Ремито на Победа Валандово со Дојранско Езеро ја зби трката на врвот во Третата лига – Регион 3. Каменица Саса со убедлив триумф над Хоризонт Турново се доближи на само еден бод до лидерот, а Академија Огражден со пресврт од 0:2 до 3:2 во Делчево остана во чекор со водечките. Победи во 10. коло забележаа и Овче Поле и Малеш. Победа Валандово – Дојранско Езеро 1:1 Стојанчо Наков во 21. минута ја доведе Победа во водство, но Филип Зајков во ...

Десеттото коло во Третата македонска фудбалска лига – Регион 3 (Исток) донесе возбудливи натпревари, неколку убедливи победи и нова неизвесност во борбата за врвот на табелата. Победа Валандово повторно не успеа да освои три бода, Каменица Саса и Огражден ја искористија ситуацијата, па разликата меѓу првопласираниот и неговите најблиски конкуренти сега е само еден бод! Лидерот Победа Валандово одигра 1:1 против Дојранско Езеро, што е втор ...