Еден лекар за десетици илјади жители.Гинеколошкото одделение при кичевската болница во моментов функционира со само еден единствен гинеколог – кој во исто време ја извршува и функцијата директор на болницата. На испомош доаѓаат лекари од Скопје но само неколку пати во месецот.Поради ваквиот дефицит пациентките многу често мораат за преглед да одат најблиску до Охрид Битола или Скопје. Директорката на установата во исто време е и единствениот ...

Откорнати дрва, паднати кровови, уништени автомобили и повредени луѓе. Ова е епилогот од невремето што го зафати Скопје, но и цела Македонија. Според последните информации на министерството за внатрешни работи силното невреме во главниот град оштетило 117 автомобили, 35 покриви, 7 семафори а паднале вкупно 189 дрва. Повредени биле околу 30 луѓе. Телевизија 24 денеска направи обиколка низ главниот град. Од она што го забележавме на терен е ...

Колку редовно се испитувала водата од гостиварскиот водовод, дали навремено биле предупредени и алармирани граѓаните на Гостивар за зголемениот број на вирусни заболувања. Прашања кои треба да дадат одговори дали општинските власти и здравствените установи можеле да го спречат ширењето на епидемијата. Здравствените власти и институции знаеле за масовното труење на гостиварци, но пет дена молчеле. Директорот на гостиварската болница Емри ...

На седница на Кризниот штаб со која претседавал министерот за внатрешни работи, а присуствувал и директорот на ЦУК-донеле заклучоци и мерки за состојбата во Гостивар. Односно, Армијата на Македонија ги става во приправност двете цистерни за дистрибуција на техничка вода, кои ќе бидат ангажирани доколку Главниот штаб процени дека е потребно. СОЗР ќе продолжи со дистрибуција на вода за пиење. Апелираат сите граѓани на Гостивар доследно да ги ...

Воените операции против Иран досега ги чинеле САД 37,5 милијарди долари, изјави синоќа американскиот министер за одбрана Пит Хегсет за време на сослушување пред Конгресот. Тоа претставува зголемување од речиси осум милијарди долари во однос на последната јавно објавена проценка на трошоците. Хегсет пред американските законодавци изјави дека во сумата се вклучени и очекуваните трошоци до 30 септември. Ова е првпат Хегсет јавно да одговара на ...

По невремето проследено со силен ветер, дожд и локални поројни врнежи, на повеќе подрачја во државата се регистрирани материјални штети, паднати дрвја, оштетени кровни конструкции, прекини во електроснабдувањето и други последици, соопшти Центарот за управување со кризи. Екипите на надлежните институции се на терен и работат на расчистување на последиците и нормализирање на состојбата. Во Скопски регион по 17 часот, преку Единствениот број за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави „воопшто не завршиле“ со Иран и предупреди дека следна цел може да биде тајниот подземен нуклеарен комплекс познат како „Пикакс маунтин“ (Pickaxe Mountain). – Веројатно многу наскоро ќе ја нападнеме таа зона. И тие ништо не можат да направат по тоа прашање - изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа. Според американските медиуми, меѓу кои „Вашингтон пост“ и ...

Силното невреме што вчера зафати делови од Балканот предизвика повеќе штети во Босна и Херцеговина и Хрватска, откако гром усмрти околу 30 овци во БиХ, а предизвика и шумски пожар во близина на Макарска. Според босанската национална телевизија, гром синоќа удрил во стадо овци на планината Хрбина во Босна и Херцеговина, при што угинале околу 30 животни. Подрачјето на општина Бугојно беше зафатено од силно невреме, при што за еден час наврнале ...

Претседателката на Индија Друпади Мурму на вториот ден од официјалната посета на земјава, денеска заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе ги посетат Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје, кадешто ќе се обратат на церемонија на откривање на биста на Махатма Ганди. По церемонијата во Музејот на град Скопје, претседателката Сиљановска-Давкова и претседателката Мурму ќе се упатат кон Охрид, кадешто ќе го посетат ...

Полициските службеници се присутни на терен и постапуваат по сите пријави поврзани со последиците од невремето, во координација со останатите надлежни институции, информира Министерството за внатрешни работи. Се преземаат мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните, расчистување на последиците и непречено одвивање на сообраќајот и другите јавни функции. Според МВР, најголеми последици од невремето се регистрирани на подрачјето на СВР ...

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во западните делови ќе дува слаб до умерен, повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а ...

Најавеното невреме попладнево го зафати западниот дел на Скопје, каде што силен дожд и ветер предизвикаа проблеми во повеќе населби. Според првичните информации, на одредени локации има и прекин на електричната енергија. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) претходно предупреди дека во попладневните часови се очекува нестабилно време со локални поројни врнежи, силен ветер и појава на грмежи. Поради најавените временски непогоди, ...

Намалени резерви на нафта и нафтени деривати. Шестотини тони мазут земени од Министерството за одбрана во 2017 година се уште не вратени. Државниот завод за ревизија утврди серија пропусти и неправилности во агенцијата за задолжителни нафтени резерви. Ревизијата покажала дека значителни количества мазут биле повлечени од резервите и за потребите на ЕСМ...Во декември 2024 година, Владата без надомест му отстапила на државното претпријатие ...

Зачувувањето на статусот на УНЕСКО за Охрид и Охридското Езеро не е само прашање на престиж, туку прашање на опстанок за нашиот најпознат бисер. Додека институциите се соочуваат со препораките и предизвиците за заштита од неконтролираната урбанизација, експертите и граѓаните се сплотени: губењето на овој статус би значило ненадокнадлива штета за туризмот, екологијата и националниот идентитет.И научната фела е децидна - културното и природното ...

Податоците за поевтина потрошувачка кошничка, ги збуни граѓаните. Најголемиот дел од оние кои денеска ги анкетиравме велат дека во последниве неколку години откако инфлацијата не престана да расте, не забележале некој производ да поевтини. Повеќе велат дека не веруваат на извештаи и на анализи, туку на тоа со што секојдневно се соочуваат, а тоа се ценовни шокови. „Дали сте збележале нешто да е поевтинето? Не, се е поскапо, нема ништо ...

Гостиварци трет ден жедни. Забраната за користење на водата од градскиот водовод се уште на сила. Водата освен за пиење не смее да се употребува ниту за подготовка на храна, ниту за одржување на хигиена. Првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов, најави строги контроли и казни за институциите и угостителските објекти кои нема да ја почитуваат забраната. Упати апел да користат техничка вода, иако ниту една населба од ...

Уште 183 гостиварци побарале лекарска помош поради симтпоми на труење. Според податоците од министерството за здравство 111 се јавиле на инфективното одделение во гостиварскта болница, 65 нови прегледи се регистрирани на педијатриското одделение, а 7 пациенти завршиле во Ургентниот центар. Здравствените власти тврдат дека бројот на новопрегледани пациенти се намалува... Министерство за здравство „Во текот на вчерашниот ден вкупниот број ...

Зајакнување на економската соработка и зголемување на билатералната трговска размена меѓу Македонија и Индија од најмалку 500 милиони долари во наредните пет години. Ова беа дел од пораките кои ги испратија македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова и индиската претседателка, Друпади Мурму која е во официјална посета на Скопје. На заедничката прес конференција освен за подобрување на економската соработка двете претседателки ...

Остри тонови, обвинувања за лични навреди, долги процедурални, вака почна расправата на собраниската комисија за образование наука и спорт откако албанскиот опозициски блок реагираше на начинот на кој власта сака да го протне закон за високо образование дека како што тврдеа се носи со прекршување на деловникот, не објаснета потреба од итност на законското решение но и кратење на деловнички пропишаните рокови од 5 дена расправа во матичните ...

Поради неможност локалната самоуправа да се справи со епидемиолошката состојба, владата прогласи 30-дневна кризна состојба во гостивар со цел, како што се наведува во соопштението, побрза координација на институциите како и ставање на водоснабдителниот систем во функција и обезбедување на вода за пиење во најкус можен рок. Попладнево во клиничката болница во гостивар во посета на хоспитализираните од труењето се министрите за внатрешни ...

Али Ахмети го докажува легитимитетот преку блокадата на Бадинтер – законот за правична застапеност, но и пакетот закони од образование за кои треба двојно гласање, според информациите на ТВ 24 ќе почекаат подобри времиња. Од ДУИ за ТВ 24 велат дека конечно на дело се гледа, зошто тие требало да ги претставуваат Албанците во Владата . ДУИ - Гласањето со Бадентерово мнозинство е механизам кој ќе го употребуваме за да не се дозволи гласање на ...

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,9%, при раст на депозитите на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“. На годишна основа, вкупните кредити забележаа раст од 13,1%, како резултат на зголемените кредити на двата сектора, со поизразен придонес на кредитите на корпоративниот сектор. Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,9%, при раст на депозитите на двата сектора, ...

Ребалансот на Буџетот за 2026 година не е последица на проблеми со јавните финансии, туку претставува развоен документ со кој се обезбедуваат дополнителни средства за капитални инвестиции, поддршка на граѓаните и натамошен економски раст во услови на зголемена неизвесност на светските пазари, геополитички ризици и ценовни притисоци, посочува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Владата преку ребалансот на Буџетот за 2026 ...

Изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Скопје, еден од најзначајните инфраструктурни и еколошки проекти во државата, се одвива со забрзана динамика, а досега се реализирани речиси 40 проценти од градежните работи. Станува збор за најголемиот и најсовремен еколошки проект во Македонија, кој опфаќа изградба на околу 60 објекти и има за цел трајно да го намали загадувањето на реката Вардар преку третман на отпадните води. Од ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која престојува во дводневна официјална посета на земјава. По свеченета церемонија, Сиљановска-Давкова и Мурму заминаа на тет-а-тет средба, по што ќе биде одржан пленарен состанок на македонската и индиската делегација и заедничка прес-конференција на двете претседателки. Претседателката ...

Донесената забрана за користење на водата од гостиварскиот водовод, за пиење и за подготвување храна, останува во сила се додека со лабораториски анализи не се потврди нејзината безбедност. Продолжуваме будно да ја следиме состојбата и да преземаме соодветни законски мерки за целосно расчистување на случајот и за отстранување на причините кои довеле до оваа состојба и го загрозиле здравјето на граѓаните. Ја уверуваме јавноста дека нема да ...

Случајот со загадувањето на водоводната мрежа во Гостивар е сериозен инцидент кој директно го загрози здравјето на илјадници граѓани. Сакам јасно да кажам дека очекувам целосно да се утврдат сите факти и околности, како и да се утврди и кривична и морална одговорност за сите кои со своето постапување или непостапување придонеле за оваа состојба. Кога е загрозено здравјето на граѓаните, не смее да има компромиси, ниту прикривање на ...

Експлозии се регистрирани утринава во повеќе делови на Иран, додека американската војска соопшти дека завршила нов бран воздушни напади врз цели низ земјата. Ирански медиуми објавуваат дека експлозии се слушнале во Конарек, во југоисточната покраина Систан и Белуџистан, како и во пристанишниот град Чабахар на Оманскиот Залив. Иранската државна телевизија информира и за американски напади во близина на градот Шираз во јужниот дел на земјата, ...

Литванија на почетокот на јули покрена постапка за укинување на уставната забрана за распоредување нуклеарно оружје на својата територија, приклучувајќи се кон регионалниот безбедносен пресврт што во јуни го започна Финска меѓу членките на НАТО што граничат со Русија. Литванскиот претседател, Гитанас Науседа, соопшти дека парламентарните партии постигнале согласност од Уставот да се избрише членот 137, кој изречно забранува распоредување ...

Од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавија сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец. Температурата се очекува да се движи од 12 до 37 Целзиусови степени. Во Скопје, исто ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.54
22%
1014
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
5.4
32%
1015
weather icon

Загреб

34ᴼ / 32ᴼ
3.6
25%
1014
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
6.17
28%
1018
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
4.92
25%
1017
weather icon

Љубљана

33ᴼ / 33ᴼ
1.54
27%
1014
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
7.72
48%
1013
weather icon

Тирана

33ᴼ / 32ᴼ
4.63
29%
1013
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
4.63
20%
1012
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
4.12
29%
1019
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 32ᴼ
1.79
20%
1015
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
12.35
82%
1015
Currency

61.4762

Currency

53.2218

Currency

71.9634

Currency

37.6704

Currency

38.3539

Currency

65.3905

Currency

7.89266

Currency

0.63222

Currency

0.33409

Currency

0.52502

Currency

1.11186

Currency

0.55759

Злато

140678.81

Иридиум

252383.36

Платина

56103.05

Сребро

2080.30

Кобалт

45.39

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Родиум

282926.57

Бакар

13.28

Паладиум

41731.67

Алуминиум

3.25

Калај

56.34