Денеска главна вест за земјоделците е исплатата на субвенциите за остварен принос со пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион како и поддршката од 5 денари за килограм предаден сончоглед во 2023 како и исплатени субвенции за предадено овошје во преработувачки капацитети – информира директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски. Исплатени се над 4300 полјоделци со сума од 252.2 милиони денари за остварено производство на пченица, јачмен, ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја пренесува состојбата со пожарите шурим земјава до 13 часот, според информации добиени од Регионалните центри за управување со кризи, како и од други субјекти кои учествуваат во системот за управување со кризи. Регионалниот центар за управување со кризи – Охрид известува дека пожарот во село Слатина, општина Македонски Брод, е ставен под контрола и нема опасност од негово проширување. Во моментов на терен ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) утринава информираше за состојбата со пожарите кај Баделен и Велуса, во Струмичко, кај Конче и Штурово, во Радовишко, како и за пожарот кај Кованец, во Гевгелиско. Како што пренесуваат од ЦУК, Регионалниот ЦУК Струмица известил дека пожарите кај Баделен и Велуса немаат активно горење, но по тројца пожарникари со по едно теренско возило и припадници на полицијата го контролираат теренот. Од ЦУК додаваат дека ...

На планината Серта утрово е замаглено и не може да се види дали, каде и колку гори пожарот, кој избувна минатата среда, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов кој е таму, најавувајќи информации за подоцна. Во Штип утрово нема чад, за разлика од вчера кога поради густиот чад, Кризниот штаб доцна синоќа ги повика граѓаните да избегнуваат присуство на отворено подолго време, односно да останат во своите домови. Пожарот се доближи на неколку ...

Во производната практика силно се чувствуваат промени на одредени климатски елементи. Промените на климатските фактори придонесуваат кон влошување на условите за производство на голем број наши традиционални овошни култури. Честопати појавата на краткотраен град, екстремно ниски температури, доцни пролетни мразеви, топлотен бран или силен ветер, може да бидат доволни да го компромитираат или уништат целокупниот род во насадите од било која ...

Во Mинистерството за внатрешни работи денеска се одржал координативен состанок на министерот за внатрешни работи ПанчеТошковски, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и началниците на секторите за внатрешни работи и други организациски единици во МВР на кој тема била целокупната состојба со пожарите што ја зафатија нашата држава, активностите што ги презема МВР заедно со другите институции за нивно гасење и активностите за ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово соопшти дека во последното деноноќие имало 24 пожари на отворено, како и дека 13 од нив се сè уште активни, а се гасат и од земја и од воздух со сите летала што се во моментот на располагање и домашни и од другите земји. Оттаму посочија дека активен е пожарот во неготинското село Калањево каде што гориниско стеблеста шума и грмушки. Претседателката Гордана Силјановска – Давкова, како што информираат ...

Активни се пожарите во неготинско Калањево и росоманско Сирково, потврдија за МИА од Центарот за управување со кризи. Кај Калањево горат ниско стеблеста шума и грмушки, а, како што информира за МИА градоначалникот на Росоман, Стојан Николов, од вчерашната локација кај Сирково, огнот се префрлил во близина на селото Мрзен. Пожарот во неготинско почна минатата среда околу 10.30 часот, а кај Сирково вчера околу пладне. И на двете места, гаснењето ...

Поради активен пожар на регионалниот пат Р1103 Неготино – Штип, кај село Пепелиште, сообраќајот е во прекин за сите видови возила, во двата правца, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...

Покрај поддршката за земјоделството и руралниот туризам, ИПАРД 3 програмата опфаќа и поддршка на непрехранбени производни активности преку популарната мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“. Тука спаѓаат голем број на дејности кои не се директно поврзани со земјоделство или туризам, но според локацијата на инвестицијата се подобни за аплицирање во рамки на оваа мерка. Кофинансираниот неповратен грант до 600.000 евра може да се ...

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Битола, заедно со вработени од јавните претпријатија, членови на противпожарни друштва и волонтери и денеска продолжуваат со интервенции на просторот над обиколницата, каде деновиве имаше големи пожари. Од Општина Битола информираат дека во моментот состојбата е мирна и нема горење, но на терен интервенираат над 70 лица, кои вршат санирање на локациите кои се потенцијални жаришта и каде што ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој избувна на грчка страна, во моментов е во прекин сообраќајот преку Граничниот премин Богородица. Се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот и по неговото гасење, повторно ќе биде овозможено преминување преку граничниот премин. Од полицијата апелираат до граѓаните да не се упатуваат кон граничниот премин додека не биде објавено дека пожарот е изгаснат и ...

Пожар избувна денеска и во росоманското село Сирково. Како што информираа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, кавадаречките пожарникари интервенирале во гасење на пожар во село Сирково со две противпожарни возила. МИА се обрати до Територијалната противпожарна единица Кавадарци и оттаму ни беше кажано дека дополнителна екипа пожарникари со противпожарно возило се упатува на овој пожар што се уште не е локализиран. Засега ...

Вкупно 4,1 милијарда денари за плати и пет милијарди денари за исплата на пензиите се предвидени со ребалансот на Буџетот, соопшти денеска министерката на финансии Гордана Димитриеска Кочоска. На прес-конференција во Владата таа информира дека вкупните приходи во Буџетот се планирани на 318 милијарди 150 милиони денари што е за 8,22 милијарди зголемување. Планирнао е и зголемување на даночните приходи од сопствени сметки. Расходите се планирани ...

Температурите на трите природни езера во земјава и натаму се над просекот за јули. Во Дојранското утрово се измерени 29,7 степени, во Преспанското 25,5, а во Охридското Езеро 26 степени целзиусови. Во однос на водостоите, според хидролошките мерења на УХМР, Преспанското и Охридското Езеро денеска се за еден сантиметар пониски од вчера, а кај Дојранското нема промени. Водостоите на реките не бележат големи промени во однос на вчерашниот ден. МИА ...

Поради активен пожар на регионалниот пат Неготино – Штип, кај село Пепелиште, сообраќајот е во прекин за сите видови возила, во двата правци, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...

Жетвата на пченицата е при крај, просечниот принос е 3 тона од хектар, а цената е 10 денари за килограм. Ова е главната вест, другата вест е дека земјоделците се незадоволни од откупната цена. Тие што имаат каде да ја чуваат и можат да издржат финансиски, ја складираат и ќе чекаат подобра цена. Другите ја предаваат кај откупувачи по 10 денари за килограм. Ова е генералната слика од терен, која ја потврди и големиот земјоделски производител ...

Општина Битола попладнево информира дека пожарот над Битола е повторно активен. На терен се противпожарните екипи кои работат на ставање на ситуацијата под контрола. Се бара и воздушна поддршка. – Паралелно се врши и координација со Општинскиот кризен штаб за вклучување на сите расположливи сили и ресурси согласно потребите. Во комуникација на градоначалникот Тони Коњановски со Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и ...

Во моментов четири хеликоптери и ер трактори вршат гаснење на пожарот и од воздух, на планината Серта од неготинска страна. Пожарот што избувна во средата околу 10.30 часот е се уште активен и денеска се гасне од земја и воздух. Неготинскиот градоначалник Горан Стојанов во изјава за МИА нагласи дека се прават максимални напори за справување со пожарот. – Пожарот што деновиве е активен на подрачјето на општина Неготино ги интензивира ...

Општина Битола информира дека пожарот над Битола е целосно ставен под контрола со сеопфатна и континуирана ангажираност на екипите на ТППЕ, поддршка од јавните претпријатија и дополнителна помош од Центарот за управување со кризи. Претпладнево како воздушна поддршка на противпожарните екипи, пристигна државна помош за Битола, составена од пет „Ер трактори“, од кои три од Дирекцијата за заштита и спасување и два од Турција кои се дел од помошта ...

Екипите на ТППЕ Битола, како во текот на ноќта, така и утрово продолжуваат да работат на целосно ставање под контрола на пожарот над Битола. Од Општина Битола утрово информираа дека заедно со екипите на јавните претпријатија во моментот на терен се над 100 лица, за кои се обезбедени доволни количини на храна и вода. – Паралелно се одржува комуникација со центарот за управување со кризи од каде е најавена поддршка од воздух во гаснењето на ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. На обиколницата Битола, патен правец Прилеп – Ресен сообраќајот се ...

Министерството за одбрана на Република Хрватска испраќа авион Канадер со два екипажи во Република Северна Македонија за да обезбеди хуманитарна помош во гаснењето на пожарите, соопшти вчера Министерството во Загреб. Авион Canadair CL-415 со два екипажи се испраќа во Северна Македонија по наредба на вицепремиерот и министер за одбрана Иван Анушиќ, се додава во соопштението. Македонската влада завчера донесе одлука за постоење на кризна состојба ...

Пожарот на планината Серта денеска ќе се гасне од воздух и од земја. На состанокот на Кризниот штаб на општина Неготино синоќа беше најавено дека ќе се дејствува од воздух со четири хеликоптери и три авиони за гаснење пожар, додека од земја ќе дејствуваат припадници на АРМ, МВР, ЕБР, пожарникари од повеќе градови, јавните комунални претпријатија, Национални шуми, ловџии и други доброволци. Обезбедена е и потребната механизација за дејствување ...

Температурата на водата во Дојранското Езеро изнесува 32 степени целзиусови, на Преспанското 29, а на Охридското Езеро 26,5 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Синоптичарите најавуваат дека во следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе надминува 40 степени, поради што до крајот на работнава недела ќе биде активно портокаловото ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ се намалуваат за еден денар за литар, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), за денар и половина, а на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), за два денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,716 денари за килограм, информираат денеска од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Национални шуми“, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Ваквата согласност се дава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор. Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која ...

Според динамиката на објавени повици од новата ИПАРД 3 програма, годинава се очекува уште еден повик за Мерка 1 и Мерка 7. Доколку имате идеја за подигање нов овошен или лозов насад, да изградите фарма, да набавите земјоделска механизација и друго, ова е можноста која ви се нуди да инвестирате со со 60% грант од државата. Мерка 1 – Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства. Преку оваа мерка можете да инвестирате во ...

Поради зголемена фреквенција на возила, утрово времето на чекање на граничниот премин „Табановце“ за влез и на граничниот премин „Богородица“ за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по cуви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини ...

Борбата со огнените стихии во државава продолжува. Гаснењето на пожарот на планината Серта се очекува да прододолжи утрово со хеликоптери и ер трактори. Во меѓувреме премиерот Христијан Мицкоски најави дека наскоро пристигнува помош од Словенија, Србија, Турција и Црна Гора во борба против пожарите. Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов вчера доцна попладне изјави дека продолжува да гори пожарот на планината Серта, и оти гаснењето продолжува ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
3.09
33%
1012
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
1.54
45%
1013
weather icon

Загреб

20ᴼ / 18ᴼ
3.6
49%
1013
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
77%
1013
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
3.07
57%
1013
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
4.63
58%
1013
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
4.63
39%
1012
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
4.63
43%
1015
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
3.09
35%
1014
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
4.12
63%
1013
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
4.12
48%
1013
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
72%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.35

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52