-ТППЕ Битола, во текот на денот имаше 10 интервенции, од кои 7 пожари и 3 технички интервенции во Кукуречани, Могила и на улица Солунска во Битола. Пожарот кој избувна во близина на детската градинка во населба Стрелиште, предизвика материјална штета на градинката, поради што контактирав со директорката на градинката за брзо преземање на потребните мерки, рече Коњановски -Голема благодарност за брзата интервенција на сите противпожарните ...

На 05.08.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода В.А.(43) од Битола, а на службен разговор го повикале неговиот малолетен син. Имено, околу 09.20 часот на ул.„Мирка Гинова" во Битола малолетникот со употреба на сила одзел паричник од А.И.(70) од Битола, а таткото се сомничи дека го поттикнал да го изврши делото. Набргу, по преземени мерки тие биле пронајдени и со нив бил извршен службен ...

Во гаснењето на пожарот во Стрелиште учествуваа и жителите од оваа битолска населба. Тие се вклучија самоиницијативно и со помош на хидрантите од станбените згради пуштија противпожарни црева и го изгаснаа пожарот кој стигна до самите згради во населбата. Денес беше навистина ризично во Стрелиште. Десетина пожари за само 3 часа гореа на различни локации низ населбата, а од противпожарната единица рекоа дека сите се подметнати. Во гаснењето ...

Во текот на првото полугодие од 2023 година вкупниот број на извршени кривични дела на подрачјето на Битола бележи намалување за 43%. Вкупниот број на поднесени кривични пријави бележи зголемување за 0,7%, а процентуално ефикасноста бележи зголемување за 12%. Како резултат на преземените низа мерки и активности на криминалистичката полиција на СВР Битола остварена е ефикасност од 47 % во делот на откриени сторителите на кривичните дела. Во текот ...

До сабота ќе се задржи многу топло време со натпросечна температура и со умерен, а во сабота засилен јужен ветер. Под влијание на атмосферски фронт во сабота попладне и во ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град. Од недела следува посвежо време со умерен, повремено ...

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска беше дел од државно-црковната делегација која за Илинден го посети манастирот „Св. Прохор Пчински“ во Република Србија, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година. Костадиновска-Стојчевска од „Прохор Пчински“ рече дека со почит кон нашата историја и со вера во нашата иднина, го славиме Илинден и ...

На втори и трети август годинава во периодот од 18.00 до 07.00 часот од страна на Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Ресен преземени се засилени мерки во сообраќајот односно спроведена е засилена контрола на возачи кои управуваат со возила под дејство на алкохол. Притоа констатирани се вкупно 17 прекршоци сторени од возачи кои управуваат под дејство на алкохол, а воедно изречени се и 10 мерки по останати прекршоци, ...

"Да си ја сакаш државата, значи да се бориш и да се избориш за нејзините перспективите и за перспективите на граѓаните. Така е добиена битката за слобода. За своја македонска држава. За свој македонски јазик. За признавање на македонскиот идентитет. Обединети ја добивме битката за членство во НАТО. Обединети можеме да ја добиеме и следната битка, полноправното членство во Европската Унија" рече премиерот Димитар Ковачевски во неговото обраќање ...

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, делегација од Советот, предводена од претседателката Габриела Илиевска, претставници на Сојузот на борци и политичките партии ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ПОДЕМ и Левица, по повод големиот државен празник Илинден, оддавајќи им почит на жртвите за денешната слобода, положија цвеќе кај споменикот на двата Илиндена пред Центарот за култура и Споменикот на илинденците во Храмот „Света Недела“. Градоначалникот ...

Во рамките на фестивалот Илинденски денови беа промовирани интерактивните дигитални мапи на недвижното културно наследство од османлискиот период во Битола. Станува збор за две засебни мапи на кои што на едната се претставени сакралните, а на другата профаните објекти. Мапите ќе им бидат од особена полза на наставниците при реализацијата на наставата, на оние кои што се занимаваат со промоција на градот, но и на сите заинтересирани за минатото. ...

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечер премиерно ќе ја изведе театарската претстава „Море на тишината“ чиј режисер е Оља Лозица од Хрватска. „Море на тишината“ е приказна која, како што велат од битолскиот театар, ја има несреќата да биде едноставно вистинита. -Тоа е приказна која е пренесувана со години, децении, векови од уста на уста, од колено на колено и од сукња на сукња. Но, за да биде вистинита, на начинот кој што главната хероина ...

Параклис посветен на пророкот Свети Илија е подгнат веднаш над Големото Езеро на Пелистер. Еден е од највисоко поставените христијански објекти посветени на овој светец. Верниците и планирите сметата дека нема посоодветно место од ова со оглед на тоа што го викаат громовник, а објектот е подигнат на надморска височина над од 2218 метри. Ова не е единствениот храм посветен на Св Илија, а подигнат на високи коти, тука се и манастирот во Крклино, ...

Со отворањето на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ вечерва (1.8.2023 г.) на Гумење во Крушево, под слоганот „120 години Илинден – Огниште на татковината“ и официјално почна чествувањето на големиот празник 2 Август, Илинден – Денот на Републиката. На отворањето на манифестацијата на која се обрати претседателот на Владата Димитар Ковачевски присуствуваше и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Ковачевски на ...

Во пресрет на големиот државен празник, Илинден, кога во државата се прославува Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ со што се конституира македонската држава, Владата донесе одлука за формирање две нови национални установи од областа на културата кои ги афирмираат личностите и настаните поврзани со Илинденскиот период и со македонската државност. Традиционалните активности со кои се слави слободата, победата, борбата и жедтта на ...

Интегрален текст од прес конференцијата на Градоначалникот Тони Коњановски Почитувани претставници на медиумите, Денешната прес конференција ја закажав со цел да Ве информирам, дека повторно на централно ниво се потврди, тоа на што предупредував уште пред одржувањето на седницата на Советот за ребалансот на буџетот. Буџетот усвоен од Советот е спротивен на Законот и не може да биде вчитан од Секторот трезор при Министерството за финансии. Ќе ...

На површина од 460 метри квадратни, започнаа активностите за адаптација и реконструкција на дел од поранешниот Дом за доенчиња и мали деца, кој ќе биде наменет за детска градинка. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид во почетните градежни активности, каде во наредните 10 месеци треба да се изврши оспособување на дел од објектот во детска градинка, во која ќе бидат згрижени 70 деца. Во август 2022 година, ...

Директорот Тасевски и стратешката група при БЈБ во СВР Битола и ГП „Меџитлија“: намален криминалитет за 26%, ефикасност на расчистување на кривичните дела од 43%, зголемување на протокот на патници за 60% За време на средбата, раководството на СВР Битола го брифираше директорот Тасевски дека во текот на првото полугодие од 2023 вкупниот број на извршени кривични дела на подрачјето на СВР Битола бележи намалување за 26%, споредбено со истиот ...

Се подготвува теренот кај Ветеринарната станица во Битола за изградба на новиот кружен тек. Се расчистува локацијата каде неодамна беа исечени повеќегодишните дрвја, а отстранета е и спомен бистата на војводата Александар Турунџев. Од Општина Битола посочија дека предвидено е нејзина дислокација во училиштето кое го носи неговото име во село Кукуречани Од Општината велат дека со кружниот тек ќе се растовари сообраќајот, ќе се зголеми безбедноста ...

-Изложбата е организирана по повод големиот јубилеј 120 години од Илинденското востание.-Ние му посветивме поголемо внимание на Битолскиот револуционерен округ како еден од главните чинители во Крушевската република, но исто така и во целиот Битолски региона. Станува збор за една компактна изложба, во која е прикажани луѓето и настаните кои се дел од Илинденското востание, кои исто така, одбележуваат една епоха во создавањето на Македонската ...

Секторот за внатрешни работи Битола информира дека на 01 и 02.08.2023 година (вторник и среда), поради одржување на прослава по повод националниот празник Илинден 2023 година во Крушево, ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот Од тие причини, СВР Битола ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, почнувајќи од 15.00 часот на 01.08.2023 година па се до 22.00 часот на ден 02.08.2022 година на ...

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 31.07.2023 година (понеделник) започнува етапната исплата на пензиите за месец јули. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во две групи, според висината на пензијата: За пензии со висина до 14.000 денари, исплатата се врши на 31.07.2023 година (понеделник); За пензии над 14.001 денари ...

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (30.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 75 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 26 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречена е една мерка за користење мобилен телефон при возење, 7 санкции за некористење на заштитна кацига -шлем... Сообраќајните контроли ...

Според информација од Битолската клиничка болница, двајца малолетници од тројцата повредени во тепачката кај Ракометното што се случила синоќа по полноќ, заради сериозноста на повредите се префрлени на лекување во Скопските клиники. „Двајца од повредните, малолетници, се пренесени на клиниките за Торакална хирургија и Дигестивна хирургија во Скопје. Едното е родено 2007, а другото 2006 година. Имаат повреди на градниот кош и абдоменот. Повредите ...

БИТОЛА – Одблиску ќе го следиме расчистувањето со криминалот со европските фондови во Македонија доколку истрагата на Европската служба против измами (ОЛАФ) има исход, порача денеска од Битола евроамбасадорот Дејвид Гир. Од вкупно 36 истраги на Западен Балкан, дури 18 се однесуваат на злоупотреба на европските фондовите во Македонија. Европската служба против измами (ОЛАФ) подготви седум препораки за европските институции и за македонските ...

Стерјовски е магистер по историски науки, претседател е и на друштвото „Сонце“, прв пратеник во албанскиот Парламент (16 мај 2019 до 9 септември 2021) кој јавно се декларира како Македонец и прв кој се обрати на македонски јазик во албанскиот законодавен дом. Моменто е професор на Универитетот во Корча. Во своето обраќање Стерјовски порача дека на Македонците во Албанија им е потребна силна и авторитетна македонска партија, која ќе биде народна ...

Во текот на изминатата ноќ во период од шест часа само на територијата на СВР Битола биле фатени 51 пијан возач, соопшти МВР. Акцијата била спроведена во периодот од 22 до 4 часот, а најголем дел од возачите под дејство на алкохол на територијата на СВР Битола биле откриени во Прилеп – 26. Во Битола биле фатени 10, во Македонски Брод пет, во Ресен четири и во Крушево и Демир Хисар по тројца. „За време на контролата биле санкционирани и 49 други ...

Почина македонскиот композитор, инструменталист и диригент, маестро Кире Костов. Тажната вест на социјалните мрежи ја споделиja неговите семејни пријатели, Мирјана и Драган Даниловски. Костов е роден 1949 година во Битола. Средно музичко училиште завршил во Битола. Уште во тој период активно учествувал во културно-забавното живеење на Битола. Натамошното школување го продолжил на Музичката академија во Белград, а потоа и на Факултетот за музичка ...

На големата сцена на Античкиот театар во Охрид вчеравечер во рамките на 63. „Охридско лето“ настапи славниот американски актер Џон Малкович во театарската претстава „Пеколна комедија: Исповеди на сериски убиец“. Брилијантната и долгоочекувана изведба на славниот Малкович предизвика бурни овации и ракоплескање кај публиката и сигурно ќе остане редок настан за паметење кој понуди магичен амбиент и уникатност, збогатувајќи ја реномираната ...

Маја Андоновска- Илијевски, директорката на Центaрот за култура во Битола, кој ги организира „Илиндевски денови“ на вчерашното свечено отворање на манифестацијата на платото пред Офицерскиот дом се појави облечена во македонска носија. Рецитирајќи стихови од песната „Печал“ на Коста Рацин таа пред гостите рече дека е облечена во уникатноста на македонската народна носија зашто така ја влечат смилевските корени на прадедовците и прабабите, ...

Вчера (26.07.2023) во периодот од 09.00 до 15.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 89 возачи. Од нив, 57 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 32 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
5.14
23%
1007
weather icon

Белград

32ᴼ / 32ᴼ
3.09
27%
1003
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
74%
1006
weather icon

Софија

32ᴼ / 31ᴼ
2.57
37%
1009
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
1.27
18%
1006
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 21ᴼ
0.87
89%
1005
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
6.17
47%
1011
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
6.69
40%
1010
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
5.14
27%
1010
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 32ᴼ
2.24
26%
1009
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
4.12
78%
1007
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
4.12
42%
1012
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641