Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 14 возеле без возачка дозвола, меѓу кои двајца малолетници, а две лица под дејство на алкохол, информираат од Министерството за внатрешни работи. -Четири лица во Гостивар (еден малолетник) управувале возило без возачка дозвола, три лица во Штип, (еден бил и под дејство на алкохол), две ...
Во последното деноноќие регистрирани се вкупно девет пријави за семејно насилство и лишени од слобода се седум лица, информираат од Министерството за внатрешни работи. Во Гевгелија, вчера во 17:26 часот полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Б.С. (51) од Гевгелија, постпаувајќи по претходна пријава дека во викенд куќа во гевгелиско село физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга, при што ѝ нанел повреди ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев учествуваше на ЦЕФ Форумот 2026 на тема “Управување во услови на неизвесност и градење отпорни јавни институции“, кој се одржа денеска во Скопје под покровителство на Министерството за финансии, со учество на високи владини претставници, експерти и носители на политики од регионот и Европа. Во рамки на панел дискусијата посветена на лидерството и институционалната отпорност, Минчев, како што ...
Работната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржала десеттата седница, на која продолжило разгледувањето на предлозите за измени и дополнувања на Изборниот законик во согласност со обврските од Реформската агенда. Како што информираат од Министерството за правда, членовите на работната група ги разгледале препораките на ОБСЕ/ОДИХР кои произлегуваат од претходните изборни циклуси, при што најголемиот дел од препораките за ...
Силните јавни финансии не се само економска категорија. Тие се темелот врз кој се гради секоја успешна држава. Тие се предуслов за инвестиции во образованието, здравството, инфраструктурата, безбедноста и севкупниот развој на општеството. изјави премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите – ЦЕФ. Тој посочи дека овој јубилеј од 25 години постоење на ЦЕФ, ...
Ерата на Британскиот премиер Кир Стармер заврши откако денеска ја соопшти неговата оставка. Со видлива емоција и глас исполнет со тежина, тој објави дека се повлекува од функцијата британски премиер и лидер на Лабуристичката партија, ставајќи крај на едно турбулентно политичко поглавје. Стармер утрово разговарал и со монархот за оставката но нагласил дека ќе остане на функција до нов избор. Поднесувањето на кандидатури ќе започне на 9 јули и ...
Министерот за локална самоуправа Златко Перински оствари работна посета на Општина Петровец, каде одржа средба со градоначалникот Борче Митевски, членовите на Советот и општинската администрација. На средбата, како што соопштија од Министерството за локална самоуправа, се разговараше за актуелните потреби и предизвици со кои се соочува општината, како и за можностите што ги нуди Ресурсниот центар за поддршка на општините во насока на јакнење ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува бензините да поевтинат за 2,5 до 3 денари, а дизелот за 7 денари, но оти конечната одлуката е на Регулаторната комисија за енергетика. На новинарско прашање дали се очекува стабилизација на цените на бензините по мировните преговори меѓу САД и Иран и откако низ Ормускиот теснец веќе поминаа 55 бродови, Мицкоски посочи очекува во периодов цената да се движи околу 80 долари за барел. – ...
Ребалансот на Буџетот ќе се разгледува утре на седница на Владата, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, споделувајќи дека ќе има нагорна корекција на буџетскиот дефицит поради зголемените потреби за финансирање на капитални инвестиции. – Планот е утре на редовна владина седница да се разгледува ребалансот на Буџетот. Она што во овој момент можам да го кажам е дека ќе имаме одредена корекција на буџетскиот дефицит ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека денеска во Владата ќе има состанок со сите дистрибутери, трговци и маркети и како што рече ќе им упати порака оти кризата завршува и дека граѓаните биле толерантни, поради што, како што истакна, сега е на ред тие да им се одолжат и ги намалат цените на производите, посебно основните прехранбени производи. Додаде дека нема да прифати никакво оправување за да не постапат така како што се очекува од нив. ...
АД МЕПСО ги повикува земјоделците во периодот на наводнување и жетва, да бидат особено внимателни при користење на системите за наводнување, земјоделската механизација и другата опрема во близина на далекуводите од преносната мрежа. -Заради безбедност на луѓето и сигурност на електроенергетскиот систем , неопходно е да не се поминува со комбајни или друга робусна земјоделска механизација под проводниците на далекуводите, да не се поставуваат ...
Билатералните односи меѓу двете земји, процесот на европска интеграција на Македонија и можностите за продлабочување на соработката во области од заеднички интерес беа во фокусот на средбата на првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, со амбасадорката на Кралството Данска, Перниле Дахлер Кардел. Како што соопштуваат од кабинетот на министерот за европски прашања, министерот Сали изразил благодарност за континуираната поддршка што ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши утре во Софија ќе има билатерална средба со претседателката на бугарскиот Парламент Михаела Милчева Доцова на маргините на конференцијата на Процесот за соработка во ЈИЕ, на која ќе има обраќање. Гаши на денешниот брифинг со новинарите рече дека темите за разговор ќе бидат соработка на парламентарно ниво, бидејќи досега немало некоја интензивна соработка, а во однос на уставните измени, нагласи, дека ќе ...
Пресудите на Судот во Стразбур мораат да важат за сите земји. Доколку тие не се спроведуваат, треба да се размислува и за воспоставуваање механизам на притисок, па дури и закана за исклучување од Советот на Европа. Без нивно спроведување, Судот ризикува да стане проблематична институција. Ова е ставот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова што го порача пред претседатели на врховни судии од Централна и Источна Европа, на која имаше и ...
Маркетите мора да ги намалат цените, особено оние на основните прехранбени производи. Ова се очекувањата на премиерот кој денеска има состанок со трговците и дистрибутерите. Вели граѓаните имале трпение додека траеја поскапувањата, а сега е ред на продавачите, да ги спуштат цените надолу. Тој им порача дека доколку не го сторат тоа, Владата ќе преземе соодветни мерки и ќе ги стави на столбот на срамот, односно јавно ќе ги објави имињата на ...
Топлото време ги вжешти и телефонските линии на итната медицинска помош. Само изминатото деноноќие во Скопје имало повеќе од 80 интервенции. Најчесто посетите биле за колапси на јавни места, но помош барале и пацинети со акутни, кардиоваскуларни и белодробни заболувања. Според лекарите, високите температури и променливото време се најголема причина за зголемениот број на повици.Тие предуредуваат највнимателни да бидат старите луѓе, бремените ...
Нови снимки од уживањето на Зоран Заев на луксузната јахта, на Паљури, на првиот крак на Егејското море. На видео материјалите до кои дојде Алфа, се гледа поранешниот премиер со уште неколкумина, како се сонча на скапото пловило, но и како плива во чистите морски води. Според нашите информации човекот кој договори промена на името на Македонија, веќе неколку дена ужива на грчкото приморје, во близина на преубавата плажа Голден Бич, покрај ...
Нов ден, нови прозивки од опозициската СДСМ за две години Влада. Партијата со истата реторика повтоно ја напаѓа власта дека сиромаштијата расте, а платите стагнираат. Пратеничката Тренчевска оценува дека има нула исполнети ветувања. „Нема ништо од ветувањата на ВМРО за зголемен животен стандард, за повисоки плати, за достоинствен живот на социјално ранливите категории на граѓаните Македонскиот работник живее потешко, социјално-ранливите ...
Изменет режим на сообраќај ќе има утре на експресниот пат Штип – Радовиш, на делницата од клучката Софилари до клучка Долани. Министерството за внатрешни работи информира дека измените ќе бидат само утре и тоа во периодот од 5 до 9 часот, поради изведување на технички активности. -Во наведениот период, полициските службеници од ПС за Безбедност на Патниот Сообраќај-Штип ќе го пренасочуваат сообраќајот по регионалниот пат Штип – Радовиш, ...
Повеќе пари за патишта, железници и инфраструктурни проекти, а помалку за нови вработувања и тековни трошоци. Во Владата утре ќе се разгледува новото прекројување на државната каса, а министерката за финансии уверува дека повеќе пари ќе бидат насочени кон проекти што треба да го поттикнат економскиот развој и да ја забрзаат реализацијата на капиталните инвестиции. „За првпат ќе имаме зголемување на буџетскиот дефицит како резултат на ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, утре ќе отпатува за Софија, каде што ќе оствари билатерална средба со бугарската колешка Михаела Доцова, која ќе се одржи на нејзино барање. Состанокот ќе се одржи на маргините на седницата на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, организирана од Европската Унија. „Добивме покана од нив за билатерална средба, на која ќе разговараме за соработка на парламентарно ниво. Досега, имајќи ја предвид ...
Да, горивата сериозно поевтинуваат, бензините за 3.5 односно 4 денари, а дизелот за 7 денари по литар. Новите цени во просек се пониски за 8 до речиси 13%. Од полноќ 95-та ќе се продава за 84 денари, 98-та за 86, дизелот за 80.5, а екстра лесното масло за 79.5 денари по литар. И мазутот поевтинува и ќе чини 42,291 ден по килограм. Да, горивата сериозно поевтинуваат, бензините за 3.5 односно 4 денари, а дизелот за 7 денари по литар. Новите ...
Осомничените за криминалот во Фудбалската федерација на Македонија, тежок 2,4 милиони евра, нема каде да избегаат. Основното јавно обвинителство информира дека сите лица за кои постои сомневање за милионски злоупотреби во Федерацијата се обезбедени. Првоосомничен е Илчо Ѓорѓиоски, поранешен претседател на ФФМ. „Денеска се определени мерки на претпазливост за двајца осомничени и мерка куќен притвор за едно лице. Со ова, сите осомничени се ...
Првпат по шест децении, Струшките вечери на поезијата го менуваат терминот на одржување. Наместо традиционално во август, 65. издание на најголемата светска поетска манифестација ќе започне на 24 јуни. Причините се помали трошоци, подобри услови за гостите, но и надеж за поголема публика. Но, не само тоа – новиот датум носи и силна симболика. „Токму на тој ден се одбележува еден, би рекол, исклучително значаен јубилеј за нас, бидејќи се ...
Годинашното 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе се одржи во Битола од 19-25 септември, а лауреат на наградата Златна камера 300 е данскиот кинематографер Дан Лаустсен, соопшти денеска директорот на фестивалот Димитрија Доксевски. -Од 19 до 25 септември, Битола ќе биде домаќин на светската филмска елита предводена од еден од најголемите визуелни магнати на денешницата. Двапати номиниран за Оскар, но дефинитивно број еден во срцата на ...
Жетвата на јачменот во Штипско и Овче Поле е во полн ек, а речиси 50 проценти од површините веќе се ожнеани.Гоце Серафимов, потпретседател на Асоцијација на земјоделци, вели дека откупната цена, понудена од откупувачите е од 9 до 10 денари за килограм и е незадоволителна, бидејки не ги покрива трошоците за производство. Земјоделците во пресрет на жетвата на пченицата бараат откупната цена да не биде под 16 денари за килограм.Проценките, ...
Под мотото „Каде што живее поезијата“ од 24 до 29 јуни во Струга ќе се одржи јубилејното 65-то издание на најпрестижната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата. Отворањето на јубилејното 65-то издание на Струшки вечери на поезијата, како што истакна директорот Никола Кукунеш, ќе се одржи, на 24 јуни, датумот кога се одбележуваат 165 години од објавувањето на „Зборникот на народни умотворби“ од браќата Миладиновци (објавен на 24 ...
Изменет режим на сообраќај ќе има утре на експресниот пат Штип – Радовиш, на делницата од клучката Софилари до клучка Долани. Министерството за внатрешни работи информира дека измените ќе бидат само утре и тоа во периодот од 5 до 9 часот, поради изведување на технички активности. -Во наведениот период, полициските службеници од ПС за Безбедност на Патниот Сообраќај-Штип ќе го пренасочуваат сообраќајот по регионалниот пат Штип – Радовиш, ...
Во пресрет на летната сезона и зголемениот ризик од пожари на отворено, компанијата ОКТА втора година по ред ја продолжува иницијативата за поддршка на институциите и подигнување на јавната свест за превенција од пожари, обезбедувајќи донација на специјализирана заштитна опрема за пилотите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Како што информира компанијата, донацијата опфаќа напредна заштитна опрема – одела, јакни, ракавици и чизми – ...
Управата за јавни приходи (УЈП) го презеде едногодишното претседателство на Интер-европската организација на даночни администрации (IOTA) на свечена церемонија која се одржа во рамките на 30-тото Годишно собрание на организацијата во Будимпешта, информира денеска прес-службата на УЈП. Претседателството беше симболично преземено преку церемонијата на примопредавање на знамето на IOTA од в.д. директорката на Националната даночна и царинска ...