Најстудено утрово е во Берово со нула степени и во Лазарополе со еден, а најтопло во Гевгелија девет степени. Во Скопје се измерени осум степени Целиусови. УХМР за денеска најави сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Максималната температура ќе достигне од 21 до 27 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ...

Трошоците на животот во септември 2024 година, во однос на септември лани, бележат зголемување од 2.6 %, а цените на мало од 3.3 %, соопшти Државниот завод за статистика. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во септември 2024 година, во однос на август 2024 година, изнесува 0.3 %. Зголемувањето на инфлацијата во септември 2024 година, е резултат на растот на трошоците на животот во групите: храна и безалкохолни пијалаци за ...

Комуналното претпријатие „Турија“- Василево доцна синоќа ги информираше жителите од населените места во општина Василево-Василево, Градашорци, Ангелци, Едрениково, Добрашинци, Нова Маала и Чанаклија, кои со вода за пиење се снабдуваат од браната „Турија“, односно преку филтер станиците „Ташли Баир“ и „Добрашинци“, но и жителите на селата Дукатино, Сушево и Владевци дека по направените најнови физички, хемиски и микробиолшки анализи водата не е ...

Утрото постудено, а преку денот, времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура се очекува да биде 2 степена, а максималната, 27 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје, времето се очекува да биде сончево со умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Според најавеното, во среда и петок ќе има услови за локален дожд и ретки ...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата по основ на произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството. Исплатени се 4.430 млекопроизводители со сума од 216.712.603,00 денари. Исплатата е извршена на земјоделските стопанства – производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози и произведеното млеко ...

Светската метеоролошка организација (WMO) соопшти дека 2023 година била најсушна година за светските реки во последните 30 години, поради рекордно високите температури кои довеле до сушење на водните текови и продлабочување на сушите. Во извештајот на WMO се посочува дека глечерите кои снабдуваат многу реки со вода претрпеле најголема загуба на маса во последните пет децении, предупредувајќи дека топењето на мразот може да ја загрози ...

На 01.10.2024 год. Платежна агенција (АФПЗРР) официјално го најави новиот повик за популарната Мерка 7 од ИПАРД III програмата, најпозната по инвестициите во развој на руралниот туризам. Ова значи дека подготвителниот период за апликации е веќе во тек, а јавниот повик за Мерка 7 ќе биде објавен наскоро и ќе трае 45 дена. ЦЕЛИ Клучна цел на приоритетниот сектор „Рурален туризам“ е поддршка на развојот на руралниот туризам преку инвестиции во ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V), од полноќ се зголемуваат за 1,00 денар по литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 75,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 77,50, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 68,50 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 1,50 денари и ќе ...

Времето до крајот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Само во Полошката Котлина во поголем дел од денот ќе се задржи ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 27 степени, информираат од УХМР. Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Температура до 24 степени. Синоптичарите најавуваат дека во текот на оваа ...

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија во периодот јануари – август 2024 година изнесува 5 190,2 милиона евра и бележи пад од 5,7 отсто во однос на истиот период лани, додека вредноста на увeзената стока е 7 341,3 милиони евра, што е за 0,6 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Според Државниот завод за статистика (ДЗС), трговскиот дефицит е 2 151,2 милиони евра, а покриеноста на ...

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – септември 2024 година во однос на истиот период лани е зголемен за 5,5 отсто, додека во однос на декември 2023 година, е зголемен за 2,8 проценти. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година во споредба со август 2024 година е зголемен за 0,2 отсто. Споредено по групи на услуги, зголемување е ...

Поради добиени позитивни лабораториски наоди за зголемено присуство на манган, над максимално дозволените концентрации согласно Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во петокот, издала забрана за користење на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар. На јавното комунално претпријатие „Комуналец” кое стопанисуваа со водоводната мрежа во овој град, соопштија денеска ...

На светските пазари, цената на нафтата скокна за повеќе од осум отсто минатата недела, бидејќи трговците стравуваат оти ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток може да предизвика прекини во снабдувањето од регионот богат со нафта. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 8,5 отсто, на 78,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 9,1 отсто, на 74,38 долари. Најголемиот неделен скок на ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од 06.10.2024 – 13.30ч магистралниот пат Ресен – Охрид ке се одвива не изменично по една коловозна лента. Од 17.00 ч.Велес-Скопје после тунел Катланово сообраќајот е нормализиран. ДПТУ ...

Во последното деноноќие се регистрирани два пожара на отворено – во Скопје бил запален градежен отпад на ул. „Његошева“ во Општина Карпош, и во во Село Рдауша каде што имало запалено ѓубре, соопшти ЦУК. ЈКП „Шар“ од Тетово информира поради загаденоста на водата во изворите на Лешница, системот на филтер станицата на засега е целосно затворен. Градот Тетово се снабдува со намалено количество вода, а екипи на ЈКП „Шар” се на терен за брзо ...

Ниските цени, немањето пласман и лошите климатски услови се едни од најчестите проблеми со кои се соочуваат производителите на лешник од Источниот регион. Сепак, споредбено со други овоштарски култури одгледувањето на лешник, според делчевскиот производител Љупчо Ромовски е далеку поисплатливо во однос на останатите овоштарски култури. За него проблем е само периодот додека почне да се собира родот, за кој во Делчевско, како што вели Ромовски, ...

Маркетите за многу краток период извадија нови производи само за да ја избегнат Одлуката за ограничување на маржите. Се обидуваат на секаков начин да го заобиколат законот и да остварат профит. Имаат празни рафтови и не се снабдени доволно со производите опфатени со Одлуката. Вршат и големи притисоци врз добавувачите, рече денеска на прес-конференција директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Горан Трајковски, најавувајќи строги казни. ...

Директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Горан Трајковски денеска предупреди граѓаните да внимаваат кога купуваат пелети зашто може да им бидат понудени некои како А класа, а всушност да се А2 или Б, за индустриска употреба. Таков е случајот, како што информира на прес-конференција, со пелетите кои се продавале како словенечки, а немале врска со Словенија. -Понајдени се пелети декларирани како словенечки, а немаат врска со Словенија. ...

Дваесет километри од главниот град на Хрватска се наоѓа Долго село, кое е и село и град. Топло и мило како на село, а отворено како во модерен град, единствено место каде традицијата ја допира денешницата, а градот природата. Упатувајќи се во Долго село, директорката на Туристичката заедница на Долго село, Кармела Вуков-Цолиќ не дочека со реторичко прашање и не воведе во целта на нашата посета. Кои сме ние, без нашата традиција и кои сме ние, ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека изминатото деноноќие на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 имало вкупно 2 028 повици. Од нив „реални“ биле 60,06 отсто, а 39,94 проценти не биле итни. Кон Полиција биле упатени 67,16 отсто, кон Итната медицинска помош 19,82, кон пожарникарите 5,03, а кон АМСМ 0,30 проценти од реалните повици. Според ЦУК, регистрирани се и четири (3) пожари на отворено. Од 11.50 до 12.45 часот, ...

Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврна во Пожаране и Лазарополе. Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи наврнат е воден талот од 65 литри на метар квадратен. До осум часот утрово наврнати се 58 литри на метар квадратен во Маврови Анови, 57 во Дебар, 56 на Попова Шапка, 53 во Тетово, 48 во Крушево, 45 во Охрид, 31 во Скопје-Петровец и Крива Паланка, 28 во Скопје-Зајчев Рид и Куманово, 20 во Велес, 19 во Претор, 14 во ...

Дуњата се бере кога плодовите се на одредено ново на зрелост, што не може секогаш лесно да се одреди. Постојат две нивоа на зрелост – физиолошка или ботаничка и целосна или конзумна зрелост. Кога е оптималното време на берба зависи од намената на плодовите, дали ќе се користат за консумирање или за преработка, вели Данко Петровиќ, дипл. инж. за овоштарството и лозарството од Србија, пишува Добро јутро. Времето на берба директно влијае на ...

Модриот патлиџан често се употребува, особено во овој период од годината. Пржен, печен, варен, како дел од кремасти салати или од зимници, него сите го сакаат. Овој зеленчук кој важи за еден од најздравите плодови, потекнува од Индија. Уште многу одамна модриот патлиџан почнал да се одгледува во Азија, а потоа неговото семе било донесено и во Европа, каде што до ден-денес се одгледува. Постојат неколку сорти модар патлиџан, а истражувањата ...

Владата на БиХ прогласи состојба на природна катастрофа поради поплавите и свлечиштата што погодија дел од Федерацијата Босна и Херцеговина – Јабланица, Коњиќ, Кисељак, Фојница, Крешево и други места. Ова денеска го соопшти вицепремиерот Војин Мијатовиќ на вонредна прес-конференција на Владата на ФБиХ во Сараево. – Имаме 14 жртви, не шпекулирајте за бројот на исчезнати. Во овој момент во загрозените подрачја се работи на проодност и ...

Доколку се остварат прогнозите и врнежите бидат интензивни, на мали теритотии и за кратко времетраење, можни се локални проблеми и локални излевања на помалите водотеци и суводолици во крајните западни и северо-западни делови од државата, пред се на оние кои доаѓаат од планинските масиви Шар Планина, Кораб и Дешат, Стогово и Караорман, Бистра и Јабланица, предупредува ЦУК. Нагласува и дека ако врнежите бидат поројни и сконцентрирани во ...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата за произведен домашен лозов и овошен саден материјал по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството. Исплатени се 8 правни лица со сума од 55.703.770,00 денари. Исплатата е извршена на правните лица запишани во Регистарот на снабдувачи за саден материјал кои имаат произведено и продадено лозов и овошен саден материјал во 2023 година и имаат ...

Занаетчиската комора поднесе барање до надлежните министерства и до Владата за поддршка на занаетчиството преку различни мерки, соопштија денеска надлежните од ЗКРСМ. Од комората велат дека по барање на занаетчиите и по консултациите со регионалните комори, како национална комора поднеле барање до Министерството за економија за поддршка на вршителите на занаетчиската дејност. – По барање на занаетчиите и по консултација со регионалните комори, ...

Централните делови на неколку градови во северниот дел на Херцеговина и централна Босна се целосно поплавени, а најтешка е состојбата во Јабланица, која е целосно изолирана поради поплавите. Во текот на изминатата ноќ, обилните врнежи создадоа порои кои централните делови на повеќе градови ги претворија во реки. Поплавени се станбени и деловни објекти, а сообраќајот е во целосен застој. Според информациите од Градската служба за спасување во ...

Да се применуваат соодветни агротехнички и превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, но и да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води, препорачуваат агрометеоролзите согласно најавите на УХМР дека под влијание на циклонска активност утре и за време на викендов ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Дождот, нагласуваат, е потребен, зашто влажноста на почвата по долгото ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
88%
1018
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
1.54
77%
1015
weather icon

Загреб

18ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1015
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
94%
1019
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.3
86%
1017
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
0.89
86%
1016
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
2.57
56%
1014
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
88%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
63%
1017
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
1.54
94%
1017
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
0.51
73%
1013
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
4.63
88%
1016
Currency

61.535

Currency

53.9239

Currency

73.0442

Currency

35.0269

Currency

39.3728

Currency

65.5617

Currency

7.4966

Currency

0.69637

Currency

0.37446

Currency

0.52528

Currency

1.36977

Currency

0.62657

Алуминиум

2.49

Кобалт

42.99

Никел

15276.00

Рутениум

19708.41

Калај

32.10

Сребро

1152.96

Злато

108576.67

Бакар

10.04

Паладиум

32022.14

Платина

36488.83

Родиум

174417.80

Цинк

2.68