Се пензионираше од глумата во 1973 година на 39-годишна возраст. Нејзин примарен фокус стана активизмот за животните. Во 1977 година, таа се придружи на протестите против ловот на фоки, а во 1986 година ја основа Фондацијата Брижит Бардо Почина Брижит Бардо, француската актерка која се здоби со слава како меѓународен секс симбол пред да се откаже од филмската индустрија и да стане активист за права на животните. Имаше 91 година. Таа се здоби ...

„До ден денес, Филипче не покажува документи за некаков договор или преговори за работена ангажман со некоја тамошна болница. Тоа е така, најверојатно, поради тоа што таквите документи, очигледно, ги нема“, велат од ВМРО-ДПМНЕ Во свое појавување пред медиумите, лидерот на СДСМ Венко Филипче рече дека тој не бил бизнис партнер на Зоран Заев во градбата на висококатница во Дубаи. Но со тоа, пак, потврди дека Заев сепак таму гради зграда висока ...

Оттаму додаваат дека СДСМ секогаш била и сè уште е партија со дијалог во рамки на партијата ВМРО-ДПМНЕ активираше организирана и координирана операција за уривање на СДСМ одвнатре. Целиот план е осмислен пред две недели, кога власта сфати дека ја губи поддршката на граѓаните по сознанијата за мигранти за пари и по отворањето на криминално-корупциските афери на највисоките функционери на ВМРО од страна на Антикорупцискиот тим на СДСМ, се вели ...

Предвремените избори беа неопходни бидејќи иако „Самоопределување“ се појави како најголема партија на редовните избори на 9 февруари, не успеа да постигне практично мнозинство во парламентот Косово денеска ќе избере нов парламент, вторпат за 11 месеци, при што левоориентираното движење „Самоопределување“ на премиерот Албин Курти останува јасен фаворит за победа, јавува ДПА. Предвремените избори беа неопходни бидејќи иако „Самоопределување“ ...

Европа внимателно го следи Зеленски, кој претходно вчера се сретна со канадскиот премиер Марк Карни во Халифакс Украинскиот претседател Володомир Зеленски ноќеска одржа видео средба со речиси десетици европски земји и Канада, како и високи претставници од Европската комисија и НАТО, пред неговата денешна средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Флорида, јави ДПА. Портпарол на германската влада изјави дека лидерите му дале на ...

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 7 степени Времето денеска изутрина ќе биде ведро и студено, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец со брзина од над 60 километи на час. Минималната ...

Во рубриката „Микрофонот е ваш“ продолжуваме со фокусот на т.н. ситна корупција Нашите соговорници одговараат на прашања поврзани со квалитетот на услугата што ја добиваат во Одделението за управни работи на МВР во Скопје, за тоа дали им било побарано мито за да им завршат работа, дали ако му дадат подарок на службеникот – тоа се смета за корупција и дали користат пријателски врски за да добијат услуга? Погледнете го видеото. Во рубриката ...

Веќе неколку изборни циклуси, платеното политичко рекламирање на партиите за време на изборите се плаќа од државниот Буџет. Па, во ова издание на рубриката „Микрофонот е ваш“ разговаравме со граѓаните – дали рекламите им помагаат да одлучат за кого ќе гласаат, дали од рекламите дознале нешто за програмите на партиите, па и дали е во ред – партиските реклами да се финансираат од заедничката каса? Веќе неколку изборни циклуси, платеното ...

Не само што ги немаше меѓу кандидатите, туку лицата со попреченост беа целосно исклучени и од рекламите на политичките партии на последните парламентарни избори, заклучи анализата спроведена од меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС и фондацијата „Метаморфозис“ Зошто? И, дали ќе ги вклучат лицата со попреченост на следните избори? Прашавме и не добивме никаков одговор од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди“, СДСМ и ДУИ Не само што ги ...

Според информациите од шведските медиуми, во градот Сандвикен е регистрирана првата жртва. Се работи за 50-годишен маж кој починал откако врз него паднала голема гранка од дрво скршена од силниот ветер. Покрај жртвата, повеќе од 40 000 домаќинстав останаа без струја Силната снежна бура „Јоханес“, пропратена со ветрови со орканска сила, викендов предизвика хаос во Шведска и делови од Северна Европа. Невремето остави десетици илјади луѓе без ...

Властите на главниот град Тајпеј соопштија дека не се пријавени поголеми штети веднаш по земјотресот. Повеќе од 3 000 домови во крајбрежниот град Јилан, на североистокот на земјата, накратко останаа без струја Земјотрес со јачина од седум степени денеска е почуватсвуван во северен Тајван, но без непосредни извештаи за поголеми штети. Земјотресот се случил на длабочина од 73 километри. Како што соопшти метеоролошката служба, потресот бил ...

Темков беше познат професор во пензија по филозофија, етика и естетика, автор на голем број книги, учебници и научни дела, како и публицистички трудови од областа на филозофијата, етиката, естетиката и културологијата На 82-годишна возраст денеска во Скопје почина проф. д-р Кирил Темков, познатиот професор во пензија по филозофија, етика и естетика, автор на голем број книги, учебници и научни дела, како и публицистички трудови од областа на ...

Семејствата на загинатите во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани маршираа од Паркот на револуцијата, поминувајќи покрај трговскиот центар, Полициската станица, завршувајќи кај зградата на судот во Кочани. Порачаа дека бараат правда за предвреме згаснатите животи на нивните деца, браќа и сестри, а со маршевите продолжуваат наредната година по божиќните празници Семејствата на загинатите во пожарот во кочанското т.н. кабаре „Пулс“ денеска ...

Денешната блокада доаѓа по период од четири дена во кои преминот беше отворен за сообраќај Граничниот премин „Евзони“ од 11:00 часот, денеска, повторно е во целосен прекин за сите видови сообраќај. Причина за блокадата е продолжувањето на протестите на грчките земјоделци, кои со својата механизација ги оневозможуваат влезот и излезот од Грција, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Денешната блокада доаѓа по период од четири ...

По светските премиери во Њујорк и во Лондон, скопската публика ќе има можност да го погледне делото кое веќе е откупено за дистрибуција од светскиот гигант „Нешнл џиографик“ (National Geographic) Македонскиот кандидат за наградата „Оскар“, документарниот филм „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска, на четврти јануари (недела) ќе ја доживее својата свечена премиера пред домашната публика. Настанот ќе се одржи во Македонскиот ...

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, се осврна на жртвата што ја поднесуваат семејствата на мировниците, нагласувајќи дека ваквите настани служат за премостување на физичката оддалеченост Во пресрет на новогодишните празници, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска се одржа традиционалното одбележување на претстојниот почеток на новата година. Додека децата на припадниците на Армијата кои се дел од мисиите во странство ги ...

Украинскиот претседател рече и оти масовните руски напади се јасен сигнал дека патот до мирот не може да биде само декларативен, туку мора да биде поткрепен со воена заштита Украинскиот претседател Володимир Зеленски отпатува за САД на средба со американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи оти има јасно дефинирани позиции од кои Киев не планира да отстапи во претстојните разговори за иднината на војната. Како што пренесува „Киев пост“, ...

Денешната блокада доаѓа по период од четири дена во кои преминот беше отворен за сообраќај Граничниот премин „Евзони“ од денеска во 11:00 часот повторно е во целосен прекин за сите видови сообраќај. Причина за блокадата е продолжувањето на протестите на грчките земјоделци, кои со својата механизација го оневозможуваат влезот и излезот од Грција, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Денешната блокада доаѓа по период од четири ...

Поради нападот, големи пожари избувнаа во два облакодери во Киев, изјави градоначалникот Виталиј Кличко на платформата Телеграм Околу 600 000 потрошувачи во Киев и околниот регион останаа без електрична енергија по синоќешниот руски напад на украинската престолнина. Енергетските екипи се на терен и вложуваат максимални напори за што поскоро враќање на снабдувањето, објави премиерката на Украина Јулија Свириденко, на социјалните мрежи. ...

Од СДСМ го обвинија Деспотовски дека во договор со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ се обидува да ја дестабилизира партијата. Деспотовски испрати порака до актуелниот лидер на СДСМ Венко Филипче, нагласувајќи дека партијата имала и ќе има поголеми личности од него Опозицискиот СДСМ денеска соопшти дека до надлежните органи на партијата, Централниот одбор, согласно Статутот на СДСМ ќе достави барање за итно исклучување на Јован Деспотовски од ...

Како дел од иницијативата наречена „Прогласи победа“, низ целата земја ќе бидат поставени повеќе од 400 штандови во над 100 општини, каде што граѓаните ќе можат да ги поддржат барањата на студентите Студентите кои учествуваат во блокадите низ цела Србија за утре, 28 декември, најавија голема акција за собирање потписи од граѓани за распишување предвремени парламентарни избори, објави Н1 Србија. Како дел од иницијативата наречена „Прогласи ...

Белата куќа не издаде посебно соопштение во врска со ова, но во распоредот за викендот што го испрати до медиумите, го прецизира времето за средбата помеѓу Трамп и Зеленски за недела во 15 часот, пренесува „Њујорк тајмс“ Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски утре на Флорида, соопшти Белата куќа. Според распоредот на американскиот претседател, билатералните разговори ќе се одржат во ...

Националната метеоролошка служба на САД предвидува до 13 сантиметри снег во Њујорк и до 28 сантиметри во областите северно и североисточно од градот Стотици летови се откажани поради снежната бура што ги зафати Њујорк и Њу Џерси и поголемиот дел од североисточните држави на САД. Според FlightAware, кој го следи воздушниот сообраќај во американскиот воздушен простор, во земјата се откажани 1 659 летови – речиси десет пати повеќе од претходниот ...

Во северниот дел на главниот град, остатоци од беспилотни летала паднале во населба со викендици, а во североисточниот дел од градот има остатоци на отворен терен Пет лица се повредени во рускиот напад врз Киев синоќа, објави градоначалникот на главниот град Виталиј Кличко, на Телеграм, пренесе „Укринформ“. „Досега, четворица од повредените во непријателскиот напад добиле медицинска помош. Тројца се хоспитализирани, а еден е прегледан и се ...

Зборувајќи за работата на Собранието во изминатата година, тој рече дека врз основа на истражување на јавното мислење, за првпат после десет години, имаме подобрена перцепција на граѓаните за Собранието. Но, исто така, укажува тој, треба да се намали бројот на закони по скратена постапка што се предлагаат и оти на тоа постојано ќе посочува. Според него, едно од решенијата за намалување на бројот на закони по скратена постапка е календарот за ...

По долг период на зборување во јавноста и неколку дена по јавното сведоштво дека Зоран Заев гради 42-катница во Дубаи, стигна и потврда од Венко Филипче, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ Вистинското лице на СДСМ излегува на површина. Откако седум години ја испокрадоа и уништија државата, економијата и достоинството, отидоа во една од најбогатите држави да градат висококатници. По долг период на зборување во јавноста и неколку дена по јавното сведоштво ...

Оттаму нагласуваат дека нападите ги немало во изминатата година и половина и започнале токму сега кога Антикорупцискиот тим на СДСМ (АКТ) ги открил и ги објавил криминалните тендери Во момент кога СДСМ преку Антикорупцискиот тим систематски ги отвора и разобличува криминалните тендери, коруптивните зделки и предавствата на актуелната власт, ВМРО-ДПМНЕ активираше организирана и координирана операција за уривање на СДСМ одвнатре, велат од ...

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван ноќеска во Охрид и околината. Земјотресот бил со Рихтерова магнитуда од 2,2, а е почувствуван во 03:18 часот. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека ...

Осомничениот бил приведен на 25 декември и следниот ден бил изведен пред судија каде го признал делото Четириесет и шестгодишен кавадарчанец е осуден на една година затвор затоа што со автомобил удрил во полициски службеник кој сакал да го легитимира, информираат од Јавното обвинителство. „На 21 декември по полноќ, со возило ‘фолксваген’ обвинетиот не запрел на даден знак од полициските службеници, а кога на една од крстосниците во градот бил ...

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 8 степени Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарјето засилен ветер од северен правец од над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
87%
1025
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
5.14
72%
1026
weather icon

Загреб

14ᴼ / 10ᴼ
2.06
57%
1027
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
76%
1024
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
65%
1023
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.46
75%
1028
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
1.79
59%
1023
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
63%
1025
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
72%
1025
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
1.54
59%
1023
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
2.57
60%
1025
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
4.63
81%
1024
Currency

61.6317

Currency

52.9798

Currency

70.8395

Currency

37.5035

Currency

38.8416

Currency

68.0086

Currency

7.68142

Currency

0.68029

Currency

0.33738

Currency

0.5248

Currency

1.20469

Currency

0.57513

Рутениум

45750.51

Цинк

3.29

Сребро

2744.71

Алуминиум

3.26

Иридиум

221848.72

Злато

166370.79

Бакар

11.85

Родиум

380986.35

Паладиум

53659.60

Платина

69188.41

Кобалт

64.04

Калај

49.88