Преку постојано одржување обуки и други активности за финансиска едукација и зголемување на свесноста на населението за нејзиното значење, Народната банка придонесува кон подигнувањето на нивото на финансиската писменост во земјава. Минатата година со процесот на финансиска едукација беа опфатени 1.644 лица − ученици од основното и средното образование, студенти, деца од предучилишна возраст, ученици со посебни потреби, професори, наставници, ...

Заврши јавниот повик за мерката поддршка за самовработување и пријавени се 99 невработени лица кои самостојно ќе почнат бизнис, информираа денеска надлежните од Центарот за вработување во Куманово. Овие кумановци аплицирале да почнат сопствен бизнис и ќе добијат грант кој изнесува 369. 000 денари за набавка на опрема и репроматеријали. – Доколку две невработени лица се здружат тогаш добиваат грант од 738. 000 денари. Оваа година за мерката се ...

Во однос на просечната плата во јануари 2024 година, Словенија е лидер меѓу земјите од поранешна Југославија со 1.477,34 евра, додека Македонија е на дното со просечна нето плата од 643 евра. На второ место е Хрватска (1.239 евра), на трето е Црна Гора со 819 евра, а со две евра помалку е Србија која е на четврто место со просечна нето плата од 817,7 евра. Просечната плата во Босна и Херцеговина е 679 евра. Просечната плата (бруто) пресметана ...

Во 2024 година Украина мора да плати 2,19 милијарди долари на Меѓународниот монетарен фонд за сервисирање на претходно доделените заеми, пишува украинскa „Страна“. SDR, или специјални права на влечење, е вештачка резерва и тендерски инструмент издаден од ММФ. Пресметано по тековниот курс на доларот, износот на долгот е 2,9 милијарди долари. Највисоките износи за исплата се програмирани за во март и септември 2024 година. За секој од нив Украина ...

Според аналитичарите на „Голдман Сакс“, приближно 8% месечниот раст на златото има простор да расте, откако се очекува благородниот метал да достигне 2.300 долари за унца до крајот на годината. Во понеделникот фјучерсите поскапеа и се тргуваа до 2.182 долари за унца. Скапоцениот метал се смета за безбедно засолниште во време на геополитички тензии и пад на каматните стапки. Минатата недела Федералните резерви продолжија да сигнализираат дека ќе ...

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе одвои 800 милиони за македонското земјоделство. Во период од 4 години 800 милиони евра ќе се слеат од владата кон земјоделците и земјоделието, истакнаа во соопштението ВМРО-ДПМНЕ. – Средствата се предвидени како доходовна поддршка на земјоделците, како субвенции, грантови и друг вид на поддршка, потоа инвестиции во диверзификација, инфраструктура и опрема. Предвидени се средства за стимулирање на осигурувањето на ...

Брзото вклучување на Западен Балкан во системот за тргување со емисии на ЕУ е единствениот ефикасен начин за постепено отстранување на јагленот од регионот, се вели во извештајот објавен од бриселскиот аналитички центар ЦЕПС. Тој наведува дека повеќе од две третини од електричната енергија во Западен Балкан се произведува од лигнит, најмногу во електрани кои работат повеќе од 40 години. Јаглеродниот интензитет на електроенергетскиот сектор во ...

Ниска инфлација од 2,5 проценти, ниската невработеност од 7,5 проценти, растот на економијата до пет проценти годишно, заедно со капитални инвестиции од три милијарди евра се реална инјекција за спас на македонската економија, истакна Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашната дебата на ТВ Телма. „Од овој аспект, дали платата ќе биде волкава или толкава ги сметаме за несоодветни во еден ваков период на неизвесност, кога треба ...

Биткоинот денеска во 15:15 часот поскапе за 4,9 отсто на 63.361,25 евра на најголемата светска берза за криптовалути Бајненс (Binance). Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесува 23,9 милијарди евра, што е помалку од просечниот дневен промет од минатата недела. Индексот на страв и алчност (Fear and Greed Index) поврзан со биткоинот денеска е на ниво од 75 во категоријата „алчност“, што значи дека инвеститорите се уште ...

Производителите на житни култури кои сакаат да ги складираат и веднаш да не ги продаваат пченицата и јачменот од годинешниот род имаат право на финансиска помош. Висината на поддршката изнесува 100 проценти од трошоците за чување на реколтата … Финансиската поддршка за складирање и оваа година може да ја користат евидентираните земјоделци со пријавени површини со пченица и со јачмен кои ја имаат дадено кај регистриран сопственик на силоси од ...

Со зголемената потреба за сезонски работници, Хрватска и ова лето ќе биде популарна дестинација за многу Македонци кои бараат подобри работни услови и плати. Со зголемената потреба за сезонски работници, Хрватска и ова лето ќе биде популарна дестинација за многу Македонци кои бараат подобри работни услови и плати. Во последните години, бројот на издадени дозволи за работа во Хрватска за граѓаните од Македонија значително се зголеми, ...

Не се отвора никаков простор за зголемување на цената на топлинска енергија за граѓаните. Во ниеден случај нема да дојде до поскапување на цената на топлинска енергија за домаќинствата, може да дојде само до намалување, истакна првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски. Дали ќе има субвенции или ќе нема, во текот на јуни ќе ја донесеме одлуката. Можевме и сега да носиме популистички одлуки кога ја намаливме цената за недомаќинствата, но се решивме ...

Комерцијална банка информира дека склучи договор за продажба на имотот на комбинатот Еуроникел индустри од Кавадарци со друштва основани од холандската холдинг компанија Polynickel Holding BV, која е дел од групацијта Yildirim Group. За финална реализација на купопродажниот договор останува уште да се исполнат сите правни и регулаторни предуслови. Во истовреме, Банката со групацијата Yildirim склучи договор за продажба и на имотот на фабриката ...

Етиопија ќе усвои закон кој им дозволува на странците да поседуваат недвижен имот како дел од поширокиот план на земјата за отворање на економијата и привлекување инвестиции, најави етиопскиот премиер Абиј Ахмед. Ахмед изјави за државната телевизија дека владата на Етиопија го финализира новиот закон со кој на странците им се дозволува да поседуваат недвижен имот, иако не кажа кога законот ќе биде доставен до парламентот на одобрување, пренесе ...

Поради надминување на дозволената количина на пестициди, Холандија повлече од пазарот замрзнати вишни со потекло од Србија, објави RASFF – европскиот систем за брзо предупредување и информирање за храна. Станува збор за пестицидот диметоат, кој, како што се наведува, бил откриен во поголема количина од дозволената. Според податоците од РАСФФ, контролата на овошјето ја вршел самиот производител. Во примерокот земен на 6 март, откриени се ...

Во Македонија, најновите статистички податоци покажуваат дека недвижнините поскапуваат со висока стапка од 20,6 отсто. Најверојатната причина за сегашниот раст е тоа што од 2020 година земјата веќе е во формални преговори за влез во ЕУ и дури сега се забележува како место за инвестирање. Истото важи и за Албанија, која е следна во рангирањето по поскапување Денешното издание на бугарски „24 Часа“ потсетува дека, покрај становите во Скопје, ...

Регулаторната комисија за енергетика, донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,33% во однос на одлуката од 22.3.2024 година. Од 26.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 85,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 87,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,00 (денари/литар) Масло за ...

Предизборие, период во кој политичарите уживаат додека зборуваат за економијата. Кампањата се уште не започната, а од говорите како на власта така и на опозицијата може да се слушнат ветувања и најави дека животот во Македонија ќе биде рај. Повисоки плати и пензии, развој на стопанството помогнат од државата, капитални инвеатиции, подобро здравство, модерно образование, поефикасна администрација, ова се само дел од убедувањата на потенцијалните ...

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, со колумна повика на мораториум на вработувањата во јавната администрација и на кратење на бројот на институциите што се на товар на буџетот на државата. -Просечна стапка на економски раст помала од 2% во периодот од 1992 година до денес. Стапка на раст која е убедливо најниска споредено со сите земји од поширокиот регион. РАЗОЧАРУВАЊЕ! Континуиран раст на задолжувањето на државата во целиот ...

Депозитите се основен извор на финансирање на банките и следствено банките имаат разновидна понуда на депозитни производи којашто ги има предвид различните потреби на клиентите. Во финансискиот систем во земјава постепено се зголемува и понудата на нови инвестициски алтернативи. „Да имаме предвид дека финансискиот систем се развива, постепено се збогатува и се отвораат нови инвестициски алтернативи за граѓаните. Една од нив е граѓанската ...

Децата во градинките и оваа година ќе добиваат бесплатно домашно свежо овошје. Дистрибуцијата ќе почне од 15-ти јуни и ќе заврши до 15-ти декември 2024 година. За оваа намена се обезбедени 40 милиони денари … Свежи кајсии, праски, сливи, круши и јаболки и оваа година бесплатно ќе добиваат децата во градинките. Дистрибуцијата ќе трае од 15-ти јуни до 15-ти декември годинава. Парите во висина од 40 милиони денари се обезбедени преку Програмата за ...

Санкциите наметнати од Западот кон Русија од почетокот на војната немаа сериозно влијание врз трговијата на Москва, покажа анализата на белгискиот тинк-тенк „Bruegel“. Загубата на увозот и извозот во развиените земји на Запад се компензира со економиите во развој, покажуваат податоците. Од историскиот преглед на трговските односи меѓу Русија и ЕУ, јасно е дека во периодот 1999 – 2014 година трговските односи значително се продлабочиле. Во ...

Централните банки се соочуваат со зголемен политички притисок да ги намалат каматните стапки среде годината во која се очекуваат избори во многу земји во светот. Сепак, одборите на централните банки мора да ја задржат својата независност на одлучување. На ова предупреди Кристалина Георгиева, директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Според неа, централните банки кои се понезависни се поуспешни во контролирањето на инфлацијата и ...

На девизните пазари и минатата недела порасна вредноста на доларот во однос на кошничката валути, вторпат по ред, додека инвеститорите ги анализираа одлуките и пораките од седниците на голем број големи централни банки. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела порасна за 0,3 отсто, на 103,78 поени. Истовремено, вредноста на доларот во однос на европската валута се зголеми ...

Ако имате 10.000 евра и сакате да ги инвестирате во нешто што ќе ви донесе приход, можете да размислите за започнување сопствен бизнис. Но, каков бизнис можете да започнете со оваа сума? Кои се најдобрите начини да го искористите вашиот капитал? Според експертите кои ги анализираат различните опции за започнување бизнис со 10.000 евра, постојат неколку идеи кои можат да ви бидат корисни, вели „Денар“. Секој има свои предности и недостатоци, ...

„Посветено работиме за да ја финализираме подготовката на апликацијата за Единствената област за плаќањa во евра – СЕПА“, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за регионалната новинска агенција Сињуз (SeeNews). Гувернерката посочи дека нашата земја направи голем исчекор кон членството во СЕПА, со усвојувањето на новиот Закон за платежни услуги и платни системи, како и 26 подзаконски акти донесени од ...

Во текстилната индустрија во Прилеп пристигнаа девет работници од Непал, а се очекуваат уште десетина. Увозот на работна сила е во почетна фаза, но го отвора прашањето за состојбите со домашната понуда на пазарот на трудот. Прилепските стопанственици наведуваат три причини за увозот на работна сила. -Едната е дека што до овој момент тие немаат доволно квалификувана работна сила на домашниот пазар на трудот. Дуалното образование не ги даде ...

Плата за живот, а не минималец, за да има социјална правда и доволно средства за егзистенција на работниците и нивните семејства. За да се прехрани едно четиричлено семејство, за разлика од синдикалната кошничка која во моментот достигна 60.000 денари, нашите пресметкит се дека оваа сума не е доволна и се потребни минимум 72.300 денари за да се помине месецот, порачуваат од „Гласен текстилец“. Кристина Ампева од „Гласен текстилец“ денеска ...

Руската централна банка ја задржа основната каматна стапка непроменета на 16 отсто. Ова се случи на редовниот состанок за монетарната политика на институцијата. Се посочува дека инфлацијата во земјава и понатаму е висока – во февруари таа изнесуваше 7,7%, а се уште е рано да се забележат трајни дезинфлаторни процеси. Домашната побарувачка продолжува да го надминува производствениот капацитет. Проблемите на пазарот на трудот се интензивираат. ...

Ова е нивното највисоко ниво во последните 16 години Банката на Англија, централната банка на Велика Британија, ги задржа каматните стапки на највисоко ниво во последните 16 години, иако инфлацијата во земјата падна на најбавната стапка во повеќе од 2 години, забележа Њујорк Тајмс. На нивниот последен состанок (21 март), креаторите на политиката на централната банка ја оставија основната стапка на 5,25% петти последователен состанок, еден ден ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
43%
1021
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
1.54
59%
1021
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.0
72%
1020
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
77%
1021
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
1.83
66%
1019
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.51
81%
1021
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
2.24
48%
1015
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
68%
1017
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
53%
1018
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
79%
1019
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
1.79
54%
1020
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
77%
1018
Currency

61.535

Currency

53.2474

Currency

72.2284

Currency

34.5295

Currency

39.1925

Currency

65.588

Currency

7.42289

Currency

0.66745

Currency

0.36942

Currency

0.52463

Currency

1.35117

Currency

0.61735

Алуминиум

2.50

Кобалт

42.99

Никел

14970.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.63

Сребро

1167.64

Злато

110378.60

Бакар

9.55

Паладиум

33050.97

Платина

38665.45

Родиум

177632.87

Цинк

2.56