачите. Ставката од 10 отсто за ДДВ го прави овој производ скап. оради тоа, велешки Кристал, кој е едиствениот откупувач во земјава, на земјоделците не може да им понуди повисока цена, оти нивото масло ќе стане неконкурентно. Земјоделците пак, се жалат дека поради тоа, нивната работа станува ...
Пред некој ден излезе некакво си соопштение некаде дека нашата Народна Банка одлучила да набави, а воедно и склучила договор за да нарача ковани пари во апоенска структура од 1 денар. И тоа ни помалку ни повеќе 2 милиони парчиња од по еден денар, колку што има жители од ѓутуре во земјава, за секој мачник по едно алтанче. И прво прашање што ми дојде е: Што се случило со паричињата од 1 денар во оптек кои се во моментов? Дали тие се иззабиле или ...
Се чини дека 1 април ќе биде клучниот датум за спроведување на новата минимална плата во Грција, а поставената цел е зголемувањето да се спроведе во истиот период како во 2023 година. Според информациите, министерката за труд Домна Михаилиду се очекува на 22 март на Министерскиот совет да му предложи зголемување на минималната плата во приватниот сектор. Преовладувачкото сценарио предвидува зголемување од 1 април близу 5-6%, така што новата ...
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, изнесува 116.4. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27.5 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација ...
Финансиската поддршка рибарството за 2024 година е 90 милиони денари. Најголемиот дел од парите се планира да се искористат за потребите на аквакултурата и за преработка на рибите… Со 90 милиони денари во 2024 година ќе се финансира порибувањето на езерата и реките и изградбата и реконструкцијата на рибниците. Исто така субвенции ќе има и за проекти, развој на нови пазари и за промотивни кампањи. За порибување на Охридско Езеро со подмладок од ...
И таа средна класа на луѓе кај нас кои што стигнуваат со 72.000 – 73.000 денари, со две просечни плати, дури и тие не можат докрај да ги реализираат работите кои се потребни за едно нормално семејство. Тоа е средна класа која е витален дел на општеството, изјави Абил Бауш, економски аналитичар, во вчерашната „Топ тема“ на ТВ Телма. Ако тој витален дел на општеството го ставате во ситуација да плаќаат 37 отсто само за елементарни производи. И ...
Со високите цени на градежните материјали, недостигот на професионални градежни работници и нејасната економска перспектива, многу граѓани се прашуваат дали ќе можат да си купат стан во Македонија по прифатлива цена. Дали се очекува да се намалат цените на становите во наредниот период или ќе останат на истото ниво? Според некои веб-страници за недвижности, просечната цена за метар квадратен се движи од 1.000 до 1.800 евра, во зависност од ...
Објавен е јавен повик за давање под концесија на дивечот во 7 ловишта. Концесијата за ситен и крупен дивеч е со рок на користење од 10 и 20 години, а изборот ќе се врши со највисоко понуден концесиски надоместок. Повикот ќе трае до 15-ти јули 2024 годинава… Од 7-те ловни подрачја во Куманово, Кочани, Кавадарци, Гевгелија, Битола, Охрид и во Кичево кои се нудат на последниот јавен повик најголем број се за концесија на ситен, а 2 се за давање ...
Договорените плати во еврозоната пораснаа за 4,5 отсто на крајот на 2023-та година, покажаа податоците на Европската централна банка (ЕЦБ), намалувајќи ја загриженоста дека растот на платите може да ја задржи инфлацијата над целта на регулаторот, објави „Bloomberg“. Иако сè уште е висок, растот на платите во четвртиот квартал забави од рекордните 4,7% во областа на единствената валута, забележани во претходните три месеци, покажа во вторникот ...
Економиите на Јапонија и Велика Британија влегоа во рецесија. Во четвртиот квартал од 2023 година јапонската економија влезе во рецесија, што се случува за првпат од крајот на 2018 година, покажуваат податоците на јапонскиот завод за статистика. Британската економија, исто така, падна во рецесија во втората половина на 2023 година, што е удар за премиерот Риши Сунак кој вети дека ќе го поттикне растот пред изборите. Техничка рецесија е пад на ...
Како да се преживее во Македонија со овие плати е прашање што си го поставуваат многу од граѓаните, особено оние што имаат кредит или живеат под кирија. И покрај тоа што официјалните информации покажуваат дека стапката на инфлација паѓа, ситуацијата на терен е поинаква. Освен цените на храната, расте и цената за изнајмување стан. Така, едно четиричлено семејство што има станбен кредит или живее во изнајмен стан, не го „перат“ ни 1.500 евра. ...
Лоши организација и менаџирање на Поштата, недостиг на дигитализација, мануелна работа, човечки грешки во финансиските извештаи, отсуство на единствен систем на работа и неодговорни работници што не одат на работа. Овие скандалозни наоди се само дел од проблемите опишани во физибилити студијата за Поштата на Македонија, спроведена во 2021 година, за која државата платила околу 800.000 евра, пишува Порталб.мк. Поштата со години работи со загуба. ...
Растот на депозитите на домаќинствата во јануари во однос на ланскиот јануари е 7,8 проценти, додека растот на кредитите е 6,9 проценти. Во јануари вкупните депозити што ги имале домаќинствата биле за 7,8 проценти поголеми отколку пред една година, додека кредитите се зголемиле со помал процент, кој изнесувал 6,9 проценти, покажуваат податоците од Народната банка. Така, во јануари народот имал 5,64 милијарди евра на сметки, додека кредитите што ...
Цените на новиот тарифник за геодетски работи, кој стапи на сила пред десетина дена се реални, сметаат од комората на трговски друштва за геодетски работи. Повисоките цени ги правдаат со месечните трошоци кои ги имаат компаниите. Но според претседателот на комората, Никола Рибароски, носењето на тарфиникот, поради немањето слух од страна на агенцијата за катастар, доцни цели 10 години. Рибароски тврди дека геодетските услуги не поскапуваат за ...
Владата се задолжи со нови 315 милиони евра на домашниот пазар од почетокот на оваа година до распишување на изборите, односно до 15 февруари, ивјави техничката министерка за финансии, Елена Петрова. Ова задолжување е поголемо дури за 281 милиони евра во однос на истиот период од минатата година, што е пораст за околу 840%. • Ова ново задолжување Владата го користеше најмногу за финансирање на буџетскиот дефицит кој беше генериран во овој ...
Највисоки, милионски суми за „самовработување“ и за „нови работни места“, таргет млади невработени лица од 15 до 29 години. Со новиот Оперативен план за 2024 се предвидува вработување на 11.622, пред сѐ, млади луѓе, пишува Порталб.мк. Сепак, државните грантови се условени – враќање на парите доколку бизнисот пропадне или вработените останат без работа поради отказ или доброволно. Планирано вработување на 11.622 пред се млади лица – потребна е ...
Со најновата одлука на Министерството за транспорт и врски, на акционерското друштво за железнички транспорт инстантно му се доделуваат 2,5 милиони евра. Имено, станува збор за вонредна помош, надвор од редовното субвенционирање на патничкиот транспорт. Во Одлуката на Министерството за транспорт се образложува дека таа е донесена заради помош за исплата на плати, но и за расчистување со обврските кон доставувачите. – Ставката разни трансфери е ...
Бумот на американската нафта од шкрилци кој во голема мера го пригуши растот на цената на нафтата во изминатите две години завршува. Производството на сурова нафта во земјата се очекува да порасне за само 170.000 барели дневно во 2024-та година во споредба со минатата година. Ова е најскромниот годишен пораст на производството од 2016-та година, со исклучок на пандемијата, пишува „Wall Street Journal“. Зголеменото производство на нафта во САД ...
Цените на енергијата во Европската унија продолжија да паѓаат. Цените на природниот гас неодамна беа на исто ниво како во есента 2018 година и на најниско ниво од јуни 2023 година. Цените на електричната енергија исто така беа за 60 отсто пониски во декември 2023 година отколку во претходната година, пишува порталот „Нерѓосувачки еспресо“, а пренесува билтенот на Агенцијата за енергетика на Србија АЕРС. Цената на гасот би можела уште повеќе да ...
Водечките две позиции според растот на БДП во 2022 година ги држат региони во Португалија и тоа Алгарве со 17 отсто и Мадеира со 14,2 проценти. Натаму следува регионот на Јужна Ирска со 13,5, шпанските Балеарски Острови со 12,5 и белгиската провинција Валонски Брабант со 10,9 проценти раст на БДП. Од друг страна, најголем пад на БДП бележат два региони во Бугарија – Југоисточниот со 3,1 и Северозападниот со 1,7 отсто. По нив следуваат француска ...
Заменик министерката за финансии во техничката Влада од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Елена Петрова на социјалните мрежи објави податоци, за кои вели дека покажуваат енормно задолжување на државата. Во продолжение целиот текст. •Владата се задолжи со нови 315 милиони евра на домашниот пазар од почетокот на оваа година до распишување на изборите, односно до 15 февруари. Ова задолжување е поголемо дури за 281 милиони евра во однос на истиот период од ...
Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси денеска изјави дека приходите од Суецкиот канал се намалени за половина оваа година поради влијанието на нападите на Хутите врз поморството. Зборувајќи за ефектот од војната меѓу Израел и Хамас и другите прекугранични триења што ги предизвика конфликтот, Ал Сиси рече дека „Суецкиот канал, кој му носеше на Египет речиси 10 милијарди годишно“, сега е намален приход за 40 до 50 отсто, а Египет мора да ...
„Факт е и дека и со зголемени плати и со зголемена минимална плата и со зголемени инвестиции кај нашите компании невработеноста изнесува под 13%, од фамозните 25% невработеност во време на ДПМНЕ. Тоа е историски најмало ниво на невработеност во државата. И не мора никој да не фали, јас ги гледам луѓето кога одат на работа и ги гледам и билбордите дека се бара работник повеќе тоа за тоа што најголлемиот дел од нашите сограѓани се веќе вработени“ ...
Откупот на тутунот од ланската реколта е при крај. Досега се откупени 13 800 тони по просечна цена од 353,6 денари за килограм. – При крај е откупот и нема никакви проблеми. Онаму каде се откупени количествата, пунктовите се затворени, значи дел од 280 откупни пункта на 10-те откупувачи се затворени зашто се преземени предвидените количества. Просечната цена од 253,6 денари се однесува за целата кампања, што значи се доисплаќаат производителите ...
Железничкиот систем продолжува да тоне во долгови. Според извештајот на Министерството за финансии, железничките компании се најголеми државни должници во државата и на крајот на минатата година. Македонски железници Транспорт ја заврши претходната година со долг од скоро 4 милијарди денари, односно скоро 65 милиони евра. Државната компанија за железнички превоз има уште 600 милиони денари, односно скоро 10 милиони евра недоспеани обврски, ...
Минималните трошоци на едно семејство во февруари се зголемени за 313 денари во однос на јануари, покажуваат податоците на синдикалната потрошувачка кошничка. Според денеска објавените податоци, вредноста на синдикалната минимална кошница во февруари изнесува 57.476 денари и во однос на јануари кога изнесувала 57.163 денари е зголемена за 313 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати, минималните трошоци во февруари изнесуваат 72.851 денари и се ...