Насилен, доминантен, љубоморен и несигурен. Ова е прифилот на еден насилник. Секој кој ќе ги препознае овие карактеристики на една личност треба навреме да се заштити и да прекине секаков однос. Ова го посочуваат психолозите кога станува збор за секаков вид на насилство. -Главно анксиозно и депресивно растројство, намалена самодоверба кај жртвите. Чувство на вина и на срам за тоа што се случува. Многу често жртвите чувствуваат и вина зошто се ...

Просечната нето плата поголема за цели 8.000 денари за двегодишниот мандат на владата. Пратеникот на Вмро-ДПМНЕ, Бојан Стјаноски вели дека официјалните статистички податоци потврдуваат дека платите во Македонија бележат значителен раст. Ако во март 2024-та година, просечната нето плата во земјава изнесувала 40.496 денари, во март годинава достигнала 48.433 денари. Тоа е пораст, вели Стојаноски од речиси 20%. „Тоа значи дека за две години ...

Охрид се поврза со Виена.На аеродромот „Св.Апостол Павле“ слета првиот авион на „Аустриан Ерлајнс“, со што и официјално започна новата редовна авиолинија меѓу Виена и Охрид. Летовите ќе се реализираат двапати неделно секој четврток и недела.Со новата линија, од Охридскиот аеродром сега се покриваат вкупно 16 авиолинии, од кои 13 редовни, а три се чартер летови. “Виена е од исклучително значење за деловните патувања. И за туризмот но и за ...

Летото и календарски започна, иако високите температури веќе некое време го диктираат дневниот ритам и се порано ги празнат улиците и парковите. Повозрасните граѓани меѓу првите се засолнуваат под сенка и ги прилагодуваат дневните активности и исхраната на жештините. Па добро ние сме во ризична група прво, болни, имаме проблем со притисок, јас повеќе дома седам, не знам за другите, од сабајле излегувам, значи кога е вака малку пријатно. ...

Полн со критики, но без какви било предлози за решавање и надминување на проблемите, за кои вели, дека ги создала владата на премиерот Мицкоски. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по повод две години од владеењето на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, ги броеше слабостите во работењето на Владата. Според Филипче, ВМРО ДПМНЕ им ветувала европска иднина на граѓаните, а им донела само изолација. Паричниците и фрижидерите на граѓаните сега ...

Езерото ги спојува, проблемите ги обединуваат – Охрид, Струга и Поградец во битка за зачувување на природниот бисер. Загадувањето, неконтролираната урбанизација на крајбрежјето, состојбата со плажите и зачувувањето на статусот под заштита на УНЕСКО беа главните теми на кои разговараа градоначалниците на Охрид, Струга и Поградец. На Денот на Охридското Езеро – 21 јуни, претставниците на трите езерски градови испратија порака дека грижата мора ...

Импозантната зграда на прилепската Пошта, која датира уште од 1979 година, по децениска целосна запоставеност, ќе биде реновирана. Ова станува приоритет по повеќегодишното руинирање на објектот, а особено по кражбата на покривните бакарни плочи на зградата, што се случи пред неколку месеци. Според директорот на Македонски пошти, реновирањето на поштенските згради низ земјава ќе се одвива согласно степенот на нивната руинираност. „Другиот ...

Основното јавно обвинителство Штип донела Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило други полови дејствија врз 16-годишно девојче, казниво според член 186 став 7 во врска со став 5 и став 1 од Кривичниот законик. -На 18 јуни, додека жртвата се движела по пешачката патека покрај реката Брегалница во Штип, осомничениот започнал да ја следи. Девојчето, чувствувајќи се непријатно, ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти државното Јавно обвинителство, осомничениот 56-годишник подолг временски период психички и физички ја малтретирал сопругата и нивните две деца на возраст од 18 и 15 години. -Иако постојано манифестирал агресивно однесување, домашните од страв не ...

Од утре следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда, кои наместа ќе бидат 15 литри на квадратен метар. Како штп соопшти УХМР, процесите локално ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Од утре следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи ...

Општина Дебар започна со реализација на еден од значајните инфраструктурни проекти за градот, изградба на јавни паркинзи, со цел подобрување на сообраќајниот режим, зголемување на безбедноста во сообраќајот и создавање подобри услови за граѓаните и посетителите на градот. -Основниот проект за паркинзи во град Дебар (Книга 1 – Паркинг 2 и Паркинг 3) претставува инвестиција со вкупна вредност од 16.215.470 денари. Ќе се изгради простор со 250 ...

Зоран Ѓоргиев, публицист и истражувач од Битола ја промовира книгата „Приказните од Широк сокак“, во која е фокусиран на куќите на главната битолска улица и старите битолски фамилии чии судбини, како што посочува авторот Ѓоргиев, се вткаени во Широк сокак. На промотивниот настан во Битола, авторот Ѓоргиев истакна дека Широк сокак отсекогаш бил повеќе од улица, тоа е место каде се среќавале генерации, каде се раѓале љубови и пријателства, каде ...

Општина Крива Паланка спроведе награден конкурс за кратки видеа со еколошки пораки на тема „Реката не е депонија – твојата одлука прави разлика“, во рамки на проектот „Интегрирање на родовата перспектива во обезбедување на локални услуги во Југоисточна Европа преку НАЛАС“ поддржан од НАЛАС и ЗЕЛС, а финансиран од UN WOMEN. Tрите најкреативни видеа со најсилна порака согласно критериумите добија парични награди. -Во рамки на проектот Општина ...

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишиле од слобода седум лица кај кои била пронајдена дрога. Како што посочуваат од МВР, вчера во 10:30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.С.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Вчера во 12:20 часот на ...

За ВЛЕН, културата не е само уметност, туку вредност што ги обединува граѓаните и го зајакнува идентитетот на општеството. Спектакуларниот концерт на Филхармонијата на Македонија, кој собра илјадници граѓани во Градскиот парк, ја потврди токму оваа моќ на културата да ги зближува луѓето надвор од сите разлики, пишува Влен во соопштение. Со три оркестри, три хора и повеќе од 200 музичари на сцената, оваа извонредна вечер потврди дека ...

Официјалните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека индустриското производство во 2026 година бележи раст од 7,6% во однос на 2025 година, при што целокупната економска активност останува во позитивна зона, со раст од 0,2%. Ова е резултатот на економските политики на Владата, насочени кон конкретна и реална поддршка на домашните компании. Преку оваа поддршка расте производството, се зголемува индустрискиот промет, се ...

Учениците кои во првиот јунски рок не се запишаа во средно образование од учебната 2026/2027 ќе може да аплицираат на второто приојавување овој месец – во вторник, 23 јуни. Аплицирањето е електронски по што наредниот ден, 24 јуни, ќе се доставува потребната документација до училиштата. Според роковите од Конкурсот на МОН, ранг-листа со резултати од запишувањето треба да биде објавена на 25 јуни до 12 часот на јавно место во училиштето и/или ...

Воведувањето на авиолинијата Виена – Охрид има огромно значење за Охридскиот аеродром. Ќе придонесе за поголем број странски туристи и за економски равзој на Охрид и Охридскиот Регион, оценува вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид утрово слета првиот авион на „Аустриа Ерлајнс“, со што и официјално започна да функционира новата редовна авиолинија Виена – Охрид. Линијата ќе се ...

Македонски државјанин е главниот осомничен и го признал убиство на 45-годишна жена, сопственичка на станот во кој бил потстанар во близина на Ханија на грчкиот остров Крит, а која на 30 мај исчезна, додека пак нејзиното тело утрово беше пронајдено. За исчезнувањето на жената од селото Агиа кај Ханија, 45-годишната Ставрула Левендаки, на почетокот на месецов беше издаден „missing alert“, а потстанарот во нејзината куќа бил и последниот кој ја ...

Почитувани, официјалните податоци потврдуваат дека платите во Македонија бележат значителен раст. Во март 2024 година просечната нето-плата изнесувала 40.496 денари, додека во март 2026 година достигнала 48.433 денари. Тоа значи дека за две години просечната нето-плата е зголемена за близу 8.000 денари, односно за 19,6 проценти. Во истиот период, растот на цените изнесува 7,8 проценти. Кога растот на платите ќе се коригира со растот на ...

Почитувани, Венко Филипче денес покажува дека не е ништо поразличен од Зоран Заев, туку само продолжение на истата политика која беше подготвена на секакви отстапки за да остане или да дојде на власт. Додека СДСМ беше на власт, Заев и неговите соработници прифаќаа договори и обврски без јасни гаранции за заштита на македонските национални интереси. Денес Филипче оди чекор понатаму и отворено ги релативизира бугарските барања, тврдејќи дека ...

Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови во северозападните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен северозападен ветер. Како што соопшти Управата за ходрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. ...

Летото во Македонија и на северната хемисфера на Земјата почнува денеска во 10 часот и 24 минути. Во истиот момент, на јужната полутопка ќе настапи зимата. Денеска е летниот солстициј – астрономски момент што го означува почетокот на најжешката годишна сезона и долгодневицата, кога денот е најдолг, а ноќта најкратка. Во Скопје, Сонцето изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денот ќе трае 15 часа и 14 минути. На ...

На денот на летната долгодневица, рано утрово министерот за култура и туризам Зоран Љутков присуствуваше на археолошкиот локалитет Кокино, каде што го следеше изгрејсонцето – редок природен и астрономски феномен што со векови го привлекува вниманието на научниците, истражувачите и посетителите. На настанот, организиран од Музејот во Куманово, покрај министерот Љутков, присуствуваа и директорката на Музејот во Куманово, Марија Живачки, ...

Кога сме подолг период изложени на стрес, доаѓа до промени во лачењето на кортизолот и другите стресни хормони. Тоа може да доведе до нарушување на имунолошката рамнотежа и до несоодветен одговор на имунолошкиот систем. Токму поради тоа, кај одредени лица може да се активираат или влошат автоимуни заболувања, нагласува во интервју за МИА доц. д-р Емилија Секулоска, директор на Универзитетска клиника за ревматологија во Скопје. – Покрај ...

На Охридскиот аеродром „Апостол Павле“ денеска ќе се реализира првиот лет од Виена до Охрид на авиокомпанијата „Austrian Airlines“ со што и овој меѓународен аеродром во земјава се поврзува со уште една европска престолнина. По тој повод најавена е прес-конференција на генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, заменик -шефот на Мисијата во Австриската амбасада во Скопје, Матијас Хуменбергер и Штефан Линхарт, виш директор за продажба ...

До крајот на годинава, или најдоцна до почетокот на наредната, се очекува да биде распишан тендерот за изградба на современата Регионална депонија во Новаци. Дотогаш, се забрзува со сите други подготвителни активности во 18-те општини од Пелагонискиот и Југозападниот регион кои ќе бидат опфатени со оваа депонија, под будно мониторирање на ЕУ, бидејќи станува збор за средства и грантови од ЕБРД, уверуваат од Министерството за животна средина. ...

Парада на гордоста попладнево се одржа во Скопје. Собирот кој се одржува по осми пат, започна во 19:00 часот од кај Фонтаната во Градскиот парк, а заврши во Жена парк. „Скопје Прајд 2026“, како што посочија организаторите, претставува протестен марш за човекови права, еднаквост и достоинствен живот со порака за видливост и солидарност. -И оваа година останува форматот на протестна поворка која почнува тука од пред фонтаната Лотус и преминува ...

„Ни ден ни ноќ“ е новата поетска книга на Ивица Челиковиќ, објавена во издание на „Феникс“. Книгата е негово најново поетско остварување и десетта поетска книга во неговиот богат творечки опус. „Ни ден ни ноќ“, како што посочува издавачот, е поетско дело што тивко, но длабоко навлегува во просторот меѓу стравот, сеќавањето и човечката надеж. Овие песни не се обидуваат да дадат одговори, туку го осветлуваат немирот што останува во човекот кога ...

На територијата на државата денеска до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои сè уште активен е пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, додека девет се целосно изгаснати. Како што соопшти ЦУК, целосно изгаснати се пожарите во: Општина Сарај, кај селото Грчец, во близина на вилите од викенд-населбата, каде горела ниска вегетација; во Општина Бутел, во Визбегово, каде гореле дива депонија ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.39
46%
1016
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
55%
1015
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
0.24
67%
1014
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
1.15
45%
1018
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.79
55%
1017
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.45
89%
1015
weather icon

Атина

26ᴼ / 25ᴼ
6.26
48%
1010
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.66
28%
1012
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.07
46%
1013
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 20ᴼ
0.89
70%
1018
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
0.45
48%
1015
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 23ᴼ
6.9
62%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.4759

Currency

71.8859

Currency

37.5392

Currency

38.1812

Currency

66.1956

Currency

7.92777

Currency

0.6754

Currency

0.3363

Currency

0.52558

Currency

1.12633

Currency

0.56106

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Сребро

1853.71

Бакар

13.08

Калај

54.92

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Злато

129943.67

Платина

52855.83

Алуминиум

3.19

Паладиум

40381.34

Родиум

265243.66