Околу 30 уметници од земјава и од странство учествуваат на 13. Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања 2024“, што од 22 јуни до 6 јули ќе се одржува во Вевчани. На настанот се и избраните млади таленти од Конкурсот за млади сликари 2024, што го распишаа Шпаркасе Банка АД Скопје и Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“. Конкурсот, како дел од „Шп-арт-клуб“ на Шпаркасе Банка, и годинава разбуди голем интерес меѓу младите ...

Напорите и залагањата на Народната банка за олеснување на пристапот до финансиските услуги на населението се препознаени и од меѓународните институции како одличен пример на финансиска едукација и вклученост. И натаму треба да се вложуваат напори со цел натамошно зголемување на пристапот до финансии, којшто е предуслов за повисока економска активност и доход. Ова беше истакнато на состанокот помеѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, и ...

Растечкиот интерес за полисите за животно осигурување во нашата земја покажува дека свеста за оваа проблематика е во пораст, а луѓето стануваат се’ поодговорни за нивното здравје во иднина, но и за финансиската иднина на најблиските. Животното осигурување постои токму за тоа: да обезбеди финансиска поддршка за луѓето кои ги сакаме, во случај нешто лошо или непредвидено да ви се случи вам. Бројот на осигуреници и на активни договори постојано ...

Силните институции се предуслов за силни економии и правични општества. Највредниот ресурс на институциите е човечкиот капитал, оттаму инвестициите и стратегијата на постојан развој и унапредување на кадрите е суштинска за нивното јакнење. Забрзаниот развој на технологиите, климатските промени, геополитичката нестабилност и флуктуацијата на кадрите создаваат неизвесно окружување за јавните институции. Оттаму, тие треба да вложуваат во задржување ...

„За убави маалски дружби“ – граѓаните на општина Центар и сите посетители на Дебар Маало добија нов модерен плоштад, донација од Стопанска банка – АД Скопје. Новата модерна локација се наоѓа пред платото на Општина Центар на аголот од ул. „Михаил Цоков “ и ул. „Орце Николов“ и вклучува футуристичка инсталација т.н. „урбан атрактор“. Оваа урбана инсталација на платформи со неправилни облици, клупи, декоративно зеленило и паркинг за велосипеди се ...

Витаминка е првата компанија во Македонија која во сите процеси, производство, набавка, магацини, продажба и финансии, го имплементира ЕРП решението од Microsoft – Dynamics 365 Finance and Operation. Со ова Витаминка е на пат кон целосна дигитализација на работата, од влез на суровина до излез на готов производ и нивно складирање. Инвестицијата во најновите технологии е значаен чекор напред и придонесува за подобрување на оперативната ...

Под слоганот „Почни од нула“, НЛБ Банка започна промотивна кампања за станбени кредити, овозможувајќи им на сите оние кои размислуваат за нови почетоци, нов или сопствен дом, бараниот кредит да го добијат со единствени поволности. Во промотивниот период кој трае до 31 августгодинава, клиентите кои ќе ја изберат НЛБ Банка за свој кредитен партнер при купување на стан, кредитот го добиваат без трошоци за одобрување, без нотарски трошоци и без ...

Вредноста на исплатените штети за приватно здравствено осигурување за првите пет месеци годинава пораснале за 28,5 % во однос на истиот период лани. Исплатите за каско осигурување се зголемени за 26%, а на приватното здравствено осигурување пораснале 28,5%. Компаниите за неживотно осигурување за пет месеци исплатиле над 58.400 штети Осигурениците наплатија 324,4 милиони денари (5,3 милиони евра) од осигурителните компании за медицински трошоци ...

Талентот на уметниците поттикнат од креативна слобода ја претставува суштината на создавање и креирање Бесконечно платно: безгранична креативност, тема во фокус на сите учесници на Конкурсот за млади сликари 2024, што беше објавен од Шпаркасе Банка АД Скопје и Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“. Конкурсот, како дел од „Шп-арт-клуб“ на Шпаркасе Банка, и годинава разбуди голем интерес меѓу нашите млади уметници, а најдобрите 10 ...

Претседателката на Асоцијација за е-трговија на Македонија – АЕТМ, д-р Нина Ангеловска Станков и директорот на Агенција за пошти д-р Сретен Миладиноски, потпишаа Меморандум за соработка, преку кој двете страни заеднички ќе се залагаат и ќе придонесуваат кон намалување на сивата економија во е-трговијата и нерегистрираните онлајн продавачи во Македонија. Сивата економија во е-трговијата и нерегистрираните онлајн продавачи (кои најчесто ги ...

Квалитетното управување со податоците е предуслов за ефикасно извршување на задачите во современите централни банки. Оттаму, за понатамошно унапредување на работењето на Народната банка во оваа област, од посебно значење е билатералната соработка со Народната банка на Австрија, во рамките на Втората фаза од Регионалната програма за зајакнување на капацитетите на централните банки на Западен Балкан, финансирана од ЕУ. Во периодот од 3 до 5 јуни ...

Се очекува засилување на конкуренцијата на домашниот пазар на платежни услуги. Народната банка ги издаде првите дозволи за платежни институции, во согласност со новата законска рамка, преку кои граѓаните ќе може да извршуваат плаќања во земјата и прекугранично, истакна директорот на Дирекцијата за платни системи при Народната банка, Игор Величковски во гостување на „Блумберг Адрија“. Тој посочи дека една од значајните придобивки на новата правна ...

Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици, имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер ...

Денеска стартува наградната игра „Стани дел од ХалкЕЗ заедницата и стигни до EXIT 2024” во организација на Халкбанк АД Скопје, која ќе трае до 4 јули. Во наградната игра право на учество имаат сите физички лица на возраст од 18 до 24 години кои ќе станат корисници на пакетот за млади Halk EZ (Halk Easy), а со тоа ќе имаат подигнато VisaPayWave дебитна платежна картичка која е во рамките на пакетот. Право на учество имаат и постоечките корисници ...

Шпаркасе Банка АД Скопје продолжува да воведува привилегии за клиентите, следејќи ги пазарните промени, и со тоа да креира атрактивни понуди што одговараат на нивните потреби. Како синоним за стабилност, кога станува збор за штедењето, Шпаркасе Банка воведе нови каматни стапки за Депозит Плус, фиксни за целиот период на орочување, во период до 31.7.2024 година. Средствата со Депозит Плус во денари можат да се орочат на 13 и на 25 месеци, со што ...

На 11 јуни 2024 година се одржа редовна седница на ИО за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за глобалната и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата беше оценето дека тековната поставеност на монетарната политика е соодветна на условите во економијата. ...

При изборот на банка, одлучувате за многу повеќе од самоизбирање на место каде што ќе ги чувате вашитефинансии. Избирате партнер кој ќе биде ваш вистинскипријател и долгорочен поддржувач. Банката што ќе јаизберете денес може да игра клучна улога вообликувањето на финансиската иднина на вашето дете.Затоа, одберете банка која нуди финансиски пакети и решенија за сите генерации, олеснувајќи го секојдневието при извршувањето на едноставни финансиски ...

ПроКредит Банка го лансираше новиот бесплатен банкарски пакет за млади, ProYOUng, кој во промотивниот период нуди единствена можност на пазарот што вклучува 6-месечна претплата на најпознатата музичка платформа во светот. Пакетот е дизајниран за динамични и прогресивни млади луѓе на возраст од 15 до 25 години, нуди уникатни поволности со фокус на модерните навики на младите и претставува единствена можност за нив да го искусат најдоброто од ...

Силк Роуд Банка воведе промотивен период за електронско и/или мобилно банкарство без надомест за активирање. Имено, сите нови корисници, физички и правни лица резиденти, ќе можат да ја активираат услугата електронско и/или мобилно банкарство со привилегија за плаќање, без надомест, промотивно до 30.06.2024 година. Електронското и мобилно банкарство на Силк Роуд Банка на клиентите им овозможува 24/7 преглед во состојба на трансакциската или ...

„И покрај периодот на продолжени последователни шокови од невидени размери, активностите на банкарскиот систем и натаму растат и тој е стабилен и во услови на силна капитална и ликвидносна позиција. Силната капитална позиција на банките, којашто постојано се подобрува, придонесува за највисока стапка на адекватност на капиталот од 2007 година наваму, до нивото од 18,1% на крајот на 2023 година. Нивото на квалитетот на капиталот е највисоко, каде ...

ПроКредит Банка ја отвори новата и модернизирана филијала во Гостивар, со што ја продолжи иницијатива за збогатување на својата мрежа, во чии рамки оваа година ќе се отворат нови локации, а некои од постоечките филијали ќе бидат реновирани и модернизирани. Целта на иницијативата е унапредување на персонализираното искуство на клиентите и достапноста на услугите од стручните лица на банката. Ова не само што им користи на клиентите, туку ...

Растечкиот интерес за полисите за животно осигурување во нашата земја покажуваат дека свеста за оваа проблематика е во пораст, а луѓето стануваат се’ поодговорни за нивното здравје во иднина, но и за финансиската иднина на најблиските. Животното осигурување постои токму за тоа: да обезбеди финансиска поддршка за луѓето кои ги сакате, во случај нешто лошо или непредвидено да ви се случи вам. Звучи како нешто што му е потребно секому, но како да ...

ПроКредит Банка останува единствената банка во Македонија која на годишна основа е оценувана од меѓународната кредитна агенција Fitch Ratings, која е светски лидер во оценување на кредитниот рејтинг на финансиските институции. Со рејтинг БББ- ПроКредит Банка Македонија и оваа година го потврдува стабилното работење на банката, покажувајќи дека анализираните ризици се соодветно менаџирани и се на ниско ниво. ПроКредит веќе 20 години работи под ...

Во заедничките напори да поттикнат одржливи деловни практики, ПроКредит Банка во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) потпиша нова Кредитна линија зa финансирање во зелена енергија (ГФФ Македонија) прилагодена за малите и средни претпријатија. Се работи за кредитна линија од 3.5 милиони евра наменети за финансирање на бизнис инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Кредитната линија е наменета за ...

Дигиталната технологија сѐ повеќе влијае врз финансиската индустрија. Модернизацијата на плаќањата е особено изразена и зема сѐ поголем замав и во нашата економија. Според податоците од платежната статистика за 2023 година на Народната банка, забележано е зголемување на безготовинските платежни трансакции од 16%, во споредба со 2022 година, односно 87 трансакции по глава на жител. Според глобалната база на податоци „Финдекс“ на Светската банка, ...

Стопанска банка АД – Скопје известува дека на ден 03 јуни 2024 година г. Тони Стојановски поднесе оставка од позицијата член на Управен одбор и Генерален директор за корпоративно банкарство на Стопанска банка АД – Скопје. Тони Стојановски е вработен во Стопанска банка АД – Скопје од 2009 година. Тој е генерален директор за корпоративно банкарство и член на Управен одбор од март, 2020 година, а претходно, од 2010 година, ја извршуваше функцијата ...

ТТК Банка АД Скопје традиционално беше спонзор на детскиот фестивал „Јаболчиња“, кој се одржа викендов во Тетово. Домот на културата “Иљо Антески – Смок“ беше местото каде што изминатиот викенд царуваа детските мелодии, џагорот и смеата. “Фестивалот „Јаболчиња“ се одржа по 29-ти пат, а со нашата поддршка обезбедуваме континуирано одржување на еден од ретките детски културно-забавни настани во Тетово“, велат од ТТК Банка. ТТК Банка АД Скопје ...

Собранието на акционери на Стопанска банка АД – Скопје на седницата одржана на ден 31.05.2024 година донесе Одлука за распределба на добивката на Банката за 2023 година која воопшто нема да им се допадне на акционерите. Имено, во согласност со Одлуката за усвојување на Годишната сметка и Годишните финансиски извештаи на Стопанска банка АД – Скопје за 2023 година, Банката оствари нето добивка во износ од 3.469.600.437,00 денари или 56,4 милиони ...

Малите бизниси се столбот на економијата, но тие често се борат да ги обезбедат потребните финансии за да растат и да напредуваат. Традиционалните финансиски институции имаат строги барања и долги процеси на одобрување, оставајќи многу перспективни бизниси без поддршката што им е потребна. Поради тоа, потребни се флексибилни финансиски решенија, кои нудат различни опции за финансирање приспособени на уникатните потреби на стартапите во различни ...

Малите бизниси се столбот на економијата, но тие често се борат да ги обезбедат потребните финансии за да растат и да напредуваат. Традиционалните финансиски институции имаат строги барања и долги процеси на одобрување, оставајќи многу перспективни бизниси без поддршката што им е потребна. Поради тоа, потребни се флексибилни финансиски решенија, кои нудат различни опции за финансирање приспособени на уникатните потреби на стартапите во различни ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
93%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
3.09
75%
1014
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
73%
1013
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
64%
1014
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.81
92%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
82%
1013
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
6.17
77%
1016
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
0.96
95%
1014
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
94%
1013
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
2.68
88%
1018
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
3.6
76%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
4.63
63%
1018
Currency

61.5137

Currency

53.0854

Currency

69.7933

Currency

34.5571

Currency

37.9634

Currency

66.4195

Currency

7.47635

Currency

0.65544

Currency

0.34162

Currency

0.5252

Currency

1.25539

Currency

0.60035