Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции, соопшти Министерството за здравство. Според податоците, на 31 јули се регистрирани 60 први прегледи, што претставува дневно зголемување, но бројката останува далеку под пикот од 18 јули, кога биле евидентирани 649 прегледи. Од 14 до 31 јули се регистрирани вкупно 4.543 први прегледи. Досега се поднесени 1.028 формални пријави за ...
Министерството за здравство денеска соопшти дека внимателно го следи случајот со 19-годишната пациентка која по царски рез направен во Клиничката болница во Штип останала парализирана. – Со цел целосно, објективно и стручно утврдување на сите околности поврзани со лекувањето на пациентката, Министерството издаде налог до Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор. По добивањето на инспекцискиот наод и ...
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска на прес-конференција обвини дека актуелниот случај со загадената вода во Гостивар е резултат на, како што рече, децениска негрижа на локалната власт, предводена од СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари. Манасиевски упати критики и до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека денес ја критикува состојбата во здравството, иако, според него, како министер за здравство не реагирал на проблемите ...
Грчките власти прогласија највисоко ниво на опасност од пожари за голем дел од земјата, а Службата за цивилна заштита издаде црвено предупредување за поширокото подрачје на Атина. Најкритична е состојбата западно од грчката престолнина, каде силните ветрови го отежнуваат гаснењето и придонесуваат пожарите повторно да се разгорат. 🇬🇷🔥Fire Greece Porto Germeno Attica – Meteology Live App pic.twitter.com/eljgilorwc — Meteology Live ...
СДСМ денеска обвини дека во повеќе од 50 населени места во земјава водата не е безбедна за пиење и оцени дека станува збор за последица на, како што наведоа, неспособноста и неодговорноста на актуелната власт. На прес-конференција, Маја Серафимовска Борозан рече дека листата на засегнати населени места секојдневно се зголемува и ги посочи Гостивар, Крушево, Валандово, Булачани, Пласница, Лешок, Преглово, Маврово, Рич, Белотино, Башино Село, ...
По потврдените случаи на Западнонилска треска во Македонија, повторно треба да се постави прашањето дали мерките против комарците навистина даваат резултат? Оваа тема не е нова. „А1он“ уште пред четири години објави серија истражувања во кои предупреди на контроверзите околу средството што се користеше за авионско прскање против возрасни комарци во Скопје. Станува збор за биоцидот Aqua K-Othrine, за кој производителот „Bayer Environmental ...
Локалната иницијатива „И здравје и работа“ најостро ги осудува сè почестите јавни напади и обиди за дискредитација на универзитетските професори, геолозите, рударските инженери и другите стручни лица кои јавно ги презентираат научните факти и современите технолошки решенија што денес се применуваат во рударството. Во последниот период сме сведоци на организирани обиди од една мала група луѓе да се наруши кредибилитетот на луѓе кои целиот ...
Сообраќајот на државните патишта во земјава утрово се одвива непречено и по суви коловози, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце за влез во државата и на Богородица за излез се бележи поголема фреквенција на возила, при што времето на чекање изнесува од околу 30 минути до еден час, објави АМСМ. Камерите на ...
Речиси сите мигранти кои последните денови нелегално влегоа во шпанската енклава Сеута веќе се вратени во Мароко, соопшти шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес, повикувајќи да престанат, како што рече, „намерните дезинформации“. „Не е можно од Сеута и Мелиља да се патува кон континентална Шпанија без идентификација на полициски контролен пункт“, напиша Албарес на социјалната мрежа X, додавајќи дека „интегритетот на ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, објави дека се откажува од контроверзниот проект „FIFA Forward Enterprise“, со кој планираше да им овозможи на приватни инвеститори да влезат во сопственичката структура на комерцијалните права на Светското првенство. Како што соопшти, проектот нема да продолжи бидејќи не ја добил потребната поддршка од членките на ФИФА, по силното противење на водечките континентални фудбалски организации – УЕФА, АФЦ и ...
Со кревањето на знамето на Крушевската Република на Гумење и свечена програма, вечер во Крушево почнува традиционалната манифестација „10 Дена Крушевска Република“, со која стартуваат чествувањата по повод Илинден – Денот на Републиката и 123-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република. Програмата започнува претпладне со положување цвеќе на гробот на Дамјан Груев, по што делегација на манифестацијата и на Општина Крушево ќе ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, објави дека се откажува од контроверзниот проект „FIFA Forward Enterprise“, со кој планираше да им овозможи на приватни инвеститори да влезат во сопственичката структура на комерцијалните права на Светското првенство. Како што соопшти, проектот нема да продолжи бидејќи не ја добил потребната поддршка од членките на ФИФА, по силното противење на водечките континентални фудбалски организации – УЕФА, АФЦ и ...
Дипломатските тензии меѓу Шпанија и Израел околу војната во Газа се прелеаја и на социјалните медиуми, а мигрантската криза во шпанската енклава Сеута стана нова жаришна точка по размената на обвинувања меѓу амбасадорот на Израел во Обединетите нации, Дани Данон, и шпанскиот министер за транспорт Оскар Пуенте. „Шпанија, која никогаш не пропушта можност да му држи предавања на Израел, прогласи вонредна состојба во Сеута по кризата ...
Танкер бил погоден од „непознат проектил“ во Ормутскиот теснец покрај брегот на Оман, соопшти Агенцијата за поморски трговски операции на Велика Британија (UKMTO). Моторот на бродот бил оштетен, соопшти агенцијата, додавајќи дека никој не е повреден и немало еколошка штета. Инцидентот се случил околу 20 километри североисточно од оманскиот град Лима, според UKMTO. Иран бара бродовите да ја користат рутата на Ормутскиот теснец по должината на ...
Во текот на ноќта избувна пожар во катедралата „Свети Василиј Блажени“ на Црвениот плоштад во Москва, но огнот брзо бил ставен под контрола, јави руската државна новинска агенција ТАСС. Причината за пожарот во православниот храм, еден од најпрепознатливите симболи на руската престолнина, засега не е соопштена. Подоцна беше потврдено дека пожарот е целосно изгаснат. FIRE CREWS RESPOND TO SMOKE AT ICONIC MOSCOW CATHEDRAL Smoke was detected at ...
Соединетите Американски Држави би можеле да започнат нови воени напади врз Иран уште овој викенд, потврдија за CNN двајца американски функционери запознаени со плановите. Иако прецизниот обем на операцијата и точните цели сè уште не се целосно јасни, официјалните лица предупредуваат дека ситуацијата е сè уште флуидна и дека планираните напади би можеле да бидат откажани во последен момент. Зборувајќи на состанок на кабинетот во петокот, ...
Најмалку девет лица загинаа, а 27 се повредени, меѓу кои и четири деца, во ноќешниот руски ракетен напад врз Киев. Низ украинската престолнина во текот на ноќта одекнуваа силни експлозии, а густ чад се издигна над градот по ударите на балистички ракети. Kyiv. Morning. Above the city — smoke. Below it — destroyed homes, murdered civilians. This is the capital of a European country. The world has been watching this for 4.5 years. What makes ...
Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Високите температури ќе се задржат и во текот на вечерните и ноќните часови. За денеска се најавува многу топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 ...
На компанијата „Миноква Бруинг“ (Minocqua Brewing Company) од Висконсин ѝ е одземена државната лиценца. Одлуката уследи откако компанијата на социјалните мрежи објави дека ќе дели бесплатно пиво на денот на смртта на Доналд Трамп, што поттикна истрага од страна на регулаторните органи, пренесува „Унилад“ (Unilad). Државните службеници на Висконсин ја потврдија одлуката за одземање на лиценцата завчера. Спорна беше една објава во која ...
На денешната седница, Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија, поради зголемените ризици и опасности од пожари на отворен простор и шумски пожари, во времетраење од 30 дена, почнувајќи од 1 август 2026 година. Одлуката е донесена со цел навремено, координирано и ефикасно справување со состојбата на терен, како и максимално мобилизирање на сите расположливи институционални капацитети за заштита ...
Раководството на Реал Мадрид му постави ултиматум на Винисиус Жуниор по неколкумесечни преговори за нов договор. На бразилскиот напаѓач и на неговите агенти им е соопштено дека понудата на клубот е конечна и мора веднаш да ја прифатат, во спротивно играчот ќе биде ставен на трансфер-листа ова лето. Клубот нема намера дополнително да ги подобрува условите, пишува „Goal“. Според информациите од шпанскиот весник „Marca“, Реал Мадрид одлучи да ...
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 19:46 часот во јужниот дел на Италија. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓаше на 13 километри западно од Неапол. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), се наоѓа на длабочина од приближно 2 километри под површината на земјата. Граѓаните велат дека земјотресот траеше повеќе од 20 ...
Бразилскиот фудбалер Касемиро беше официјално претставен како нов играч на Интер Мајами. Поранешниот играч за врска на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед изјави дека отсекогаш сакал да игра во ист тим со Лионел Меси (поранешна ѕвезда на Барселона), кого го смета за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Тој истакна дека Меси бил еден од клучните фактори за неговата одлука. „Сакам секогаш да бидам со најдобрите. Секој ден сонував да ...
Роман, 44-годишен маж од Киев, излегува од својот стан само ноќе. Тој живее во речиси целосна изолација повеќе од три години: нарачува достава на храна, комуницира со родителите само преку телефон и се извлекува надвор само за време на полицискиот час, внимавајќи никој да не го види. Тој својот живот го опишува како „пекол на земјата“, но за него постои и полоша судбина – да биде фатен од некоја од патролите за мобилизација, чиишто потраги ...
Судија на бразилскиот Врховен суд ѝ дозволи на бразилската федерална полиција да отвори истрага против Фабио Луис Лула да Силва, синот на бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва, поради сомневање за злоупотреба на влијание со цел да му помогне на еден лобист во деловните односи со Министерството за здравство, изјавија денеска за Ројтерс извори запознаени со одлуката. Минатата недела, бразилската полиција побара одобрение за ...
Избегнување директно изложување на сонце и активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, заштитни очила и светло бојна капа, останување во затворени и климатизирани простории, при престој на отворено во тој период да се прават чести одмори под сенка, да се внесува умерена количина храна, да се избегнува масна и висококалорична храна, како и храна која содржи голема количина шеќер, да се внесува доволно ...
Во моментов има значителен застој на граничниот премин „Евзони – Богородица“ (од Грција кон Македонија). Информациите се дека има огромни колони и дека за влез во земјава се чека и по 4 часа. Засега не е пријавен инцидент (сообраќајна несреќа, дефект или затворање на преминот). Најверојатната причина е екстремно зголемениот сообраќај поради крајот на јули и викендот, кога голем број туристи се враќаат од Грција. Во моментов има ...
На аеродромот во Белград, полицијата уапси турски државјанин (25) осомничен дека ја уби 28-годишната руска државјанка во изнајмен стан во Борча, а потоа го спакува нејзиното тело во куфер и се обидел да побегне од Србија. Припадници на Министерството за внатрешни работи во Белград – Управата за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на насилни кривични дела, сексуални и сообраќајни прекршоци и трговија со луѓе – по налог на Вишото ...
Во вториот квартал годинава најголемата постигната цена на стан продаден од инвеститор по метар квадратен изнесува 206.640 денари (3.360 евра) односно за 50 метри квадратни стран во Центар платени се 168.000 евра, покажува денеска објавениот Извештај од Регистарот на цени и закупнини за периодот април – јуни годинава. Од продажбите на стари станови, најголемата постигната цена по метар квадратен е во Охрид и изнесува 197.408 денари (3.200 ...
Клубот од англиската Премиер лига – Челси, е казнет со 10 милиони фунти (околу 11,7 милиони евра) и доби условна забрана за ангажирање играчи во текот на два трансфер-периоди поради прекршување на финансиските правила за време на ерата на поранешниот сопственик Роман Абрамович. Клубот од „Стемфорд Бриџ“ беше предмет на долготрајна истрага, а санкциите уследија откако во септември минатата година беа обвинети за дури 74 прекршувања на ...