Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Министерот за локална самоуптрава Златко Перински изјави дека не гледа ништо спорно тоа што градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски, именувал свој заменик во Општина Карпош и тврди дека од општината не добил известување дека Лукровски поднел оставка од функцијата. На седницата за пратенички прашања, во одговор на прашање на пратеникот Митко Трајчулески, Перински рече дека во согласност со член 52 од Законот за локална самоуправа, секој ...
Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството презентираше докази за правното лице – правните субјекти Класик ДМ ДОО Кочани и ММММ ДООЕЛ Кочани и подружниците Кабаре Пулс и Клуб Пулс – од основање, измени, состојба во централен регистар и нивна поврзаност од лицата кои биле ...
Многу ми е жал, но треба да ја имплементираме европската легислатива, бидејќи Европската комисија инсистира на целосна примена, посочи министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисохоидис говорејќи за системот за биометриска регистрација на државјани на трети земји на граничните премини и нагласи дека за ЕЕС системот „добил поплаки од неговите колеги од Северна Македонија и Србија“. Министерството за заштита на граѓаните е ...
СДСМ фатени на дело, потврдија дека имале во план да дозволат промена на пол на малолетни деца, без притоа да имаат дозвола од родителите или старателите, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ повторно во кавга со свој поранешен градоначалник, кој ги обвини дека за овој проект, тие велат цитираме: “Ова не е вистина. Законот за кој зборува Костадинов е од 2023 година и тој закон беше повлечен, нема никаква врска со нашата нова програмска ...
Имаме можеби историски најголема криза, епска криза во енергетиката во последните 50 години, но сепак како влада без да правиме емотивни прес-конференции и без да се жалиме колку е тешко, а тешко е, успеавме да креираме модел кој резултираше во моментот со најдобри резултати, имајќи го предвид регионот, изјави премиерот Христијан Мицкоски на седницата за пратенички прашања. Посочи дека имаме доволно колични нафта и нафтени деривати и дека ...
Културната дипломатија често се опишува како мека моќ, но во денешниот свет таа воопшто не е мека во своето значење. Таа е сериозен инструмент на државно позиционирање, на градење партнерства и на долгорочно влијание. Kултурната дипломатија е најчовечката форма на дипломатија и нејзината задача е да ја врати човечката димензија во меѓународните односи, да потсети дека зад секоја држава стојат луѓе, зад секоја политика искуства, а зад секој ...
На 6 и 7 јуни во Самоков, Македонски Брод, ќе се одржи петтото издание на фестивалот „Самоков екстрим“, кој и оваа година ќе собере околу 250 учесници од повеќе делови на Македонија. На фестивалот ќе учествуваат мотоциклисти, возачи на теренски возила, планинари и љубители на планинарењето, со цел заедничко уживање во природните убавини на Поречието и промоција на активниот туризам во регионот. -Со самото тоа што Фестивалот веќе живее пет ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска изврши увид на терен на булеварот Теодосиј Гологанов, во близина на Католичката црква, заедно со деканот на Градежниот факултет, инспекциските служби на Општина Центар и стручни лица, каде се спроведуваат итни мерки за обезбедување и стабилизација на просторот по евидентираното свлечиште на земјиштето во непосредна близина на градежен зафат. Според стручните насоки од Градежниот ...
Додека јавно зборува за ниски примања, сиромаштија и потреба од повисоки плати за работниците, претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, организирал четиридневни спортски игри во луксузен туристички комплекс во Чањ, Црна Гора, трошејќи повеќе од 60.000 евра од синдикалните членарини, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо настанот да се организира во некој од домашните туристички центри Деаноски одлучил ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска од собраниска говорница одговори на барањата на опозоцијата за негова оставка, потенцирајќи дека бројките говорат за работата на Министерството во изминатиот период. – Говорам дека добро е што нема разлика помеѓу СДСМ, Левица и ДУИ и добро е што во ист ден повторно вие барате оставка од мене врз основа на вашата перцепција, а Левица повикува на интерпелација. Кај и да е, во текот на денов ...
Аналитичкиот извештај за болничкото лекување 2023–2025 година на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОРСМ) покажува стабилен раст на бројот на пациенти, зголемени буџети и постепено зајакнување на капацитетите на здравствениот систем, истакнаа на денешната прес-конференција директорот на ФЗОРСМ Сашо Клековски и заменик-директорот Седат Бислими. Според податоците, во 2025 година биле лекувани 194.230 пациенти, што е зголемување ...
Се следи случајот. Има нови моменти, но да не навлегуваме за да не се наруши случајот и да се остави на судовите да го кажат последниот збор, истакна денеска од собраниската говорница премиерот Христијан Мицкоски прашан за случајот „Мазут“. -Од блиску го следиме случајот и сето тоа што е поврзано со тој случај. Нашиот став како Влада јасно беше соопштен. Има жалба на одлуката на обвинителството од страна на компанијата ЕСМ. Тоа што го знам е ...
Задоволството на граѓаните од работата на Собранието бележи континуиран раст трета година по ред, покажува најновото истражување на Швајцарската Програма за парламентарна поддршка, насловена „Поглед на Собрание: Перцепциите на граѓаните за работата на Собранието на Македонија (2026)”. Граѓаните ја оценуваат работата на Собранието со средна оцена 2,7 на скала од 1 до 5 – во споредба со 2,5 во 2025 и 2,3 во 2024 година. И покрај позитивниот ...
Презентација на воена опрема, возила и способности на армиските единици денеска имаше македонската Армија на Градскиот стадион во Штип. По успешно реализираната вежба „Блесок 26“, граѓаните имаа можност одблиску да се запознаат со вооружувањето, подготвеноста и секојдневните активности на припадниците на Армијата. Преку показни вежби, демонстрации и презентации, беа претставени дел од капацитетите и вештините на различни армиски единици. ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска од собраниската говорница истакна дека Македонија и во јунскиот извештај за реформската агенда ќе биде пред т.н. фронтранери, додека во однос на испораката на правда очекува побрза и поробусна испорака на правдата од таа претходно, затоа што, како што рече, и граѓаните не се задоволни од спора правда. – Се разбира дека не само јас и граѓаните, сите ќе се сложиме дека е премногу бавна или воопшто ја нема и ...
Пратениците од Собранието на Македонија, Калтрина Беќири и Миле Лефков, учествуваа на состанокот на Парламентарниот комитет на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ-ПД), кој се одржа на 26 и 27 мај 2026 година во Букурешт, Романија, на тема „Унапредување на регионалната соработка и поврзаноста за одржлив раст во регионот на ЦЕИ“. Како што соопшти собраниската прес-служба, пратениците учествуваа со дискусии во првата сесија на состанокот ...
Владата денеска го усвои Предлогот за измена на Законот за царинска тарифа, со кој се врши дополнително намалување на царинските стапки и нивно целосно усогласување со стапките за тие стоки кои се применуваат во Европската Унија. Овие измени, како што информира Министерството за финансии, претставуваат продолжение на минатогодишните законски измени кои стапија на сила на 1 јули 2025 година, кога беше извршено намалување на царинските стапки ...
Кадрите во МВР се професионалци и во ниту еден случај не се бираат по етничка припадност, туку според нивната професионалност, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, одговарајќи на прашања од пратеничката на ДУИ Арбана Пашоли за застапеноста на раководните кадри за западна Македонија. Пашоли кажа дека граѓаните се загрижени што на раководни места нема Албанци, посочувајќи дека во минатото секогаш имало и раководители и заменици ...
Претседателот на Собранието на Македонија Африм Гаши денеска го посети Универзитетот во Тетово, каде што оствари средба со раководството на универзитетот и учествуваше во активноста на Парламентарниот караван „Собранието кај младите“, преку отворена дискусија со студентите. На средбата со ректорот Јусуф Зејнели и академското раководство, Гаши, како што соопшти собраниската прес-служба, ја нагласи поддршката за академската заедница и истакна ...
Вработените и раководниот кадар на СОУ „Перо Наков“ во Куманово денеска организираа заедничка прослава по повод верскиот празник Курбан Бајрам во спортската сала на училиштето во поранешната касарна во Бедиње, каде учениците од албанските паралелки посетуваат настава на мајчин јазик. На прославата присуствуваше и помошник-раководителот на Секторот за поддршка на градоначалникот и Советот на Општина Куманово, информирање, односи со јавноста и ...
Потреба за маржи нема, инфлацијата е под контрола, смета заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески. Според него состојбата не е алармантна за да се преземаат драстични мерки. „Имаме нормална инфлација за една ваква криза која не отскокнува многу, можеби е една од пониските инфлации ако земеме предвид дека ланската година овој период имавме и мерки и поради тие мерки на ограничување на маржите имавме малку повисока инфлација ...
Просечната каматна стапка на вкупните депозити на годишна основа бележи намалување од 0,04 п.п., при што во април таа изнесува 2,16%, се наведува во соопштението од Народна банка. – Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во април 2026 година, изнесува 4,70% и е непроменета во однос на претходниот месец, додека на годишна основа оствари пад од 0,41 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити бележи месечно и годишно намалување ...
Меморандум за соработка беше потпишан денеска меѓу здружението ,,Македонски семејни винарии” и средното општинско Земјоделско шумарско училиште ,,Ѓорче Петров” во Кавадарци. – Меморандумот за соработка се однесува во сферата на научната и стручната дејност, од областа на земјоделство, ветеринарство и рибарство, рече Горан Јаковлевски, претседател на „Македонски семејни винарии”. Јаковлевски, изрази задоволство што ќе соработуваат со ова ...
Трудовиот и Пазарниот инспекторат немаат доволно капацитети, но тоа не треба да биде оправдување. Секоја институција во рамки на своите надлежности треба да постапува максимално и да ги казнува оние што не го почитуваат законот, особено кога станува збор за безбедноста и здравјето на работниците, рече денеска заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, одговорајќи на новинарско прашање зошто се дозволува фирми да профитираат на сметка ...
Во првиот квартал на 2026 година, вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ) изнесуваат 313.195 милиони денари и се зголемени за 12.660 милиони денари, на квартално ниво. Притоа, средствата на останатите финансиски институции учествуваат со 22,5% во средствата на финансиските институции. Анализирано по сектори, пензиските фондови имаат најголемо учество од 63,3% во вкупните средства на ОФИ, а по нив следуваат осигурителните ...
Советот на Народната банка, на редовната седница, ја разгледа Годишната информација за плаќањата во Македонија во 2025 година, при што беше констатиран натамошен раст на безготовинските плаќања и засилена употреба на дигиталните канали за извршување платежни трансакции, се наведува во соопштението од Народната банка. Во 2025 година биле извршени 249 милиони безготовински платежни трансакции, што претставува годишен раст од 7,1%, при вредност ...
Од обвинувања за нови задолжувања и недостаток на мерки до јавни пресметки која влада направила поголем долг. Ескалираше вербалната расправија во собранието меѓу пратениците од власта и опозицијата. СДСМ велат дека со новото задолжување од 260 милиони евра кај странски банки, должничкото ропство е пред прагот. Заменик министерот за финансии смета дека е неодговорно да се обвинува за пари кои биле планирани уште лани при носење на буџетот, кои ...
Не сум виновен и обвинителството нема законска основа да ме гони за овие кривични дела. Вака се бранеше судијата Ѓоко Ристов на првото рочиште, откако во семејната куќа во Неготино, полицијата пронајде заѕидани 350 илјади евра. На Ристов му се суди за перење пари, противправно стекнување и прикривање на имот. Тој тврди дека парите се на неговите родители, а ако Обвинителството го товарело за перење на пари, тогаш треба да докажат од каде му ...
Болничкиот систем во Македонија полека почна да се стабилизира – повеќе се работи на превенција, зголемување на болнички услуги, што пак носи помала потреба од тешки опреации. Како на пример, бројките покажуваат дека се помалку луѓе завршуваат во болница со срецеви проблеми. Фондот за здравство објави извшетај кој покажува дека во последниве две години, низ болничките соби поминале 194 илјади пацинети, истовремено буџетот за јавните ...
Нема веќе бркање на глодари и инсекти, прокиснати тавани, субстандардни услови – за две години Македонија ќе има комплетно обновени студентски домови со европски стандарди. Привршува реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“, кој се очекува повторно да ги отвори вратите од 1 октомври, а треба да започне и реновирањето на останатите седум. Реконструкцијата ги опфаќа собите и санитарните јазли, електричната и водоводната мрежа, како и ...