Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ и член на претседателството на ССМ преводено од Слободан Трендафилов, организираше спортски игри кои траеле 4 дена во Чањ, Црна Гора и за кои биле потрошени 60.000 евра, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Раководството на ССМ целосно го има изгубено компасот и не живее во реалноста, затоа што Деаноски наместо борба за работниците и заштита на работничките права, тој по стапките на Трендафилов се повеќе се ...
Километарски колони, десетици туристички автобуси, доцнења и чекања со часови за влез во Грција е ситуацијата претпладнево на граничниот премин Евзони/ Богородица, според медиумите од Солун, кои пишуваат дека туристите се соочуваат со непријатности и задржувања поради биометриските контроли. Утрово, според медиумите, чекањето за патничките автомобили било околу два часа, а за туристичките автобуси дури и повеќе од пет часа, предизвикувајќи ...
Меморандум за соработка меѓу Општина Крива Паланка и општина Перечин, Украина, е потпишан во рамки на официјалната посета на градоначалникот Сашко Митовски на збратимениот град, по повод одбележувањето на 627 години од неговото постоење. Во текот на посетата, како што информираат од Општина Крива Паланка, се одржани работни и пријателски средби, како и присуство на свеченостите по повод празникот на градот, при што е потврдена континуираната ...
Ја заокружуваме целокупната консултативна и институционална постапка за Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи. Ова не е закон што се носи набрзина, ниту закон што се носи без слушање на засегнатите страни. Напротив, ова е закон што помина низ широка, инклузивна, детална и аргументирана постапка на усогласување меѓу државните институции, со инспекциските и надзорните органи, со претставниците на ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува стабилизирање на цените и поевтинување на дизел горивото за 6,5 денари. За утре најави онлајн владина седница, а, како што рече денеска, одговорајќи на новинарски прашања, земјава ќе остане со убедливо најниски цени на горивата. -Утре во текот на денот ќе имаме онлајн владина седница. Според нашите пресметки, врз основа на анализите како се движеа цените на светските берзи изминатите две недели, односно ...
Промени на уставот за внесување на Бугарите, без гаранции од ЕУ во форма на заклучоци – нема да има, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Сите се сеќаваме дека последните измени на уставот за промена на уставното име, ги направија Филипче и Заев, откако претходно беа убедувани дека тоа е последниот чекор на Македонија и утре дента ние влегуваме во ЕУ. Да ја потсетиме јавноста дека СДСM и ДУИ тогаш промовираа уставни измени за промена на името, ...
Деветнаесетгодишен мотоциклист им подлегна на повредите здобиени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на крстосницата од булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“ во Скопје. Како што информираат од МВР, во несреќата учествувале патничко возило „ауди а4“ управувано од Н.Х.(31) од село Визбегово и два мотоцикла – „бмв“ управуван од М.Ф.(19) и „хонда хдв“ управуван од Н.Б.(21), двајцата од Скопје. Мотоциклистот М.Ф. се здобил ...
Во рамки на студиската посета во Париз, делегацијата составена од претставници на Министерството за јавна администрација, Центарот за управување со промени, Агенцијата за администрација и Министерството за дигитална трансформација, изминатите денови оствари работни средби со претставници на Директоратот за јавна администрација на Франција (DGAFP), Институтот за јавен менаџмент и економски развој (IGPDE) и Директоратот за дигитални работи ...
Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи во вторник треба да се разгледа на владина седница, по што се очекува, во најбрз можен рок, да помине и во Собранието. Како што рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на завршниот состанок со претставниците од тутунската индустрија и угостителскиот сектор, законот ќе стапи во сила веднаш, освен одредбата согласно која угостителите треба да ги преадаптираат и ...
Поголемо поевтинуваање на дизелот од вторник. Премиерот Мицкоски очекува Регулаторната комисија за енергетика да одлучи во понеделник цената на дизелот да се намали до 6 и пол денари по литар, а бензините да останат со исти или благо покачени цени за половина денар. Истовремено Владата ќе ги продолжи мерките за заштита на животниот стандард на граѓаните, а преговара и со ОКТА да обезбеди попуст за првата половина од јуни. Ќе се изгласа ...
Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите, а утре ја празнуваат Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден што црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и ...
Во Нови Сад попладне со свечена академија ќе бидат одбележани „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“. На свечената академија ќе се обратат македонскиот премиер Христијан Мицкоски, претседателот на српската Влада Ѓуро Мацут, претседателката на покраинската влада на Војводина Маја Гојковиќ, како и претседателката на Национален совет на македонското национално малцинство во Србија Зорица Митровиќ. На 25 мај премиерот на Србија ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен северозападен ветер (над 40 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 30 степени. Во ...
Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу по повод Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи ќе одржат состанок со еснафските здруженија и заинтересирани страни. Средбата, како што информираат од владината прес-служба, ќе се одржи во Свечената сала во Владата. Предвидено е обраќање да има премиерот Мицкоски. Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу по ...
Со детска едукативна тура и забавни активности за најмладите, денеска стартува програмата во рамки на 44. традиционално искачување на Титов Врв на Шар Планина, што го организира Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово. Како што е најавено, повеќе од илјада планинари од земјава и регионот се очекуваат викендов да учествуваат на главното искачување, кое ќе се одржи на 31 мај. Настанот, кој важи за една од најмасовните планинарски манифестации во ...
Под покровителство на Град Скопје, Детскиот културен центар „Карпош“трет пат го организира Фестивалот на детски мјузикли што ќе се одржи од денеска до 1 јуни во кино „Фросина“. Фестивалот почнува во 19:00 часот со мјузиклот „Убавицата и ѕверот“ што ќе се изведе премиерно, препеан на македонски јазик од Студиото за детски и младински мјузикли Бродвеј Јуниор од Скопје, под раководство на Наташа Јанкова. -Целта на овој фестивал е да се афирмира ...
Во 2025 година деловните субјекти зафатиле 6.067 милиони кубни метри вода, од кои 3.096 милиони кубни метри биле користени, а 3.046 милиони кубни метри се испуштени како отпадни води, при што само 629 милиони кубни метри, односно 20,6 проценти биле пречистени. Вкупната зафатена вода е намалена за 11,3 проценти во однос на 2024 година. Според потеклото, речиси половина од водата или 49,7 проценти, е зафатена од површински извори. Последните ...
Продажните цени на производителите на индустриски производи во април 2026 година вкупно се зголемени за 0,6 отсто во однос на претходниот месец и 5,1 процент во однос на истиот месец претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот и на странскиот пазар во април 2026 година во однос на претходниот месец се зголемени во секторот Преработувачка индустрија за 0,7 ...
Радовиш викендов ќе биде домаќин на јубилејното 50. издание на меѓународниот боречки турнир „Македонски бисер“, при што паралелно со натпреварувачката програма е предвидена и богата забавна содржина за посетителите. Настанот започнува од 10 часот со квалификациски борби во спортската сала „25 Мај“, на кои ќе настапат натпреварувачи од повеќе од десет земји. Финалните борби се закажани за 17:30 часот. Паралелно, од 13:30 часот на платото пред ...
Утрово е најстудено во Берово, 3 степени, а максимални 11 се измерени во Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија. Како што информира УХМР; до 08:30 се измерени и 4 степени во Лазарополе и на Попова Шапка, 5 во Крива Паланка и Mаврови Анови, 7 во Скопје-Петровец, Претор и Битола, 8 во Тетово, Демир Капија и Kрушево, 9 во Охрид, Штип и Куманово, како и 10 степени во Велес, Виница, Струмица и Кавадарци. Времето денеска ќе биде сончево со мала локална ...
Вкупното производство и уловот на риба во 2025 година изнесувале 1 992 тона што во однос на 2024 година претставува намалување за 19,5 отсто. Како што информира Државниот завод за статистика, намалување бележи и производството од аквакултура кое во 2025 година изнесувало 1 847 тони што е пад за 21 процент во споредба со 2024 година. Во 2025 година уловот од внатрешни води изнесува 145 тони и бележи зголемување од 5,1 отсто, а во рамки на ...
Кабинетот на поранешниот македонски претседател Ѓорге Иванов информира дека денеска е објавен конкурсот за учество на 17. Школа за млади лидери. Темата е „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“, која, како што се наведува од Кабинетот, ја одразува потребата од нови пристапи во лидерството и одговорно дејствување во услови на забрзани глобални промени и предизвици. Школата ќе се реализира во периодот октомври – ноември 2026 година и ќе ...
Министерството за здравство продолжува со интензивна реализација на стратешките капитални проекти кои, како што информира, ќе ја трансформираат здравствената инфраструктура во земјава. Овие активности беа детално презентирани на 10. состанок на секторската работна група за здравство. -Нашата визија е многу јасна, а тоа е достапно и квалитетно здравство за сите граѓани, дигитално поврзан систем и силна примарна здравствена заштита. ...
Претседателот на Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија, Максим Димитриевски вели дека ЗНАМ останува доследен на принципите на владеење на правото, институционална одговорност и почитување на Уставот и законите, при што целосна поддршка дава министерот за правда Игор Филков и неговиот професионален пристап во раководењето со ресорот. Во интервјуто за неделникот Фокус, Димитриевски потенцира дека ЗНАМ не ја гледа Владата низ призма на партиски ...
Антонио Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ вели дека ВМРО-ДПМНЕ останува на јасен став дека уставните измени не треба да се прават доколку тие ја водат државата кон нова неизвесност, без конкретни гаранции за остварување на полноправно членство во ЕУ. -По однос на тоа прашање ние сме јасни, сме го искажале нашиот став. Ние не сметаме дека уставните измени треба да се направат, а притоа таквиот чекор да не однесе во неизвесност и да ...
Почна единаесеттото издание на „Малински фото фестивал“ во Куманово кое уште еднаш покажа дека фотографијата на Балканот не е само уметност, туку и сведоштво за времето, општеството и културниот идентитет. Организаторите и учесниците сметаат дека регионот има исклучителни таленти, потребна е поддршка и едукација за младите генерации. Во организација на Фотоклуб Куманово, вечерва во Занаетчискиот дом во Куманово почна единаесеттото издание на ...
За дополнитлени 20 проценти се намалија царините за увоз на полупроизводи и сега намалувањето на царина при увоз од први јули ќе изнесува 70 проценти. Ова е продолжување на владините мерки за олеснување на работењето на домашните компании во време на криза. Сега преку намалување на царинските стапки за околу 70 производи што се користат како суровини, репроматеријали и полупроизводи во индустријата, од една страна, а од друга усогласувања со ...
Македонија ќе продлжи да бара решение кое нема да го допре достоинството на македонскиот народ, но повеќе авантури како што правеше претходната власт на меѓународен план нема да има, порача премиерот Христијан Мицкоски. Како Влада се подготвени да работат на домашните задачи, да се ипорачаат реформите, да се изработи се што е објективно барање на Европската Унија, но исполнување на желбите на официјална Софија, како што беше во минатото ...
СДСМ моли за помош од оние кои ги исклучуваа од партијата за да ја победеле внатрепартиската цензура. Сите биле виновни освен самите тие. Коментари на социјалните мрежи ги забраниле поради некакви „вмровски ботови“. Па сега преку кратки видеа на социјалните мрежи дел од раководството се правда дека секоја критика за нив била бот. Додека забрануваат коментари, повикуваат токму преку коментари да се таргетираат луѓето кои не мислат како нив и ...
Модерен трговски центар „Мега шопинг парк” на површина од над 20 илјади квадратни метри е пуштен во употреба денеска во Гевгелија, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Гевгелија Андон Сарамандов, генералниот директор на трговскиот центар, Сотирис Јанакудакис, како и владини и општински претставници, и претставници од компанијата инвеститор „А ПЛУС 1″. Новиот трговски центар, според најавите, отвора простор за ...