Чест и задоволство ми е да споделам дека 117 млади лица, веднаш по завршување на локалните избори, ќе добијат финансиска помош преку „Мерката 112“ – со 100% неповратни средства до 600.000 денари за млади од 18 до 40 години кои започнуваат сопствено земјоделско стопанство, информира на ФБ, министерот за земјоделство Цветан Трипуновски. На јавниот повик пристигнаа 254 апликации, од кои беа одобрени 117. Иако бројката можеби изгледа скромна, таа ...

Поради изборните ограничувања, мерката млад земјоделец не можеме да ја промовираме, иако огласот е завршен, филтерот е направен, 117 корисници односно апликанти за околу 70 милиони денари, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање. Премиерот Мицкоски истакна дека за разлика од 2023 година кога имало само 44 апликанти, односно само 18 корисници, истата денеска е зголемена ...

До 13 часот денеска на територија на државава има вкупно 11 пожари на отворен простор, сега активни се седум, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во општините Македонски Брод, Струга, Долнени, Прилеп, Боговиње, како и два во Студеничани. Во „Јасен“ гори мешана шума. Во подрачјето на село Подгорци опожарена е нискостеблеста шума. Ниска вегетација гори во атарот на село Лажани. Опожарена е букова ...

Утре и задутре во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци, информираат од Град Скопје. -Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 22.08.2025 и на 23.08.2025 година (петок и сабота), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето ...

Во текот на изминатото деноноќие, на територија на државава, имаше вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои активни се три, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите на територија на општините Македонски Брод, Прилеп и на Маврово и Ростуше. Во „Јасен“ гори мешана шума. Во подрачјето на село Беловодица, место викано „Ливада“, гори букова шума. На територија на село Церово горат нискостеблеста дабова ...

Во „Службен весник“ објавен е Правилникот за утврдување на работните места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење, информира министерот за земјоделство Цветан Трипуновски. Со ова, припадниците на шумската полиција добиваат право на бенефициран стаж – право што долги години го бараа, но и покрај бројните ветувања, сè до сега остануваше нереализирано. Со оваа одлука, се оддава почит и признание за секојдневната работа, ...

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец август 2025 година изнесува 65.507,00 денари, што претставува зголемување од 179,00 денари во споредба со јули, кога изнесувала 65.328,00 денари. Во споредба со периодот пред укинување на активните владини мерки, кошницата е зголемена за 2.816,00 денари или 4,49 отсто, соопштуваат од Сојузот на синдикатите на Македонија Од ССМ посочуваат дека со изнајмен стан од 60 квадрати, вкупните ...

Најновите параметри во земјоделството значат повеќе храна, а помалку увоз, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања во однос на најновите статистички податоци за инпутот и аутпутот во земјоделството. -Во рамките на земјоделството, се случува една појава, параметар што е многу значаен за економијата и за граѓаните но и за земјоделците, бидејќи трошоците при инпутот, односно оние трошоци кои им се потребни ...

По истекот на законскиот рок за плаќање на месечните аконтации за данок на добивка и исплатата на јулските плати со придонеси, утврдени се значителен број на неплатени обврски, соопшти Управата за јавни приходи. Од 2.129 даночни обврзници не е извршено плаќањето на месечната аконтација за данок на добивка за јули 2025 година, а кај 11.555 обврзници не е евидентирана исплата на бруто плати и социјални придонеси за истиот месец. Дел од ...

На територијата на државава до 12 часот регистрирани се вкупно три пожари на отворен простор. Во моментов активен е еден пожар, а другите два се целосно изгаснати, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи. Активниот е во „Јасен“ во општина Македонски Брод, каде гори мешана шума. Едниот изгаснат пожар бил на територија на општина Битола, во подрачјето на село Српци, каде била опожарена ниска вегетација. Другиот пожар избувнал ...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства дека до 31 август 2025 година ќе можат да поднесат барањаза мерката 3. Помош во премии и осигурување од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година. Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои во период од 1 август 2024 година до 31 јули 2025 година имаат склучено полиси за осигурување во ...

Градот Скопје ги информира граѓаните дека денеска ќе започне терестричната дезинсекција на територијата на градот против возрасни форми и против ларви од комарци. -Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се врши од 19 до 22 август (од вторник до петок), во вечерните и раните утрински часови, од 22:00 до 03:00 часот наредниот ден, а против ларви од комарци ќе се изврши во текот на еден од горенаведените денови, се ...

Осум пожари на отворен простор се регистрирани до 12 часот денеска ширум државава. Од нив, три се активни, еден е ставен под контрола, а останатите се целосно изгаснати, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активните се на територија на општините Македонски Брод, Студеничани и Липково. Мешана шума гори во „Јасен“. Мешана шума и ниска вегетација се опожарени на територија на селата Драчевица и Цветово. Борова шума ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за 0,50 денари по литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство за 1,00 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 74,00 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 76,00, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 67,50, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 67,00 ден/лит. ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски соопшти дека е објавен огласот за откуп на домашна пченица за стоковните резерви на државата. Како што информира Трипуновски преку својот фејсбук профил, прв пат во Македонија, ќе се откупува македонска пченица за стоковни резерви. -Денеска е објавен огласот за откуп на домашна пченица за стоковните резерви на државата. Прв пат во Македонија, ќе се откупува македонска ...

Цените во земјоделството во јули 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 3.1 % кај инпутот и за 31.8 % кај аутпутот. Цените во земјоделството во јули 2025 година, споредени со цените во јули 2024 година, бележат зголемување и кај аутпутот и кај инпутот. Во делот инпут, во јули 2025 година, во споредба со јули 2024 година, има зголемување на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) ...

Во јуни годинава се издадени 213 одобренија за градење, што е за 15,1 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според податоците на Државниот завод за статистика, предвидената вредност на објектите за кои се издадени одобренија за градење во јуни е 4 857 279 илјади денари, што е за 47,1 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 120 (56,3 отсто) се наменети ...

Во јули годинава продедени се 460 гигават часови електрична енергија за задоволување на севкупната потрошувачка во државата, без загубите, покажуваат податоцитете на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО. Како што информираат од МЕМО, на пазарот на електрична енергија реализирани се трансакции од сопствено производство во висина од 551 гигават часови, во кои ЕСМ учествува со најголем процент од 38,8 отсто или со 214 ...

Во државава изминатите 24 часа евидентирани се вкупно 29 пожари на отворен простор. Два сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а останатите се изгаснати, информираат утрово од Центарот за управување со кризи до 6:30 часот утрово. Активни се пожарите во општините Македонски Брод и Јегуновце. Во „Јасен“ гори мешана шума, а помеѓу селата Рогачево и Јажинце опожарени се пасишта. Под контрола е ставен пожарот во регионот на селата Девич и ...

Царинските инспектори при Секторот за контрола и истраги, при контрола на 21 увоз на месо од увозник, откриле царинска измама во висина од седум милиони денари. Како што соопшти денеска Царинската управа, дополнителната контрола на приложените царински документи, како и лабораториските анализи, покажале дека месото било пријавувано во погрешна тарифна ознака со пониска царинска стапка, наместо во соодветната тарифна ознака со повисока стапка. ...

На територија на државава денеска до 12 часот регистрирани се вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, а 11 се изгаснати. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), се уште е активен пожарот во повеќенаменското подрачје „Јасен“ во општина Македонски Брод. Активни пожари има и во Струга, кај местата викани „Октишка Краста“ и „Бегова Шума“, во Прилеп – село Дабница, во општина Македонски Брод – кај селата ...

До 07:00 часот утрово во земјава се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор од кои два се активни, а три се под контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според податоците, изгаснати се 20 пожари. Активни се пожарите во повеќенаменското подрачје „Јасен“, општина Македонски Брод, каде гори мешана шума и во Октишка краста во Струга, каде гори ниска вегетација. Под контрола се пожарите во Општина Сарај 2, с. Радуша кон ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез во државата е околу 15 минути, а на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава, информира АМСМ. Воедно препорачува прилагодена брзина ...

Потпишани 14 договори со вкупна вредност на инвестициите од 16,6 милиони денари со над 8,9 милиони денари финансиска поддршка од програмата за рибарство и аквакултура Денеска во просториите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се потпишаа 14 договори по објавениот Јавен повик 02/2024 за подмерка 2.1 Финансиска поддршка за инвестиции во аквакултурата и 2.3 Финансиска поддршка за инвестиции во преработувачки ...

Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, во април годинава успешно го воспостави Регистарот на Гаранции за потекло на електрична енергија и за само два месеци издаде 107.666 гаранции. Како што се истакнува во соопштение на веб-страницата на Националниот оператор, на 26 мај, МЕМО официјално ги издаде првите Гаранции за потекло од обновливи извори на АД ЕСМ, за електрична енергија произведена од хидроенергетските ...

До 7:00 часот на територија на цела држава има 16 пожари на отворен простор, од кои еден е активен. Тоа е пожарот на територија на општина Македонски Брод, на повеќенаменското подрачје Јасен, каде е зафатена мешана шума. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола е пожарот во општина Кичево, меѓу селата Челопеци и Миокази, каде гореше мешана шума. Изгаснати се 14 пожари, од кои два во општина Куманово, како и во ...

Утрово, од 6:49 часот сообраќајот за тешки товарни возила на граничниот премин Блаце се пренасочува преку бензинската пумпа Дизел. Како што соопшти АМСМ, поради зголемена фреквенција на возила, на граничните премини Богородица, Дојран и Табановце се чека околу 30 минути. На останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви ...

Поради зголемена фреквенција на возила, на граничните премини Богородица, Дојран и Табановце се чека околу 30 минути. На останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за половина денар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за еден денар по литар. Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) поевтинува за 1,5 денари за литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 74,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 76,50, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 68,50, а Екстра лесното ...

ЈП „Водовод и канализација“ Скопје апелира граѓаните рационално да ја користат и употребуваат водата за пиење, односно да се избегнува полевање поголеми површини, разладување на дворни површини, улици и непотребно трошење на водата за време на топлите денови. -Енормно зголемената и неконтролирана потрошувачка на вода на дневно ниво, предизвикува нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем, а како последица на сето ова, градскиот ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.42
21%
1017
weather icon

Белград

35ᴼ / 34ᴼ
3.52
44%
1018
weather icon

Загреб

36ᴼ / 36ᴼ
2.65
38%
1018
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
4.93
39%
1020
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
4.51
30%
1020
weather icon

Љубљана

35ᴼ / 33ᴼ
0.51
43%
1018
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
7.15
35%
1016
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
4.81
33%
1016
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
3.56
29%
1016
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 32ᴼ
3.13
36%
1020
weather icon

Будимпешта

39ᴼ / 37ᴼ
1.79
26%
1018
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 27ᴼ
8.77
67%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Алуминиум

3.20

Платина

51923.46

Родиум

249168.29

Бакар

12.33

Рутениум

49029.89

Сребро

1902.84

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Злато

131072.82

Иридиум

233896.68

Паладиум

38195.09

Калај

50.56