Од 46 пожари на отворен простор регистрирани вчера, изгаснати се 37, два се уште се активни и седум се под контрола, информира денеска Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во општините Макдонски Брод и Студеничани. Во Македонски Брод, како што соопшти ЦУК, пожарот е во селата Тажево и Брезница и во Јасен и гори борова шума, а во Студеничани пожарот е во село Батинци кај место викано Дрешница и гори мешана шума. -Под контрола се ...

Денеска (09.08.2024) Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Македонски Брод до Основното јавно обвинителство Кичево поднесе кривична пријава против Д.Т.(57) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување шумски пожар“, казниво по член 227 став 5 од Кривичниот законик. Пријавениот во повеќе наврати, на 15.07.2024, на 30.07.2024, 02.08.2024, на 05.08.2024 и на 07.08.2024 во атарите на ...

На граничните премини Табановце за влез и на Богородица за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, што е карактеристично за летниот период, но исто како и на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, соопшти АМСМ. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. Се препорачува прилагодена ...

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со претставниците и одгледувачите на сливи од Делчевскиот регион. На средбата се говореше за годишниот род и квалитет на сливите, како и за актуелните теми и проблеми со кои што се соочуваат. „Министерството е партнер на одгледувачите на сливи. Се работи земјоделецот да не биде веќе социјална категорија, го враќаме достоинството на македонските ...

Потребите за вода во земјоделството се големи. Намалувањето на температурите и повремените врнежи не ја сменија состојбата, поради што наводнувањето останува приоритет, велат агрометеоролозите од УХМР. Како што истакнуваат, во овој период да се посвети поголемо внимание на заштита од појава на пламеница кај виновата лоза и да продолжи примената на сите агротехнички мерки кај посевите. -Изминатава недела имавме сончево и топло време со повремени ...

Припадниците на Хеликоптерската единица и на Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, кои беа ангажирани во гаснењето на пожарот во Северна Македонија, успешно ја завршија мисијата во совладување на огнената стихија и се вратија во Србија, јави дописникот на МИА од Белград. – Од 3 август, нашиот храбар тим работеше рамо до рамо со колегите од Северна Македонија за да помогне во гаснењето на пожарите во тешки услови. Нашите пилоти за ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска одржа средба со Филип Филиповски, нов главен извршен директор на АД Водостопанство и со Ромео Тренов, директор на Управата за Водостопанство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во текот на средбата се зборуваше за актуелната состојба во АД Водостопанство. Двајцата директори се сложија дека состојбата во која што се наоѓа Водостопанство ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска објави дека се исплатени субвенциите за мерка 1.21 дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12 за произведено и предадено винско грозје во регистрирани капацитети за производство на вино во износ од 58.607.081 денар кон 4 101 корисник. -Денес се исплатени субвенции за произведено и предадено винско грозје во регистрирани капацитети за производство на вино во ...

МВР соопшти дека вчера во 12 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода С.М.(50) од село Ореше, општина Чашка, поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека на 06.08.2024 околу 12.00 часот предизвикал пожар во реонот на с.Папрадиште кон с.Ореше, при што изгорела поголема површина со нискостеблеста шума и остатоци од сеча. Од него биле ...

Ветрот кој непрекинато дува од утрово повторно го разгоре шумскиот пожар помеѓу селата Ореше и Папрадиште што од завчера беснее во реонот на планинскиот масив на Азот во Општина Чашка. Со пожарот е зафатена мешана дабова и букова шума. Како што информира за МИА Жаклина Гушева, директорка на Шумското стопанство „Бабуна“ – Велес во рамки на ЈП „Национални шуми“, нивни екипи со десетмина вработени завчера, вчера и утрово деноноќно и се уште се на ...

Собранието за понеделник ја закажа седницата на која, меѓу другите предлог-законски решенија, ќе расправа и за ребалансот на Буџетот. Дополнетиот Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2024 година, во второ читање, е седма точка од дневниот ред на седницата. Ребалансот ги помина општиот претрес и амандманската расправа во Комисијата за финансирање и Буџет, по што Владата завчера, на 6 август, го донесе и дополнетиот ребаланс на ...

Во текот на минатата седмица, во Грција биле регистрирани 22 нови случаи на вирусот Западен Нил, а вкупниот број на заразени од почетокот на сезоната заклучно со вчера напладне е 55, додека пак починаа осум лица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Потврдени случаи на вирусот Западен Нил има во северниот, западниот и централниот дел на Грција, како и во Епир и ...

Во последното деноноќие имало вкупно 40 пожари, од кои 25 се изгаснати, а шест се ставени под контрола. Активни се девет пожари, од кои два во општина Македонски Брод, кај селото Слатина и кај селата Тажево – Брезница и ЈП „Јасен“, во Демир Хисар, Чашка, Петровец, Студеничани, Кичево, Дебар и Охрид, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК). Под контрола се ставени пожарот во гевгелиското село Негорци, каде гореше нискостеблеста ...

Производната цена која што ја правеше Земјоделскиот институт ја правеше во соработка со Земјоделскиот факултет, иако носител на Договорот беше Земјоделскиот институт. Цените кои што ги истакнаа зголемени за 25%, Смедеревката 18,3 денари, а Вранецот 20,8 денари“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при изјавата дадена во Неготино. Трипуновски посочи дека изминативе денови имал серија на состаноци со ...

Историски најголема откупна цена за лозарите. Производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, е зголемена за 25% согласно Законот за вино. Производната цена на килограм грозје Вранец зголемена за 25% ќе изнесува 20,8 ден./кг, додека производната цена на килограм грозје Смедеревка зголемена за 25% ќе изнесува 18,3 ден./кг. За споредба, минатата година килограм грозје Смедеревка се откупувало по цена од 15 ...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата по основ на предадено/заклано јагне и јаре во регистриран кланичен капацитет по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството. Исплатени се 1.609 одгледувачи на овци и кози со сума од 75.640.400,00 денари. Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои користеле финансиска поддршка за одгледување на овци и кози и имаат предадено јагне или ...

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со Марко Обрадовиќ, директор на Стопанската комора на Србија. На средбата се говореше за подготовката околу винскиот саем насловен „Винска визија на отворен Балкан“ во Белград во период од 22-24 ноември. „Заедничката соработка е приоритет на двете земји околу „Винска визија“. Винскиот саем е одлично место каде што може да се дегустира и промовира ...

Малопродажниот ланец Студенац го повлекува црвеното вино Вранец поради дополнителен шеќер. Големиот хрватски трговски синџир Студенац одлучи да го повлече црвеното вино Вранец, брендот Барил, во пластична амбалажа од два литри, поради утврдениот дополнителен шеќер. „Поради заштита на правата на потрошувачите на нашите производи, превентивно го повлекуваме „Вино Вранац“ на приватниот бренд „Барил“ (2L; БАРКОД: 3859894110190; ЛОТ: L 1453) од сите ...

Два хеликоптери на Армијата и на МВР денеска црпеа вода од мобилен резервоар поставен на фудбалското игралиште во селото Богомила, во Општина Чашка, кој за само 20- тина минути беше монтиран од страна на шестмина волонтери на Црвениот крст од Велес и Скопје. Мобилниот резервоар за вода е со капацитет од 8 тона. Како што инфорира за МИА, Орце Николов секратар на ООЦК Велес, со овој мобилен резервоар за дури трипати е скратено времето за ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со претставници на Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО), односно со претседателот на Комората, Aјдован Адемоски, и со заменик-претседателите Марија Томеска и Есер Џевахир. Како што информира МНР, на средбата била потврдена „одличната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Турција во бизнисот и економијата со надеж дека ...

Локалната самоуправа на Кочани утревечер ќе ја спроведе третата, завршна фаза од овогодишната кампања за третман против комарците на територијата на општината. Според известувањето од општинските служби, ќе се прска од земја на површина од 300 хектари во Кочани и во селата Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари. Третирањето ќе го изведе стручна екипа на компанијата „Лиса ком“ од Кавадарци, при што ќе користи ...

„Овој процес на оваа договорена цена за винско грозје ќе ја следи Земјоделскиот инспекторат на терен од првиот до последниот ден на откуп. Што значи тоа? Тоа значи дека на сите откупни места, на сите винарски визби ќе има распоредено земјоделски инспектори во две смени, согласно динамиката на откуп во текот на денот“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во утринската програма на Сител телевизија. ...

„Вчера се заокружи процесот околу откупната цена на двете најзастапени сорти на винско грозје Вранец и Смедеревка. На состанокот кој што го имавме вчера доцна попладнето со винарските визби направивме едно заокружување да согласно пресметката на цена која што ја даде Земјоделскиот институт – Скопје како овластена научна институција да направи пресметка на производна цена која што согласно Законот за вино е зголемена за 25% како добивка на ...

Брзо закрепнува повредениот и истоштен царски орел што пожарникарите од Доброволното противпожарно друштво од Кочани го однесоа во Зооолошката градина во Скопје, откако пред два дена го спасија од кров на викендичка на Пониква. Птицата веќе почнала самостојно да зема храна и вода, со што се очекува за кратко време нејзината здравствена состојба да се подобри за да може да се врати во своето природно живеалиште. Веднаш по спасувањето од ...

Трошоците на животот во јули годинава, во однос на јули лани, бележат зголемување за 3.0 %, а цените на мало за 3.9 %, соопшти Државниот завод за статистика. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули во однос на јуни 2024 година, изнесува 0.7 %. Цените на мало, пак, во јули во споредба со претходниот месец забележал раст од 1.5%. Зголемувањето на инфлацијата е резултат на растото на трошоците на животот во групите: ...

Шест пожари се активни во моментов низ државава, а девет се под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во изминатите 24 часа имало 2.601 повик на 112 во ЦУК. Регистрирани биле 41 пожар, а од нив, 26 биле изгаснати. Според податоците од Регионалниот ЦУК – Битола, во активниот пожар на Плакенска – Илинска Планина, на подрачјето на општина Демир Хисар, гори сува трева на потегот од селата Вирово, Слоештица, Базерник и Мало ...

Регионалното здружение „Тиквешки лозароовоштари” бара измени на Законот за вино за уште пореални цени на грозјето. Како што рече денеска претседателот на здружението Дане Јошев, сегашните цени се донекаде поволни и повисоки од лани, но целта на законските измени што се бараат, е лозарството да биде исплатливо и младите да не го напуштаат, заминувајќи во странство. Вчера Институтот за лозарство ги објави производствените цени за килограм грозје ...

Се уште е активен шумскиот пожар меѓу планинските села Ореше и Папрадиште во реонот на Азот во Општина Чашка. – Во гаснење на пожарот, во кој гори мешана дабова и букова шума, од утрово од 7:30 часот се вклучени и два хеликоптера, а гаснат и мештаните од двете села и екипи на Шумското стопанство „Бабуна“ од Велес, информираат за МИА од Регионалниот центар за управување со кризи Велес. Овој реон каде гори шумата е во срцето на Азот, богат со ...

Вкупно 41 пожар на отворен простор низ државава се евидентирани во текот на вчерашниот ден. Од тој број, шест се активни, девет се под контрола, 26 се изгаснати, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од активните, првиот е во општина Македонски Брод, кај селата Тажево и Брезница и кај „Јасен“. Вториот е на територија на општините Демир Хисар и Охрид – Илинска Планина, кај селата Витово, Базерник, Мало Илино и Брежани. ...

На ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, што е карактеристично за летниот период, но исто како и на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, соопшти АМСМ. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се препорачува прилагодена ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
57%
1015
weather icon

Белград

28ᴼ / 26ᴼ
1.54
52%
1013
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
41%
1013
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.6
73%
1017
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
1.99
68%
1015
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
46%
1013
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
3.09
60%
1015
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
60%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
0.51
53%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
3.13
54%
1016
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 27ᴼ
3.6
49%
1011
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
7.2
73%
1016
Currency

61.525

Currency

53.9615

Currency

73.041

Currency

35.0452

Currency

39.4174

Currency

65.6596

Currency

7.50805

Currency

0.68457

Currency

0.37246

Currency

0.52513

Currency

1.37421

Currency

0.62918

Алуминиум

2.45

Кобалт

42.99

Никел

15225.00

Рутениум

19708.41

Калај

32.53

Сребро

1156.73

Злато

106452.73

Бакар

9.71

Паладиум

33629.68

Платина

37475.18

Родиум

186474.33

Цинк

2.63