Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров, денеска го лишиле од слобода Г.А. (43) од село Шишево, скопско, по пријава дека пукал со огнено оружје кон соселанец и му нанел повреда. Како што информираат од МВР, денеска околу 16:10 часот И.Ш. од село Шишево пријавил дека на влезот во селото бил пресретнат од Г.А. и С.А., по што Г.А. извадил пиштол и испукал кон него. Притоа, пријавителот се здобил со повреда во пределот на увото. ...
Три лица загинаа денеска, а две се повредени во експлозија која најверојатно е предизвикана од истекување на гас, по што се урна зграда во градот Порто Сант’Елпидио во близина на италијанскиот град Анкона, објави Анса. #Fermo, esplosione e crollo Porto Sant’Elpidio: concluse le operazioni di recupero del della donna, ultima dispersa. Tragico il bilancio definitivo dell’evento con tre persone decedute, di cui una successivamente in ospedale, ...
Новиот унгарски премиер, Петер Маѓар, го ограничи протокот на работници мигранти од земји кои не се членки на ЕУ со владина уредба објавена во саботата, исполнувајќи го ветувањето дадено на гласачите во изборната кампања. Околу 90.000 луѓе од земји кои не се членки на ЕУ работат во Унгарија, што претставува околу два проценти од работната сила, објавува ХИНА. Повеќето од нив се вработени во индустријата за батерии и автомобилската ...
Две лица загинаа во тежок судир помеѓу автомобил и мотоцикл, што се случи денес околу 15:30 часот во градот Мурвица во близина на Задар, потврди Полициската управа во Задар. Како што неофицијално дознава Индекс, многу е веројатно дека двете лица кои загинаа во несреќата дека биле на мотоцикл. Од фотографијата што се појави по несреќата, може да се види дека ударот бил силен, а мотоциклот вклучен во несреќата се скршил на неколку делови. Сите ...
Со само 19 години и 38 дена, руската тенисерка Мира Андреева стана шампионка на Ролан Гарос, откако денеска го победи најголемото изненадување на турнирот, полската тенисерка која до понеделникот беше рангирана на 114-то место, Маја Хвалинска, со 6:3, 6:2. Бајката за квалификнтката не заврши со среќен крај, па судбината на Ема Радукану од Отвореното првенство на САД во 2021 година не се повтори. Сепак, Полјачката мора да биде задоволна од ...
Украинските власти официјално ја презедоа одговорноста за координираната кампања со беспилотни летала на долг дострел спроведена во раните утрински часови. Една од руските поморски бази на Балтичкото Море беше погодена во операцијата, демонстрирајќи ја растечката способност на Украина да ја напаѓа стратешката инфраструктура на Москва далеку од активните боишта. Во официјално соопштение на Фејсбук, командата на Силите за специјални операции ...
И покрај пораките за моментален крај на војната и потпишување мировни договори, од Украина до Блискиот Исток, се чини дека мирот е сè уште далеку. Дали сегашните глобални војни влегоа во ќорсокак каде што нема решение на повидок, коментираа воениот аналитичар Перо Ковачевиќ и експертот за безбедност Анте Летица. Воениот аналитичар Перо Ковачевиќ го коментираше отвореното писмо што украинскиот претседател Володимир Зеленски го испрати до ...
Жителите и гостите кај Сутиван на островот Брач (во Хрватска) денес ги пречека необична глетка во самиот центар на градот. Во локалното пристаниште, автомобил заврши превртен на страна, делумно во морето, само неколку метри од брегот, објавува Далмација Данас. Фотографиите од терен покажуваат дека возилото се свртело на страна покрај брегот, додека голем број љубопитни минувачи веднаш се собрале околу него. Автомобилот претрпел голема ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 21 возач за безобѕирно управување возило, од кои 13 возеле без возачка дозвола, седуммина под дејство на алкохол и еден со забрана за управување возило, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од вкупно 13 кои возеле без возачка дозвола петмина се во Скопје, двајца во тетовско и по еден во Македонска Каменица, Куманово, ...
„По злоупотребите при работењето во Академијата за судии и јавни обвинители, кои се нотирани во последниот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија, се поставува прашање како институцијата која што треба да ги обучи идните судии и јавни обвинители ќе извади високостручен и високо морален кадар, кога самата е длабоко навлезена во криминал и корупција?! Според ревизорскиот извештај во Академијата се исплаќало за гориво за приватни ...
МВР информира дека вчера попладне во 16:15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го приведоа Р.М.(49) од Велес, затоа што во здравствена установа во Велес го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување и не ги почитувал наредбите на полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По преземени мерки било констатирано дека Р.М. бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,59 промили алкохол во крвта. Тој бил ...
Животната приказна на д-р Кристијан Ристовски е доказ дека и по најтешките животни удари може повторно да се застане на нозе. По тешка сообраќајна несреќа, тој поминал две недели во кома, а лекарите воделе тешка битка за неговиот живот. Но, наместо трагедијата да го скрши, таа му дала нова животна мисија. Денес е стоматолог кој своето знаење и професионалност ги посветува на пациентите со посебни потреби и пречки во развојот – луѓе на кои ...
Во Кочани денеска ќе се одржи 45-тиот Марш за ангелите. Почетокот на маршот е закажан за 18 часот и 5 минути часот во Паркот на револуцијата, од каде учесниците ќе се движат кон трговскиот центар, УЈП, МВР, Основниот суд и ќе завршат кај спортската сала „Кочански ангели“. Организаторите информираат дека маршот ќе се одвива мирно и достоинствено, во чест на 63-те ангели, за повредените и за семејствата кои секојдневно се соочуваат со болката ...
Судбината на проектот „Иловица-Штука“ предолго останува заглавена во статус кво состојба, додека Македонија губи време, инвестиции и можности за економски развој. Ние, локалните жители обединети во Граѓанската иницијатива „И Здравје и Работа“ сметаме дека е време институциите конечно да го завршат процесот и да донесат одлуки врз основа на законите, науката и стручните анализи. Доколку проектот „Иловица-Штука“ ги исполнува законските услови, ...
Четири нации ќе го имаат своето деби на претстојното Светско првенство, кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. Малиот карипски остров Курасао стана најмалата нација по население што се квалификувала за Светското првенство. Според податоците од минатиот јануари, островот има 156.115 жители. Курасао, кој стана држава во рамките на Кралството Холандија дури во 2010 година, ќе игра во Групата Е ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, ја отвори денешната меѓународна конференција „Скопска иницијатива“, организирана од СДСМ и „Корчуланска висока политичка школа“. Во воведното обраќање Филипче порача дека регионот се соочува со сериозен предизвик од авторитарни, националистички и коруптивни структури, на кои прогресивните сили мора да одговорат со единство, соработка и заедничка акција. „Скопската иницијатива е акција за зајакнување на ...
Седуммесечно момче е убиено од израелско огнено оружје на окупираниот Западен Брег, објави палестинското Министерство за здравство. Министерството го идентификуваше бебето како Сам Фахд Абу Хаикал, додавајќи дека неговите родители се исто така повредени во пукањето во областа Тел Румеида, јужно од градот Хеброн. Израелските одбранбени сили (ИДФ) во петокот соопштија дека нивните војници „забележале возило кое брзо се движело кон нив“ и дека ...
Фестивалот „Војдан Чернодрински“ е симбол на творечка енергија, уметничка храброст и ненаситна љубопитност за нови сценски дострели кои инспирираат, многупати вознемируваат, провоцираат, но и облагородуваат, порача претседателката Гордана Силјановска Давкова на отворањето на 60-тото јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Претседателката Силјаноска Давкова која е покровител на Фестивалот рече ...
Најмалку 150 работници беа евакуирани откако пожар го зафати седиштето на Монтеса-Хонда во Барселона во петокот. Драматичните снимки покажуваат густи облаци од црн чад како се издигаат над зградата и се шират низ областа, објавува The Sun. 😮 Incendio brutal en la planta de Montesa Honda en Santa Perpètua de Mogoda 🙏 Los bomberos han movilizado a 18 dotaciones y no se han registrado daños personales 📹 @3CatInfo pic.twitter.com/1MwLtcoyWR — ...
Млад маж почина откако беше каснат од ајкула долга речиси пет метри. Трагедијата се случи во близина на местото Албани, во западна Австралија. Локалната полиција потврди во саботата дека 35-годишниот маж починал по двочасовна борба на лекарите од итната помош за да му го спасат животот. Маж ловел риба со нуркач со своето семејство во близина на островот Михаелмас, покрај брегот на Албани, на околу 375 километри југоисточно од Перт, соопшти ...
Американската војска објави дека соборила четири ирански беспилотни летала за еднократен напад, лансиран кон Ормутскиот теснец, наведувајќи дека тие претставуваат „непосредна закана за регионалниот поморски сообраќај“, објавува Би-Би-Си. Потоа американските сили извршија напади врз иранските крајбрежни радарски станици во Горук и островот Кешм за да спречат понатамошни напади, објави Централната команда на САД – ЦЕНТКОМ. Според иранската ...
Играчите на иранската фудбалска репрезентација ги добија потребните визи за да се натпреваруваат на Светското првенство, кое заеднички го организираат Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада, објави американскиот амбасадор во Турција, Том Барак, во објава на својот Твитер профил. „Горди сме на нашиот извонреден тим во амбасадата на САД во Анкара за нивната работа во обработката на визите за иранската фудбалска репрезентација на пат ...
Лидерите на Европската унија на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват потврдија дека политиката на проширување останува еден од клучните приоритети на Унијата, но во исто време нагласија дека напредокот на земјите-кандидатки ќе зависи од спроведувањето на реформите и усогласувањето со европските стандарди. Иако самитот не заврши со усвојување на заедничка декларација, европските претставници ја повторија својата поддршка за европската ...
Непалскиот планински водич Дава Шерпа, за кој се веруваше дека загинал на Монт Еверест, беше пронајден жив по шест дена на планината. Тој за Би-Би-Си изјави дека преживеал џвакајќи мраз и јадејќи неколку чоколадни плочки што ги нашол во џебот. Тој исчезнал за време на спуштањето од Еверест, но тврди дека не се изгубил, туку бил принуден да остане на планината откако му снемало кислород. Неговото семејство во Катманду веќе ги започнало ...
Повеќе од 14.500 матуранти се пријавени за полагање на матурата и денеска ќе го имаат првиот екстерен испит, кој е изборен за кандидатите. Задолжителниот екстерен испит (мајчин јазик и литература) матурантите ќе го полагаат на 11, односно на 12 јуни. Во согласност со измените на Законот за средното образование, оваа година првпат се полагаат три типа матурски испит според видот на образование – државна матура, државна стручна матура и ...
Санкт Петербург е цел на масовен напад со беспилотни летала, објави денес гувернерот на Санкт Петербург, Александар Беглов. „Утрото на 6 јуни, Санкт Петербург беше изложен на голем напад од беспилотни воени возила. Системите за воздушна одбрана се оперативни“, напиша Беглов на платформата Max, пренесува РИА Новости. Беглов ги повика жителите да останат дома и да избегнуваат излегување надвор, додавајќи дека се можни прекини на мобилниот ...
Повеќе од 100.000 живи лебарки, кои се забранети во Австралија, се запленети од одгледувач, што е најголемата заплена на егзотични безрбетници во земјата досега, соопшти денес австралискиот Оддел за климатски промени, енергија, животна средина и вода. Во соопштението се вели дека мадагаскарските шушкави лебарки и дубија лебарки, во вредност од 200.000 австралиски долари (122.000 евра), биле запленети во мај од комерцијален одгледувач во ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Како што соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 18 степени, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. Во Скопје времето ќе биде ...
Пентагон веројатно ќе го откаже планот за испраќање ракети „Томахавк“ во Германија, делумно од страв дека Русија би можела да го сфати тоа како ескалација, објави денес „Политико“. Овој потег е дел од поширокото повлекување на САД од НАТО алијансата, вклучително и откажувањето на распоредувањето на илјадници американски војници во Германија и плановите за повлекување на одредени средства, бидејќи САД ги менуваат блиските партнерства што ги ...
Србија е влечена во конфронтација со Русија безмилосно и со притисок, но прашањето е колку Србија ќе ѝ се спротивстави, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Во интервју објавено денес за ТАСС на Меѓународниот економски форум (СПИЕФ) во Санкт Петербург, Захарова рече дека изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ покажуваат дека нема такви планови. „Гледаме како Србија во суштина ...