Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено и по суви коловози, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а поради поголемата фреквенција на возила има задржувања на два гранични премини. На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу еден час, додека на Богородица се чека околу 30 минути во ...

До крајот на денот ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 39 степени. Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен ветер со променлив правец и со температура до 39 степени. Најтопло денеска ќе биде во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени, натаму во ...

Македонија го одбележува националниот празник илинден, во чест на двата клучни историски настани што ги поставија темелите на македонската државност – Илинденското востание од 1903 година и Првото заседание на АСНОМ во 1944 година. Централната прослава традиционално се одржува во Крушево, каде што со положување цвеќе на гробот на Никола Карев и на Споменикот на хероите на „Слива“, панихида во храмот „Св. Никола“ и свеченост на Мечкин Камен се ...

Состојбата во Гостивар е стабилна, нема нови лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска, соопштуваат од Министерството за здравство. Од таму информираат дека епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Во текот на вчерашниот ден се регистрирани вкупно 57 прегледи, што е за три помалку во споредба со претходниот ден. Нема нови хоспитализации. Заклучно со 1 август, ...

Пожар избувна во угостителски објект во скопската населба Карпош 3, но благодарение на брзата интервенција на пожарникарите и вработените, беше спречена поголема материјална штета и ширење на огнот. Пожарникарите за кратко време пристигнале на местото и успеале да го локализираат и изгаснат пожарот, додека вработените во објектот помогнале во првичната реакција до нивното пристигнување... Пожар избувна во угостителски објект во скопската ...

Илинден не е само датум, тој е и завет, но и карактер. Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, можат да бидат напаѓани, можат да бидат предавани, можат да бидат потценувани, но никогаш не можат да бидат покорени, порача премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање од Пелинце, по повод одбележувањето на националниот празник 2 август, Илинден – Денот на републиката... Илинден не е само датум, тој е и ...

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, по повод 2 август – Илинден, Денот на републиката, упати честитка до граѓаните, во која истакна дека идеалите на илинденците и асномската генерација обврзуваат на градење просперитетна, современа и правна држава. Идеалите на илинденците и на асномската генерација, како што посочува Костадиновски, не обврзуваат да создадеме просперитетна, современа и правна држава, во која институциите ќе ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Крушево по повод 2 Август – Илинден порача дека вистинската почит кон илинденците се покажува преку градење подобра иднина, а не со останување заробени во минатото. Во своето обраќање, Филипче им оддаде почит на хероите на Илинденското востание и на Крушевската Република, истакнувајќи дека нивната борба била за слобода, правда и право на македонскиот народ сам да ја одлучува својата иднина. -Денес во ...

Шест лица се приведени, а едно е повикано на разговор, од страна на полициски службеници од СВР Тетово во врска со објавеното видео на социјалните мрежи за пукање на семејна веселба во Добридол, гостиварско. При претресите се пронајдени и одземени оружје и муниција. Сите лица се приведени во полициска станица за натамошна постапка и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави... Шест лица се ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Крушево по повод 2 Август – Илинден порача дека вистинската почит кон илинденците се покажува преку градење подобра иднина, а не со останување заробени во минатото. Во своето обраќање, Филипче им оддаде почит на хероите на Илинденското востание и на Крушевската Република, истакнувајќи дека нивната борба била за слобода, правда и право на македонскиот народ сам да ја одлучува својата иднина. -Денес во ...

Пожарот што во петокот наутро избувна во областа Виотија во централна Грција веќе е проширен и во соседниот регион, областа Атика поширокиот регион на Атина, а според метеоролошката служба Метео на грчката Националната опсерваторија, изгорена е површина од над 6.500 хектари, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот веќе трет ден е без контрола, проширен е на голема површина и постојат повеќе активни жаришта, а изгорени се и куќи, иако ...

Европската Унија во вторник преку видеоконференција ќе одржи итен состанок на министрите за внатрешни работи на земјите членки посветен на масовните преминувања на мигранти во шпанската ексклава Сеута. Ирска, која претседава со ЕУ, денеска соопшти дека го свикала состанокот на Советот на ЕУ за правосудство и внатрешни работи, со кој ќе претседава ирскиот министер за правосудство, внатрешни работи и миграции, Џим О’Калахан. Рано денеска, 22 ...

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи предупреди против нова воена ескалација во конфликтот со САД, велејќи дека вооружените сили на Техеран ќе одговорат одлучно на каков било чин на агресија. Во порака на Телеграм по разговорот со саудискиот министер за надворешни работи Фејсал бин Фархан, Арагчи рече дека САД, Израел и сите заливски држави што се вклучени ќе сносат целосна одговорност за какви било нови напади. Откако почна ...

Македонија денеска ги одбележува двата Илиндена - 123 години од Илинденското востание и Крушевската Република и 82 години од Првото заседание на АСНОМ, два најзначајни настани за македонската државност. Централниот настан традиционално ќе се одржи во Крушево, каде ќе се обрати потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски. Одбележувањето ќе почне со положување цвеќе на гробот на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев и ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до граѓаните по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, истакнувајќи дека овој датум е „најсветиот македонски ден“ и симбол на вековната борба за слобода и државност. Во својата честитка, претседателката посочува дека на 2 август 1903 година македонската републиканска идеја се остварила преку Крушевската Република, а во 1944 година, со Првото заседание на АСНОМ, било ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го ставил на чекање планираниот нов бран воени напади врз Иран поради, како што опиша, напредокот кон дипломатски договор. Трамп на Трут Соушл наведе дека суспензијата е условена со брзо постигнување договор. Тој рече дека американската војска е подготвена да удри со сета своја сила, но дека Иран и другите земји во регионот побарале од Вашингтон да се воздржи од напад бидејќи биле договорени ...

Сончево и топло време ќе преовладува денеска во државава. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, слично време со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 38 степени. Топлото време ќе продолжи и до крајот на следната недела кога дневните температури се ...

Преполни хотели и апартмани, река од луѓе низ чаршија, преполни плажи, барови и ресторани. Се бара карта повеќе за бројните концерти и културни настани — Охрид го живее шпицот на летната сезона. Но, зад оваа живописна слика, и оваа година повторно се отвора истото суштинско прашање: дали ваквиот масовен туризам му е навистина потребен на македонскиот бисер и како сезоната од едвај 40 дена да се прошири низ сите 12 месеци во ...

Скандалозно видео објавено на социјалните мрежи од пукање со автоматско оружје во Гостивар на свадба. На видеото се гледа каде повеќе млади луѓе на кои не им се гледа лицето со гласна музика се возат со автомобил и пукаат во воздух. Од полицијата велат дека ќе го испитувата случајот по допрен глас, а веќе се работи на идентификација на луѓето. Скандалозно видео објавено на социјалните мрежи од пукање со автоматско оружје во Гостивар на ...

Со нови блокади на Кожуф, еко активисти ќе ја спречуваат изградбата на малите хидроцентрали „Баров Дол“ и „Папрад“ На Реката Дошница. Граѓанските иницијативи од Југоисточниот регион деновиве објавија апел граѓани да им се придружат на планинскиот пат кој и минатата година беше блокиран речиси три месеци. Блокадите се враќаат откако добиле информација дека повторно има дозволи за градење мала хридоцентрала на Дошница. Со нови блокади на ...

Флашираната вода најбаран прозивод во гостиварските маркети, а редиците пред цистерните со вода вообичаена слика Стравот од заразни заболувања,по информациите за фекална контаминација на водата, сè уште е присутен. Дел од граѓаните велат дека кружат информациите дека во Гостивар веќе е присутна болеста жолтица Во меѓувреме, здравствените власти соопштуваат дека состојбата постепено се стабилизира. Бројот на нови пациенти со стомачни тегоби и ...

Битолскиот бизнисмен и почесен конзул на Белорусија Борче Марковски, обвинет за злоупотреба на тендери во РЕК, се вратил во Македонија, изјави за ТВ 24 неговиот адвокат Марјан Николоски. Тој тврди, патувањето било неопходно, Марковски на 29 јули преку граничниот премин „Табановце“ отпатува во Србија, откако претходно Основниот суд во Струга му го врати пасошот по приложена гаранција од над пет милиони евра. За случајот премиерот Христијан ...

Кој и што е причината што 19 годишната Станка Михајлова во моментов е во инвалидска количка? Свекорот на Станка, Велибран Стојанов, вклучувајќи се во живо на социјалната мрежа „фејсбук“, јавноста ја воведе во нивната приказна-потенцирајќи дека по породувањето и царскиот рез извршен кон крајот на јуни во штипската болница, неговата снаа не може да се движи. Министерството за здравство ќе утврдува евентуална лекарска грешка и најавија вонредна ...

Три нови суспектни случаи за зараза со западно –нилска треска, за кои се чекаат реазултати , вели за ТВ 24 директорот на Инфективната клиника Фадил Цана. Според Цана резултати за нив се очекуваат во текот на утрешниот ден. 10 пациенти со потврдена западно –нилкска треска се хоспитализирани, тројца пациенти се во критична состојба на респиратор... Три нови суспектни случаи за зараза со западно –нилска треска, за кои се чекаат реазултати , ...

Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба во целата држава поради зголемената опасност од пожари. Почнува од денеска и ќе трае 30 дена. „Одлуката е донесена за навремено, координирано и ефикасно справување со ситуацијата на терен, како и за максимално мобилизирање на сите расположливи институционални капацитети за заштита на животите на граѓаните, нивниот имот и на природните ресурси“, велат од Владата. Главниот штаб при Центарот ...

Претседателката Гордана Сиљановска - Давкова денеска во вила „Билјана“ во Охрид остварила средба со српскиот премиер Ѓуро Мацут. Размениле мислења за актуелните регионални, европски, и меѓународни прашања, со особен осврт на претстојниот самит на процесот Брдо-Бриони, кој во ноември ќе се одржи во Охрид. Ја истакнале и важноста од негување на добрососедските односи и соработка. Домаќин на посетата на српскиот премиер е претседателот на ...

Земјотрес со интензитет од 4,7 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во јужна Италија во близина на Неапол. Епицентарот на земјотресот бил во областа Кампи Флегреи западно од Неапол на длабочина од три километри. Земјотресот предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија и мала материјална штета на зградите во Неапол и околината. Локалните власти соопштија дека поради претпазливост го прекинале локалниот железнички и ...

Мароканската полиција приведе 70 лица под сомнение дека учествувале во насилните инциденти, што избувнаа додека илјадници мигранти незаконски влегуваа во шпанската енклава Сеута. Приведените се товарат за кривични дела „обид за убиство, намерно предизвикување пожар и оштетување на јавен и приватен имот“. Обвиненијата произлегуваат од судирите помеѓу мигрантите и мароканската полиција во Фнидек, Мароко, каде што групи луѓе во близина на ...

Агенцијата за поморски трговски операции на Велика Британија (УКМТО) соопшти дека во Ормуска Теснина, во близина на брегот на Оман е погоден танкер од „непознат проектил“. Моторот на бродот е оштетен, но нема повредени луѓе и причинета еколошка штета. Инцидентот се случи околу 20 километри североисточно од оманскиот град Лима. Иран бара бродовите да ја користат рутата низ Ормуска Теснина долж неговиот брег, повторувајќи дека само рутата ...

Со кревањето на знамето на Крушевската Република на Гумење и свечена програма, вечер во Крушево почнува традиционалната манифестација „10 Дена Крушевска Република“, со која стартуваат чествувањата по повод Илинден – Денот на Републиката и 123-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република. Програмата започнува претпладне со положување цвеќе на гробот на Дамјан Груев, по што делегација на манифестацијата и на Општина Крушево ќе ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42