Тон Веис, кој 10 години работел на „Wall Street“ за најголемите компании, е оптимистичен дека Биткоин ќе ги надмине сите очекувања во моменталниот пазарен циклус. Веис неодамна на своите 122.000 претплатници на ЈуТјуб им сугерирал дека иднината на Биткоин е уште посветла од неговите претходни предвидувања за оваа година, известува „The Daily Hodl“ во среда на 6-ти март. Истакнал дека неодамнешното воведување на фондови со кои се тргува на ...

Минатата 2023 година Турција извезла агруми во вредност од 1,1 милијарди долари, пренесе БТА. Според задругата на извозници на агруми Еге, минатата година биле извезени 1,9 милиони тони, што е за 23% повеќе од претходната година. За прв пат во историјата приходите од извозот на секторот надминаа 1 милијарда долари. Турција задоволува потрошувачката на граѓаните на десетици земји во светот со агруми, рече претседателот на задругата Хајретин ...

Претседателот на Федералните резерви Џером Пауел во средата повтори дека очекува каматните стапки да почнат да се намалуваат оваа година, но сè уште не е подготвен да каже кога. Претседателот на Федералните резерви Џером Пауел во средата повтори дека очекува каматните стапки да почнат да се намалуваат оваа година, но сè уште не е подготвен да каже кога. Во подготвените забелешки за настапите на Капитол Хил со мандат од Конгресот во среда и ...

Најдоцна до 15 март 2024 година, до АФПЗРР да се достават податоци за извршениот откуп. Откупувачите на сончоглед, кои имаат регистриран капацитет за откуп на сончоглед и извршиле откуп на сончоглед во период од 15 август до 30 ноември 2023 година, потребно е најдоцна до 15 март 2024 година, до АФПЗРР да достават податоци за извршениот откуп. Согласно Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството за 2024 година, корисници по ...

Ванг предупреди и дека Пекинг ќе ги брани своите права во Јужното Кинеско Море по серијата инциденти со Филипините. Кина е подготвена да работи со Русија за промовирање на нови механизми за соработка и зајакнување на пријателството, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на прес-конференција на маргините на годишната седница на парламентот во Пекинг. Кина и Русија објавија „безгранично“ партнерство во февруари 2022 година, кога ...

– Ние не сме правници, тоа што ни го кажувате не го разбираме. Ние сме земјоделци, нашата работа е на нивите, а не да одиме по институциите, порачаа светниколските земјоделци на денешните средби со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во салата на Општина и со дополнителниот министер, Цветан Трипуновски во салата на Домот за култура во Свети Николе. Земјоделците од Свети Николе во изминатите два дена бараа од ...

Измените во законите за стратешки инвестиции треба да се толкуваат само како појаснување на некои од одредби кои добија различни толкувања во јавноста дека се дополнителни бенефиции кои им се даваат на инвеститорите, информира вицепремиерот Фатмир Битиќи. Според него тие се во суштина укажувања од Комисијата за заштита на конкурентноста и во однос на инвеститорот „Мителинеос“, како и во една ставка од законот за „AИМ Грин Тех“. Тој ја повика ...

Подобрување на квалитетот на животот преку забрзување на економскиот раст е основната цел на реформскиот план ВИЗИЈА ЗА ЗАБРЗАН РАСТ, што го предлага организацијата Македонија2025. Планот се базира на „Платформата за просперитет“ која Македонија2025 ја претстави во 2020 година, а чии фундаменти вклучуваат: Нулта толеранција за корупција, преку транспарентност, систем базиран на заслуги и лична одговорност; Континуиран раст на БДП над 5% ...

Банките остварија над 250 милиони евра добивка во 2023 година и ги зголемија своите профити за 50 отсто, споредено со претходната година. Нето-приходите од камати се искачија на 409 милиони евра, додека нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат повеќе од 106 милиони евра, велат од Левица. Поволниот ветар „кој дуваше“ од Народна банка, ги зголеми приходите од камати над 40 отсто во споредба со претходната година. Со зголемување на ...

Цената на биткоинот достигна највисоко ниво на сите времиња, поттикната од растечката побарувачка на инвеститорите, тврдат експертите. Цената на биткоинот достигна највисоко ниво на сите времиња, поттикната од растечката побарувачка на инвеститорите, тврдат експертите. Криптовалутата достигна 69.000 долари во текот на денот, надминувајќи го претходниот максимум од ноември 2021 година. Порастот доаѓа откако на криптовалутата и беше дадено зелено ...

Европската унија сака да извлече лекции од руската агресивна војна во Украина. Вчера за прв пат беше претставена стратегијата за индустријата за оружје. Целта е да се заменат програмите кои се започнати ад хок по почетокот на инвазијата и долгорочното планирање на индустријата за оружје во ЕУ, пишува ДВ во анализата. Сузбивање на фрагментација Во Брисел беше кажано дека стратегијата за оружје на ЕУ е особено неопходна за борба против ...

Дефицитот на Европската унија (ЕУ) во стоковната трговија со Кина изнесува 291 милијарда евра во 2023-та година, што е за 106 милијарди евра помалку отколку во 2022-ра година (-27 отсто), објави европската статистичка служба на својата веб-страница на Евростат. Помеѓу 2013-та и 2023-та година, трговскиот дефицит на стоки на ЕУ со Кина варира помеѓу 104 милијарди евра во 2013-та година и 397 милијарди евра во 2022-ра година, што е највисока ...

Советот на ЕУ и Европскиот парламент се договорија околу текстот на регулативата со која на пазарот на Унијата ќе се забрани продажба на стоки произведен со принудна работа и со експлоатација на работници. Според белгискиот вицепремиер и министер за економија и вработување Пјер-Ив Дермањ, со усвојувањето на оваа регулатива ЕУ сака да се осигура дека на единствен европски пазар нема место за производи направени со принудна работа, без разлика ...

Собраниската Законодавно-правна комисија денеска треба да расправа за Предлог законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, по скратена постапка, откако вчера ова законско решение помина и во Комисијата за европски прашања. Министерот за економија Крешник Бектеши очекува законот да биде на пленарна седница на 11. или 13. месецов и да биде изгласан, по што по објавата во Службен ...

Фондот за иновации и технолошки развој денеска го објави јавниот повик Стартапувај 6, со кој вкупно 2 милиони евра неповратни финансиски средства се ставаат на располагање за поддршка на македонскиот стартап еко систем. -Јавниот повик „Стартапувај” е шести по ред ваков повик, кој обезбедува олеснети услови за аплицирање и олеснет финансиски пристап за старт-ап и спин-оф компаниите. Целта е да се поттикне иновативноста кај новооснованите ...

Иако ја објави уште во ноември, виси мерката на Владата за субвенционирање на зголемувањето на платите од 3.000 до 9.000 денари во приватниот сектор како дел од деветиот антикризен пакет. Оваа мерка дава можност за зголемување на платите во угостителството, градежниот сектор и текстилната индустрија, а за зголемениот износ на платата работодавачот ќе плаќа само данок на личен доход и ќе биде ослободен од плаќање придонеси. Вицепремиерот за ...

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони ТИРЗ и Јапонската организација за надворешна трговија ЏЕТРО ќе спроведуваат заеднички активности за промоција на инвестициски можности меѓу Северна Македонија и Јапонија. Со меморандумот за соработка, што ќе биде потпишан денеска во Скопје по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатско-економските односи меѓу Јапонија и Северна Македонија, е предвидено и унапредување на соработката ...

Некои од цените сѐ уште се непроменети бидејќи набавките биле направени во текот на февруари кога важеа мерките. Но дел од маркетите и пазарите веќе алармантно ги зголемија цените на прехранбените производи, па граѓаните се загрижени дека и во иднина неконтролирано ќе растат. Кој е реалниот ефект од досегашните антикризни мерки? Како да се заштитат граѓаните од ценовниот шок? Како ќе влијае законот за забрана на нефер трговски практики? По ...

Проекциите укажуваат на забавување на инфлацијата, но централните банки треба да бидат внимателни, изјави Ивајло Изворски, главен економист на Светска банка за Европа и Централна Азија. Изворски за Н1 посочи дека секогаш постои загриженост дека движењето на цените може да се сврти, иако енергетската криза е зад нас. „Различните ограничувања во трговијата се намалуваат, меѓутоа, секогаш постои загриженост дека големото зголемување на платите во ...

Доскорешната министерка за труд и социјална политика Јован Тренчевска, која си замина со доаѓањето на техничката влада, во емисијата „Што мисли народот“ на ТВ Стар рече дека цените на брашното и маслото за јадење не поскапеле многу од 2017 до денес. – Ги имам цените колку беа во 2017 кога дојдовме на власт и сега. Просечната цена на брашното тогаш, ова се просечни цени од Заводот за статистика,било 33 денари. Денес е 47 денари. Значи не е сто ...

СДСМ ветува дека и во наредниот мандат ако формира влада државата ќе вложува во земјоделствот. Говорејќи за идните мерки за развој на земјоделството, лидерот на партијата, Димитар Ковачевски, рече дека секој што ги исполнува критериумите добива финансиска поддршка за земјоделското производство. „Парите ги насочуваме кај вистинските земјоделци, нема партиски списоци за делење на субвенции, како во едно друго време. Нема веќе земјоделци кои седат ...

ПроКредит Банка, во рамки на својата мисија за поддршка на локалните бизниси во деловната заедница, како дел од програмата Youth in Business на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го креираше новото решение, ПроБиз – пакет наменет за поддршка на млади претприемачи. Програмата Youth in Business им помага на малите и средните претпријатија кои се во сопственост или управувани од млади претприемачи до 35 години да пристапат до знаење, ...

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец февруари 2024 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 05 март 2024 година. Со цел да се ...

Најбогатиот штедач во Црна Гора е нерезидент, а вложил 26,5 милиони евра. Кога станува збор за жителите на Црна Гора, најголемиот орочен депозит изнесува 23,6 милиони евра – изјавија за Банкар од Централната банка на Црна Гора, на прашањето за најголемите депозити на крајот на 2023 година. На прашањето колку физички лица имало на крајот на 2023 година со орочени депозити над милион евра, од ЦБЦГ одговорија дека според последните достапни ...

Поради одредени слабости во структурата на управување, процедурите, административните капацитети, комуникацијата и информирањето, финансирањето и системот за мониторинг, институциите и органите на Северна Македонија делумно се подготвени за спроведување на Целите на одржлив развој до 2030 година. Ова се наведува во ревизијата на успешност на тема „Подготвеноста на Република Северна Македонија за имплементација на Целите за одржлив развој до ...

Укинувањето на гарантираните цени не може да влијае врз цените кај нас затоа што цените на суровините за прехранбени производи на светските берзи се намалени, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Но, дали и колку се зголемени цените и дали има договарање на трговците ќе се знае по инспекциите на терен објаснува Битиќи кој најави дека доколку треба ќе поднесе претставка до комисијата за заштита на конкуренцијата, како што веќе ...

Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата ќе ги преземат сите процедурални, демократски и собраниски процедури за да го спречат носењето на законите за стратешки инвестиции во енергетиката, за кои, сметаат дека се криминални и најавија дека ќе поднесат 40 амандмани. – Очајноста на СДСМ продолжува до последен ден од нивното владеење. Денеска на Комисијата за економски прашања, СДСМ повторно ќе се обиде да ги протурка законите за стратешки ...

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска учествуваше на „Копаоник бизнис форум“, кој се одржува во Србија, а каде беше дел од панел дискусијата на тема „Западен Балкан: Регионална економска соработка“. Тој истакна дека меѓусебната соработка и создавањето на силна економска меѓузависност, наместо зависност, во регионот е патот кој целиот Западен Балкан ...

Претседателите на двата дома на американскиот Конгрес објавија дека постигнале договор за финансирање на владата што ќе биде усвоен и од Сенатот и од Претставничкиот дом во текот на неделата. Добрата вест е дека Конгресот конечно постигна двопартиски договор за финансирање што ќе ја одржува владата во функција, рече претседателот на Сенатот, демократот Чак Шумер. Лидерите на Конгресот се договорија за пакет мерки во вредност од 460 милијарди ...

Социјалната помош да се зголемува со порастот на инфлацијата. Кога трошоците за живот од месец во месец се се повиски, не може на најранливите да им се даваат трошки. За да излезат овие лица од сиромаштија, треба да им се даде барем минималната плата. Ова е главната порака од анализата на ефектите од социјалната реформа од 2019-та. Истата покажува дека променетиот пристап и начин на исплата ги дал посакуваните ефекти, иако поради ковид-кризата ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
30%
1019
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
2.06
39%
1020
weather icon

Загреб

29ᴼ / 27ᴼ
2.06
40%
1020
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
35%
1020
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.65
44%
1019
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
0.51
53%
1019
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
4.92
38%
1017
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
1.54
30%
1017
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
32%
1018
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
2.24
36%
1019
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
3.58
37%
1020
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
4.12
68%
1018
Currency

61.53

Currency

53.2474

Currency

72.3797

Currency

34.5194

Currency

39.181

Currency

65.5689

Currency

7.42072

Currency

0.66726

Currency

0.36931

Currency

0.52486

Currency

1.35078

Currency

0.61717

Алуминиум

2.50

Кобалт

42.99

Никел

14970.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.63

Сребро

1167.64

Злато

110378.60

Бакар

9.55

Паладиум

33050.97

Платина

38665.45

Родиум

177632.87

Цинк

2.56