Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе учествува на панел дискусија на тема „Редизајнирање на високото образование и универзитетите: вештачката интелигенција и соработката со индустријата како едни од најсериозните предизвици на денешното време“. Панелот е дел од меѓународна конференција посветена на градење синергија за креирање иновативни решенија во процесот на дигитална трансформација, што ја организираат Машинскиот ...
Армијата на Македонија денеска на градскиот стадион во Штип организира презентација на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата. Како што соопшти АРМ, настанот се реализира по повод успешно реализираната вежба „Блесок 26“, во чии рамки се изврши оценување на борбената готовност (CREVAL) на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ). -Граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со дел од вооружувањето, опремата, возилата и ...
Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На минатото рочиште се изведуваа материјални докази на обвинителството – видео снимки и слики поврзани со објектот – клубот „Пулс“ од критичната вечер, па и низ годините во минатото кога работел. Досега на судењето на пожарот во ...
Здружението „Вина од Македонија“ денеска ќе одржи средба со производители на вино, на која ќе присуствува и заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Тема на средбата, која ќе се одржи во М6 Едукативниот центар во Скопје се измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Здружението „Вина од Македонија“ денеска ќе одржи средба со производители на вино, на која ќе присуствува и заменик-министерот за ...
Заслепен од желбата да дојде на власт, Венко Филипче се претвори во специјален бугарски пратеник и единствен кој верува дека уставните измени се последната и единствена пречка на патот кон Европската Унија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Наспроти пораките на официјална Софија дека Бугарите во македонскиот Устав се последно барање, на кои веруваат само СДСМ и Филипче, бугарскиот премиер, Румен Радев има јавни настапи каде што вели дека ...
Минималната температура изутринава во Берово изнесува 8 степени Целзиусови, во Лазарополе 9, во Mаврови Анови и Попова Шапка, во Крива Паланка и Претор, 11, Битола, 12, Скопје-Петровец, Тетово и Охрид, 13, Прилеп, Штип, Демир Капија и Струмица, 14, Виница, Гевгелија, Kрушево, Куманово и Кавадарци,15, Велес, 16, Скопје-Зајчев Рид, 17. Како што информира УХМР, времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ...
Лажната скромност на самопрогласените борци за работнички права излегува на виделина. Додека глумат загриженост за работници и, наводно, се борат за повисока минимална плата и тврдат дека во Македонија биле ниски платите, синдикалните претставници се луксузираат на трошок на синдикатите и врз грбот на работниците, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Еден од овие примери е Трпе Деаноски од УПОЗ, кој со пари од членарините на ...
ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека по повод верскиот празник Духовден, утре шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието ќе работат со скратено работно време, од 07:30 до 15:30 часот. Од претпријатието информираат дека со редовно работно време ќе се продолжи од 30 мај 2026 година (сабота). Воедно, ги повикуваат граѓаните да ги користат електронските сервиси, кои овозможуваат побрз и поедноставен пристап до ...
По завршувањето на стратешкиот економски дијалог меѓу владите на Македонија и Хрватска, генералниот директор на АД МЕПСО, доц. д-р Бурим Латифи, заедно со претседателот на Управниот одбор на познатата хрватска компанија КОНЧАР, Гордан Колак, извршија увид во градежните работи на новата 400 kV трафостаница во близина на Охрид. Оваа трафостаница, како што информираат од АД МЕПСО, претставува една од клучните компоненти на проектот за енергетска ...
На 1 септември на градскиот плоштад во Скопје по повод 35 години независност ќе биде одржан концерт на кој ќе настапи еден од најголемите оперски пејачи на сите времиња, шпанскиот тенор Хозе Карерас, како и Македонија олл стар“ – Каролина Гочева, Влатко Стефановски, Калиопи, Наум Петрески, Сузана Спасовска и Игор и Ана Дурловски. Ова е втор настан во рамки на одбележувањето на 35 години независност по настапот на Давид Гета и Монолит шоу на 8 ...
Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е отворен првиот Центар за тироидна жлезда во земјава, кој нуди комплетна дијагностика, третман и следење на сите заболувања на тироидната жлезда кај возрасни и деца. На денешната прес-конференција беше посочено дека во рамки на Центарот функционира мултидисциплинарен тим специјалисти по нуклеарна медицина, торакална хирургија, радиологија, патологија, педијатрија и ендокринологија, кои на пациентите ...
Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува даночните обврзници дека крајниот рок за проверка и потврда на Годишната даночна пријава за 2025 година истекува на 31 мај 2026 година. Со оглед дека станува збор за неработен ден (недела), рокот за потврдување на годишната даночна пријава е 01 јуни 2026 година. Ова значи дека граѓаните кои оствариле приходи во 2025 година треба најдоцна до 01 јуни 2026 година да извршат увид во своите даночни ...
Меморандум за соработка во областа на циркуларната економија потпишаа денеска Градежниот и Економскиот факултет со два германски универзитета од Северна Рајна-Вестфалија – TH Köln и FernUniversität Hagen. Како што беше речено, целта е размена на информации, студенти и професори, но и поддршка за унапредување на студиските програми во насока на создавање генерации кои ќе ги применуваат принципите на циркуларната економија – рационално ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол. Полицијата соопшти дека во Скопје три лица управувале возило без возачка дозвола, четири во Тетово, пет во Битола и по еден во Македонски Брод и Велес (малолетник). Едно лице во ...
Министерката за образование Весна Јаневска денеска потврди дека годинава свидетелствата за прво, второ и трето одделение ќе бидат електронски, но, со оглед дека прв пат се издаваат во ваква форма, паралелно ќе се доделат, како што изјави, и печатени. Според Јаневска, идната година ќе има електронски свидетелства и за четврто, петто и шесто одделение, а во 2028-ма процесот ќе биде заокриужен вклучително и со деветто одделение. -Од оваа година ...
Асоцијациите на приредувачите на игри на среќа во автомат клубови, казина и спортски обложувалници, АПИС и АСОМ денеска доставиле барање до Собранието за организирање јавна расправа во врска со предлог законот за игри на среќа и забавни игри. – Барањето е согласно член 129 став 2 од собранискиот Деловник, Комисијата за финансирање и буџет како матично работно тело да ја организира јавната расправа. Примената на ваквата демократска алатка ќе ...
Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваше на одбележувањето на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“. По тој повод, беа испратени честитки и пораки за поддршка до четворицата матуранти и една ...
Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје го објави конкурсот за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Македонија и студенти за потребите за управување со кризи и заштита и спасување на прв циклус студии во учебната 2026/2027 година. Министерството за одбрана упатува повик до сите млади лица кои сакаат своето образование и работна кариера да ја продолжат како идни офицери во рамки ...
Во Штип заврши третото издание на спортската манифестација „Пролетни денови на училишниот спорт“, со рекордно учество на ученици. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека е задоволен од масовноста и вклучувањето на учениците во спортската манифестација „Пролетни денови на училишниот спорт“. – Сакам да се заблагодарам на организаторите, бидејќи кај учениците се промовира спортот на најдобар можен ...
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински денеска имаше работна средба со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески на која биле отворени повеќе прашања, меѓу кои – локалниот економски развој, инфраструктурните инвестиции и дигитализацијата. Како што информира Кабинетот на Перински, станало збор за унапредување на соработката помеѓу Министерството и Комората, со посебен акцент на тековните активности за подобрувањето на ...
По повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска беше гостин во семејството Јетиш. Во топла, пријателска и празнична атмосфера, таа им го честиташе празникот и им посака здравје и бериќет, негувајќи ги традициите на меѓусебно почитување и соживот меѓу сограѓаните, информираат од Општина Кисела Вода. Како што потенцираат оттаму, бидејќи вистинската суштина на овој празник лежи во ...
Од денеска со Б категорија може да се управува мотоцикл до 125 cm³, но само со задолжителна четиричасовна претходно помината теоретска обука, информираат од Министерството за внатрешни работи. ОД МВР појаснуваат дека е донесен нов Правилник со кој се уредува задолжителната четиричасовна теоретска обука за управување со мотоцикл до 125 cm³ (категорија „А1“ со автоматски менувач, до 11 kW). -Напоменуваме дека не смее да се управува со мотоцикл ...
Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за европската ориентација на оваа Влада. Да не трошиме време и пари на граѓаните. Ние сме за ЕУ и тоа е наша стратешка ориентација, што и го правиме на дело, велат од Владата, како одговор на барањето на СДСМ за организирање референдум. Потренцираат дека укинувањето на оценската мисија од Советот на ЕУ, отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е ...
Советот на Општина Делчево донесе Одлука за формирање Просторни сили за заштита и спасување, со цел зголемување на подготвеноста за справување со природни и други непогоди на локално ниво. Согласно одлуката, силите ќе дејствуваат на подрачјето на општината и ќе имаат задача да обезбедат заштита и спасување на луѓето и материјалните добра. Просторните сили се организираат како Универзална единица за заштита и спасување, формирана во состав на ...
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степена. Во Скопје, променливо облачно со сончеви ...
Авионско третирање против комарци утре ќе спроведе општина Карбинци на повеќе локации.Акцијата ќе се реализира во раните утрински часови, од 5 до 8 часот, а ќе бидат опфатени околу 300 хектари долж речното корито на Брегалница, оризовите полиња кај Крупиште и неколку речни текови во Општината. Од локалната самоуправа апелираат до пчеларите навремено да ги затворат кошниците за да се заштитат пчелните семејства од влијанието на средството со ...
Со цел одржување на професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит, се воведува Кодекс за облекување за сите вработени и странки кои ги посетуваат просториите на Одделот за граѓански работи при Министерството за внатрешни работи, информираат од МВР. Како институција која е постојан сервис на граѓаните, велат оттаму, веруваат дека соодветното облекување придонесува кон подобра работна атмосфера и почитување на ...
Во емисијата „Став на регионот“ на телевизија Њузмакс Балканс гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој истакна дека Владата продолжува со економска политика насочена кон силни капитални инвестиции и поддршка на градежниот сектор со цел зголемување на бруто-домашниот производ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Овие 260 милиони евра кои Република Македонија ќе ги повлече ќе бидат за финансирање на одредени ...
По години и години чекање и неизвесност, пациентите со мултипла склероза конечно ќе добијат полесен пристап до неопходните лекови. Терапијата се децентрализира. Наместо само на Клиниката за неврологија во Скопје, лековите отсега ќе бидат достапни и во ГОБ „8 Септември“, Клиничката болница во Штип и болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Пациентите велат дека се задоволни од соработката со институциите. Посочуваат дека терапијата навремено ја ...
Македонија високо позиционирана според конкурентноста и иновациите. Сите македонски региони се рангирани во топ 20 во регионот, а најдобри резултати покажале скопскиот и југоисточниот регион – покажа истражувањето на Центарот за истражување и креирање политики и Фондацијата Конрад Аденауер. Главни двигатели на иновациите и знаењата се странските инвеститори кои користат високи технологии. Слабости се детектирани во недостатокот на кадар, ...