Министерството за здравство почнува координирани активности за јакнење на услугите на здравствените установи за откажување од тутунот. Министерството во соработка со Светската здравствена организација и со Институтот за јавно здравје, Центрите за јавно здравје, локалната самоуправа, здравствените домови низ земјава ќе преземе чекори за поголема достапност на советувалишта за откажување од пушењето. Фокус е ставен на младата популација, а ...

13,6% од децата на 13 годишна возраст во Македонија пушат цигари, вејпови и електронски цигари – ова е најголемиот процент на млади пушачи евидентиран до сега според истражувањата на СЗО. 45% проценти од македонското население се активни корисници на тутунски производи, а годишно приближно околу 12 илјади умираат од болести каде пушењето може да биде причина. Од Институтот за Јавно здравје велат дека уште позагрижувачки е фактот дека само 17% ...

Имаме нормална инфлација со оглед на кризата во светски рамки, која не е на алармантно ниво за да се ограничат маржите или цените. Ситуацијата постојано се следи и ако има потреба, Владата ќе ги спроведе сите законски можности и решенија. Нормално е да има мало покачување на цените на одредени производи, но сето тоа е дозволиво доколку е економски оправдано, изјави денеска заменик-министерот за економија, Марјан Ристески. Како што истакна ...

Советот на Општина Делчево го усвои Општинскиот енергетски план (ОЕП) за 2027 година, кој претставува стратешки и оперативен документ за планирање, управување и развој на локалниот енергетски сектор. Основната негова цел како што беше кажано на 11. седница е воспоставување систематски, ефикасен и одржлив пристап кон управувањето со енергијата на локално ниво, преку рационално користење на ресурсите, намалување на трошоците и зголемување на ...

Апелациониот судија Ѓоко Ристов, кому истражителите му најдоа 350.000 евра скриени во ѕид во домот на неговите родители во Неготино, денеска на почетокот на судскиот процес во Кривичниот суд се изјасни како невин за кривичните дела што му се ставаат на товар. – Не се чувствувам виновен ниту за првото, ниту за второто кривично дело со оглед на правната квалификација, изјави Ристов пред судот. Обвинителката Искра Хаџи Василева, пак, тврди дека ...

Времето утре и во сабота ќе биде стабилно и со пониски дневни температури. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Од недела се очекува постепен пораст на температурите, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Времето утре и во сабота ќе биде стабилно и со пониски дневни температури. Ќе дува умерен до засилен ...

Полициските службеници од дебарското одделение за внатрешни работи лишиле од слобода дебранка, поради лажна пријава за семејно насилство, а поднесена е кривична пријава против дебранец за узурпација на земјите, покрај Дебарско Езеро, сопственост на ЕСМ. -Синоќа во 22:10 часот полициски службеници ја лишија од слобода 40-годишната С.Р. од дебарско село затоа што претходно во полициска станица лажно пријавила семејно насилство по член 366 од ...

Ја игнрорираат и газат врз волјата на граѓаните, а сега им текна да ги прашуваат што мислат они. Венко Филипче и СДСМ имаат најмалку право да бараат или зборуваат за референдум за било кое прашање, а најмалку за теми кои се однесуваат на надворешната политика и идентитетските прашања. Крајно лицемерие е партијата која го потпиша преспанскиот договор, договорот за добрососедство и го прифати францускиот предлог без да консултира било кого, а ...

Управувањето со јавниот долг, особено кога нивото е блиску до психолошката граница од 60 отсто од БДП, бара особена внимателност. Токму затоа оваа Влада е целосно посветена на зачувување на стабилноста на јавните финансии, паралелно со обезбедување средства за развој на државата, истакна заменик министерот за финансии, Николче Јанкуловски во одговор на пратеничкото прашање на Фатмир Битиќи од СДСМ, кој праша во каква состојба е буџетот на ...

Навистина е неверојатно колку лесно денес некои адвокати бараат трагедијата со 63 мртви деца да се прогласи за „несреќа“. Несреќа е кога природата ќе удри без предупредување, но кога со години институции дозволуваат небезбеден објект да работи, тоа не е несреќа, тогаш тоа е системско замижување, изјави Александар Наунов, татко на загинатата Надица во пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани. Наунов, во изјава за медиумите на паузата на ...

Прво спроведување на уставни измени, а потоа редефинирање на историјата и идентитетот. До таму е спремен да оди специјалниот бугарски пратеник на Румен Радев, Венко Филипче, истакна на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. Филипче е на иста линија со Виктор Стојанов од фондацијата “Македонија”, која дејствува во Македонија ширејќи говор на омраза кон Македонците, негирање на македонскиот идентитет и претставување ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска најави дека многу скоро пратениците ќе имаат можност да гласаат за законот за правична застапеност, дека секој има право да го користи својот мајчин јазик, но некој се обидува да создава етнички конфликт каде што го нема и со тоа се остава лош пример. Премиерот нагласи дека државата се гради кога се поддржуваме едни со други. – Многу скоро овде во Парламентот ќе имате можност да го гласате ...

Студенти од Академијата за графички дизајн од Семос Едукација изработија креативни постери со пораки за емпатија, поддршка и солидарност кон лицата со мултипла склероза, по повод Светскиот ден на мултипла склероза. Иницијативата е реализирана во соработка со Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза, со цел да се придонесе кон подигнување на јавната свест за оваа состојба и намалување на стигмата. Проектот го ...

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите. Ова го овозможуваат законските измени кои вчера стапија во сила, а денеска беа промовирани пред претставниците на винариите. Лимитот на поддршката е до еден милион евра во наредните пет години. -Ова е историски ден за Македонија, бидејќи прв пат откако постои Законот за финансиска поддршка на инвестициите, производителите на вино во рефус или ...

Во рамки на теренската посета „Блиску до народот – доследни на зборот“, во организација на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во општина Кисела Вода се одржала средба со граѓаните кои ги споделија своите идеи, предлози и проблеми, информира денеска прес-службата на Град Скопје. На средбата присуствувале претставници на институциите, директори на јавните претпријатија, како и градоначалничката на ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, синоќа во гостувањето во Дневникот на Сител телевизија говореше за новиот правилник и ценовник на Јавното претпријатие за паркинзи на Општина Центар, истакнувајќи дека целта е подобрување на условите за паркирање, поголем ред и фер пристап за сите жители. Герасимовски посочи дека Центар е најфреквентната општина во државата, со огромен број возила кои секојдневно доаѓаат и транзитираат ...

Осумдесет и петгодишна жена го загубила животот во пожар што ноќеска избувнал во куќа во скопската населба Пинтија. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, ноќеска во 01:48 часот во СВР Скопје било пријавено дека избувнал пожар во куќа сопственост на С.К.(45), во која живеела и нејзината мајка М.В.(85). Од здобиените повреди во пожарот, М.В. починала на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска ...

Со прогласување на добитниците на наградите „Златен був“ за најдобар долгометражен и краткометражен филм од жири и од публика, како и на специјалното признание „Стефан Сидовски-Сидо“, во МКЦ вечер ќе биде спуштена завесата на 16. издание на Филозофскиот филмски фестивал. Годинешното жири го сочинуваа домашни и меѓународни познавачи на филмот и филозофијата: Габриеле Зиндлер (скрипт-експерт, Австрија), Адријано Ерколани (филозоф и новинар, ...

Министерството за внатрешни работи информира дека воведува кодекс за облекување за сите вработени и странки кои ги посетуваат објектите на Одделот за граѓански работи. Како што соопштуваат од МВР, целта на кодексот е одржување на професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит. -Како институција која е постојан сервис на граѓаните, веруваме дека соодветното облекување придонесува кон подобра работна атмосфера и ...

Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Пред Судот беа презентирани докази за објектот, неговата сопственост и движење на имот – целокупната фактичка, правна и сопственичка историја на објектот каде се наоѓала дискотеката Пулс. Во судница беа презентирани 19 записници од вршење увид од ...

Од 1 октомври студентите ќе бидат сместени во реконстуираните студентски домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“, а до септември најдоцна се очекува да почне реконструкција и реновирање на сите други студентски домови во Македонија – изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, која изврши увид во градежните активности за темелна реконструкција на студентски дом „Стив Наумов“ во скопската населба Автокоманда. ...

Потрошувачката кошничка е готова, беше дадена на Економско-социјалниот совет (ЕСС), очекуваме позитивни сигнали од сите и ќе почнеме да ја пресметуваме, изјави денеска заменик министерот за економија, Марјан Ристески. -Потрошувачката кошничка не е некој пандан на синдикалната минимална кошничка, едноставно ќе биде врз база на релевантни показатели, не само од Државниот завод за статистика, туку и од сите други институции во државата – од ...

„Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“ е тема на 4. Форум за културна дипломатија Скопје 2026 кој свечено е отворен денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Го организираат Кабинетот на поранешниот претседател на Македонија Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите од Скопје и Институтот за културна дипломатија од Берлин, со поддршка на ...

По повод одбележувањето на Светскиот ден на Мултиплекс склероза (МС), Мобилност Скопје со поддршка од страна на град Скопје, единаесетти пат организира мирен марш за силно поткревање на гласот на лицата со МС, Параплегија, Дистрофија и Детска парализа, како и успешно подигнување на јавната свест за овие дијагнози и состојби, постојаната борба за остварување на нивните права и создавање кохезија со заедницата за еднакви можности. По тој повод ...

Во 2025 година, вистинското работно време на работниците со полно и скратено работно време во ЕУ на возраст од 20 до 64 години во просек изнесувало 35,9 часа, што е намалување од еден час во однос на 2015 година, објави Евростат. Во Македонија, пак, вистинското неделно работно време било 39,5 часа. Од земјите во нашето соседство, според достапните податоци на Евростат, подолга работна недела има во Србија 41,3 часа и во Босна и Хдрцеговина ...

Конвенционалната дипломатија многу често зборува со јазикот на интересот и затоа зад нејзините прагматични цели лесно може да се појават сомнежот и поделбите. Културната дипломатија е ослободена од тој товар бидејќи не бара ништо за возврат. Таа единствено се обраќа на човечката душа и дух, создавајќи простор каде што се рушат стереотипите и предрасудите, истакна вечерва претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова во обраќањето во ...

Претседателката на здружението “ВМРО ДПМНЕ Албанија”, Елена Симонофски и познатиот активист за правата на Македонците во Албанија, Едмонд Темелко, денеска оствариле средба со министерката за образование и наука, Весна Јаневска. “На средбата разговаравме за прашања од исклучителна важност за македонската заедница во Албанија. Меѓу другото за унапредување на наставата по македонски јазик во Албанија, доквалификација на наставниот кадар и ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 километри на час) и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степена. Во Скопје, променливо ...

„Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“ е тема на 4. Форум за културна дипломатија Скопје 2026 кој свечено ќе биде отворен денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Го организираат Кабинетот на поранешниот претседател на Македонија Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите од Скопје и Институтот за културна дипломатија од Берлин, со поддршка на ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе изврши увид во градежните активности за темелна реконструкција на државниот студентски дом „Стив Наумов“ во скопската населба Автокоманда. Јаневска пред два месеца изјави дека привршува реконструкцијата на студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје и дека од новата академска 2026/2027 година очекува во нив да почне сместувањето на студентите. – Од 1 ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
79%
1020
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
1.04
76%
1019
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.58
84%
1019
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.13
83%
1021
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
1.04
60%
1019
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
0.86
89%
1020
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
0.89
59%
1016
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.29
70%
1018
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.92
69%
1019
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.45
71%
1019
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
59%
1018
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
3.4
100%
1019
Currency

61.645

Currency

53.0919

Currency

71.3111

Currency

37.5436

Currency

37.9456

Currency

66.9633

Currency

7.85443

Currency

0.73248

Currency

0.33094

Currency

0.52511

Currency

1.14648

Currency

0.56142

Кобалт

45.39

Калај

54.89

Паладиум

42889.10

Платина

57581.99

Цинк

0.00

Бакар

13.02

Злато

139701.84

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.35

Сребро

2263.61

Рутениум

48965.59