Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Сенатот на САД го потврди назначувањето на Џеј Клејтон за директор на националното разузнавање. За изборот на федералниот обвинител за Јужниот округ на Њујорк за нов шеф на разузнавањето гласаа 51 сенатор, додека 47 беа против. Републиканците во Сенатот се надеваа дека Клејтон ќе биде трајно назначен на функцијата уште минатиот месец, но американскиот претседател Доналд Трамп ја одложи номинацијата за да му овозможи на вршителот на должноста, ...
Во украински напади извршени вчера со беспилотни летала врз пограничната Белгородска област на Русија бил погоден автобус, при што се убиени најмалку три, а се повредени 19 лица, соопшти руското Министерство за одбрана. Автобусот бил погоден при гранатирање во градот Шебекино, во близина на границата со Украина. Осумнаесет од 19-те повредени патници биле пренесени во болница. Истовремено во напад со дрон врз трговски објект во село во близина ...
Руските сили денеска погодија најмалку два украински брода, вклучително и товарен брод кој испорачувал воен товар во Црното Море и брод во пристаништето Николаев, соопшти Министерството за одбрана на Русија. Наведено е дека мета било и самото пристаниште Николаев. „Како резултат на нападот со користење на муниција што патролира (лебдечка муниција) и дронови за напад, погодени се инфраструктурни објекти во комплексот за претовар во ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 11 до 21 степен, додека дневните ќе достигнат од 31 до 38 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 18 степени, а максималната ќе достигне до 35 степени. ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 37-та седница, на чиј дневен ред е изборот на заменик-претседател на Комисијата. Покрај изборот на заменик-претседател, членовите на ДКСК ќе разгледуваат и предмети од нивна надлежност, како и прашања и предлози. На дневен ред е и постапување по предмети поднесени од укажувачи. Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 37-та седница, ...
Два заеми на земјава кај Светска банка, Предлог на законот за спроведување на проектот „Скопје – европска престолнина на културата 2028 година“ по скратена постапка и изборот на нов уставен судија се на дневен ред на денешните 97. и 119. седници на Собранието. На 97. собраниска седница пратениците ќе треба да се произнесат за предлогот за уставен судија да биде избрана судијката од Апелациониот суд Скопје, Мери Дика Георгиевска. На дневен ред ...
Откако вчера цените на нафтените деривати забележаа скок, од следната недела се очекува нивно значително намалување. Ова денеска го најави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека падот на цената на суровата нафта на светските берзи создава услови за корекција на цените надолу. Според очекувањата на извршната власт, овој тренд на меѓународните берзи директно ќе се преслика и врз домашниот пазар при следната калкулација на регулаторот. ...
Протоколите не се дел од преговарачката рамка со ЕУ, но Бугарија го тврди спротивното. Ова е одговорот на премиерот Мицкоски на прашање на ТВ 24 – дали се согласува со изјавата на шефот на дипломатијата Муцунски дека Вториот Протокол со Бугарија не е дел од преговарачката рамка. Мицкоски денеска порача дека тој и целата влада имаат единствена позиција за ова прашање и дека таа позиција, како што изјави – е непроменета од првиот ден до денес. ...
Македонска навигација поднела кривична пријава до јавното обвинителство против тројца директори и членови на управниот одбор на М-НАВ за злоупотреба на службената должност, обајви „Фокус“. Според информациите на медиумот, иако М-НАВ согласно принципите на провајдерот на навигациски услуги Еуроконтрол, не смее да позајмува на јавни претпријатија или да ги троши за други цели, кои не спаѓаат во прифатливи трошоци сепак, на барање на ...
Седумдесет и шест годишен скопјанец кај кого е потврдена западно-нилска треска е на интензивна нега со респираторна поддршка. Уште четири пациенти кај кои е потврден вирусот се хоспитализирани на Инфективната клиника, а за тројца се чека потврда од Институтот за јавно здравје. Сите заболени се над 60 годишна возраст и се од Скопје. Според епидемиолошките анкети само двајца патувале во Грција, другите не ја напуштале земјата. Д-р Фадил Цана – ...
Народните избраници ги исцрпуваат и последните дискусии на закажаните седници до одморите но останува неизвесна судбината на неколку закони кои иако беа ставени на дневен ред останаа не донесени, како законот за високо образование, за кој веќе се водеше расправа и во матичната комисија, а кога стигна до пленарка остана само како точка на дневен ред нешто слично како и законот за правична застапеност. Партиите од албанскиот опозициски блок и ...
Епидемијата во Гостивар под контрола. Во Гостивар денеска се евидентирани 109 нови први контакти, додека во изминатите четири дена нивниот број се движи од 80 до 125 дневно. Здравствените власти предупредуваат дека епидемијата сè уште не е целосно завршена. Во акција засилени здравствени надзори. Сашо Клековски-министер за здравство „Еден алерт до матичните лекари, здравствените институции до Гостивар-сега фокусот да го стават на следните ...
САД водат „добри разговори“ со Иран и постои можност за договор, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. Тој вели и дека Техеран сака преговори бидејќи, како што рече, бил многу тешко погоден. Доналд Трамп – претседател на САД „Водиме добри разговори. Мислам дека има голема шанса нешто да се случи, а ако се случи, добро. Ако не се случи, се враќаме на она што го правевме пред неколку дена. Или нешто ќе се случи многу брзо или воопшто ...
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека оваа Влада овозможила голем напредок во сите области на земјоделството, како зголемување на акумулациите, исплата на субвенциите, исплата на платите во јавните претпријатија, зголемување на цената на тутунот и количината откупен тутун, како и зголемување на бројките во лозарството. Политиките на Владата, додаде тој, ќе продолжат во истата насока со цел натамошно унапредување на состојбите во овој ...
Извештајот на Светската банка, според кој Македонија е со најголем раст на авиолетови и туризам во Европа и Централна Азија, е мотив за уште поголема работа - порача денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-стaтус. Николоски потенцира дека државата забележува рекордна статистика во растот на туризмот преку авиосообраќајот во услови на светска криза потенцирајќи дека тоа е ...
Руската армија со беспилотни летала нападна два украински товарни брода во Црно Море. Како што соопшти руското Министерство за одбрана, еден од нападнатите товарни бродови превезувал воена опрема во Црно Море, додека другиот брод бил погоден во пристаништето Николаев. Руските вооружени сили утрово продолжија да напаѓаат украински пристаништа и бродови. Товарен брод што превезувал воена опрема беше погоден во северозападниот дел на Црно Море. ...
Во акција на царинските службеници на граничниот премин „Богородица“, при контрола на товарно моторно возило, пријавено за транзит, откриени и запленети се пет илјади штеки цигари во вредност од девет милиони денари, соопштија утрово од Царинската управа на Република Северна Македонија. - Возачот на камионот, српски државјанин, кој обидел да ги криумчари цигарите, е приведен и против него е поднесена кривична пријава до ОЈО - Гевгелија за ...
Францускиот фудбалски репрезентативец Килијан Мбапе напиша отворено писмо до навивачите по Светското првенство во 2026 година. Во натпреварот за третото место, Франција загуби со 4:6 од Англија. - Се вративме дома без трофеј. Боли, но нема да ве лажам. Ќе биде вака уште некое време. Никогаш не нè напуштивте - дури и во најтешките моменти, дури и кога најмалку ја заслужувавме вашата поддршка. Оваа приказна ја напишаа милиони раце, а не само ...
Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Скалони, им се обрати на навивачите по Светското првенство. Во финалето на турнирот, Аргентина загуби со 1:0 од Шпанија по продолженија. - Ми останува само едно да кажам: Жал ми е што не можев да ви донесам уште еден трофеј и да ви дадам нова радост, дури и само за неколку дена, за да ви помогнам да ги заборавите сите лоши работи во животот. Но, сакам да се сетите што се обидовме да ...
Изборниот совет на Хаити соопшти дека претседателски избори ќе се одржат на 13 декември, а вториот круг е закажан на 21 февруари следната година. Претходно беше планирано претседателските избори да се одржат во август со втор круг во декември, но беа одложени поради безбедносни причини. На Хаити последните претседателски избори се одржаа во 2016 година. Последниот претседател Жовенел Моиз беше убиен во 2021 година по одложувањето на изборите. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека САД водат „добри разговори“ со Иран и оти постои можност за договор. - Водиме добри разговори. Мислам дека има голема шанса нешто да се случи, а ако се случи, добро. Ако не се случи, се враќаме на она што го правевме пред два дена, посочи Трамп. Тој предупреди дека ако преговорите не дадат резултат Иран повторно ќе биде нападнат. - Или нешто ќе се случи многу брзо или воопшто нема да ...
Непознато лице вчера отвори оган врз Конзулатот на САД во Торонто. Во инцидентот никој не е повреден, а полицијата трага по сторителот. На фасадата на Конзулатот има дупка од куршум, а пред дипломатската мисија пронајдена е чаура. Во истрагата вклучена е и канадската единицата за борба против тероризмот. Тоа е втор таков инцидент за четири месеци. Врз Конзулатот на САД во Торонто беше пукано и на 10 март, по што е зголемена безбедноста на ...
Во северозападната кинеска провинција Чингхај утрово се регистрирани два умерени земјотреса. Првиот земјотрес бил со интензитет од 5,7 степени, а по 18 минути уследил уште еден земјотрес со магнитуда од 5,8 степени. Епицентарот на двата земјотреса бил на околу 244 километри од главниот град на Чингхај, Синин на длабочина од десет километри. Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета. Во северозападната кинеска ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а ...
Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ информира дека зголемена фреквенција на возила има на ГП Богородица, каде времето на чекање е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на ...
Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, упати остра реакција по поводот вандализирањето на просториите на КУД „Српски вез“ во градот. Тој побара од надлежните истражни органи брзо да реагираат, да го утврдат идентитетот на сторителите и соодветно да ги санкционираат. Димитриевски во својата реакција истакна дека Куманово останува град препознатлив по својата мултикултура и соживот. „Најостро го осудувам вандализирањето на ...
Основниот суд во Улцињ ѝ одреди 30-дневен притвор на 46-годишната македонска државјанка Сашка Стојановска, осомничена за кривично дело убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште. Според црногорската полиција, таа на 24 јули со автомобил „Мерцедес“ намерно прегазила куче од расата шарпланинец, а потоа се обидела да ја напушти државата. Била запрена на граничниот премин Сукобин – Муриќани и приведена. Одбраната, пак, тврди дека ...
Нов ценовен шок за возачите. Од полноќ поскапуваaт горивата. Дизелот — се зголемува за 4,5 денари по литар а бензините за 3 денари по литар. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 93,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 95,00 ден/лит.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 4,50 ден/лит, и ќе изнесува 98,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), ...
По десетдневната забрана, од денеска водата може да се користи за одржување на личната хигиена и хигиената во домовите, но сè уште не смее да се користи за пиење и подготовка на храна. Техничката вода што од денеска тече од чешмите во Гостивар е без присуство на колиформни бактерии. Надлежните смируваат дека постојано се прават нови анализи и ситуацијата се следи. За тоа кога водата ќе биде безбедна за пиење засега немаат информација. ...
Со натписи УЧК вандализирано Културно уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово – Стоилковиќ бара најстроги санкции. Министерот за локална самоуправа на социјалната мрежа фејсбук - објави видео од безбедносните камери, каде се гледа како две лица, во ноќта меѓу петок и сабота пристигнуваат со автомобил пред објектот. Откако неколку пати излегуваат и се враќаат во возилото, се приближуваат до влезот на културно уметничкото друштво во ...