„Новото утро нека нѐ исполни со радост, добро здравје и убави желби. Да се радуваме на веста која нѝ ја носи светлината, љубовта, милосрдието. Градењето позитивни промени, нека биде на добробит на сите нас, во текот на целата година. Да се почитуваме меѓусебно, да ги негуваме вистинските вредности, да создаваме добри дела кои со добрина ќе нѝ го исполнат животот. Посакувам овие празнични денови да ги поминеме во мир и разбирање, а секој дом да ...

Премиерот Ковачевски за празникот повика на солидарност, истрајност, лична одговорност. Во својата божикна честитка, тој вели: Раѓањето Христово – Божиќ симболизира нов почеток и нова можност, поискусни, помудри и со чисти мисли да пристапиме кон нови добри дела за добро за сите. Само солидарни, истрајни во вербата и со храбри чекори напред може да го постигнеме посакуваниот спокој и да осигуриме просперитет. Претседателот Пендаровски повика, ...