Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Топлотниот бран што ја зафати земјава продолжува и денеска со температури до 40 степени. Според синоптичарите, сончево и многу топло ќе биде и утре, а од четврток се очекува мало освежување и пад на температурата за неколку степени. Здравствените власти препорачуваат граѓаните да се заштитат од топлото време, да не се излегува без потреба од 11 до 17 часот, да се носи лесна и светла облека и да се консумираат лесна храна и повеќе течности. ...
Во Скопје денеска ќе се одржи регионална средба на здруженијата на превозници од Западен Балкан на која ќе се утврдат активностите што ќе се преземат во следниот период за да се надмине проблемот со којшто се соочуваат професионалните возачи при престој во Шенген зоната. Откако Европската унија воведе нови правила за престој во Шенген зоната, најпогодени беа професионалните возачи кои и протестираа против ваквата одлука. Превозниците бараат ...
Реакција од владејачката ВМРО ДПМНЕ. Лицемерно е што СДС се вмешува во политичка борба и пресметка за откупот на пиперки. Следниот пат кога СДС Ќе испраќа барање за откупот на пиперката нека ги насочи кон најголемиот откупувач Мамас ајвар и Зоран Заев. Земјоделците кои имаат проблем со откупот добро знаат дека меѓу најголемите откупувачи е фирмата на Заев – пишува во соопштението на ВМРО ДПМНЕ ... Реакција од владејачката ВМРО ДПМНЕ. ...
По најавата за кривична пријава за минстерот Клековски, реакција од Министерството за здравство. Од таму велат дека ја почитуваат законската можност секој да поднесе пријава доколку смета дека постои основ. Истовремено очекуваат надлежните институции професионално и неселективно да ги испитаат сите наводи. ОЈО веќе постапува по случајот. Министерството и сите надлежни здравствени установи целосно ќе соработуваат - велат од Министерството. По ...
РК Алкалоид продолжува со напорна работа во Маврово за новата каде ќе игра на четири фронта. Со тројца нови играчи во тимот како додадена вредност, тимот ќе игра за што подобри резултати во Македонија и што подобра афирмација на македонскиот ракомет надвор од границите. Капитенот Игор Ѓорѓиев повторно ќе биде дел од екипата која оваа сезона покрај домашните обврски, ќе игра и натпревари во Европскиот Куп на ЕХФ и новоформираната Регионална ...
Иран има намера да им наплаќа такси на комерцијалните бродови за минување низ Ормуската Теснина, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Техеран. Иранските медиуми го цитираа портпаролот Есмаил Багеи кој изјави дека Иран во соработка со Оман работи на „механизми за следење на безбедноста, заштита на животната средина и борба против криминалот на море“. Таксите и надоместоците ќе се наплаќаат за поморските услуги што им се ...
Најмалку 20 луѓе загинаа во силниот земјотрес што го погоди северозападниот дел на Колумбија, пренесе Скај њуз. Земјотресот со јачина од 7,4 степени се случи на околу 34 километри северозападно од градот Картаго, а епицентарот бил на длабочина од 115 километри. Гувернерката на колумбискиот западен регион Чоко, Нубија Каролина Кордоба-Кури, изјави дека во главниот град на тој регион, Кибдо, има „значителна штета“ на зградите и повеќе ...
На 10 август 2001 година со воено товарно возило на патот кон месноста Љуботенски Бачила при активирање мина животот го загубија осум припадници на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски. Денес се обележува 25-годишнината од трагичниот настани од 2001 година. Централниот комеморативен настани се оддржа пред ...
Брисел ги крои новите правила за проширување – Црна Гора и Исланд во игра како заеднички пакет за влез во ЕУ во 2028 година. Во пресрет на новиот документ на Европската комисија со насоки за земјите кандидатки за членство, европски функционери и дипломати за „Политико“ брифираат дека Брисел е отворен за идејата Црна Гора и Исланд да влезат во ЕУ „во пакет“. Условот е Исланд на референдумот на крајот на август, да гласа за повторно започнување ...
Микробиолошките анализи на водата во Гостивар се подобруваат но забраната за пиење и понатаму продолжува. Големата количина на разреден хлор која била пронајдена изминатите денови во водоводот пополека се намалува па надлежните очекуваат питка вода во најбрзо време. Коориднаторот на Кризниот штаб во Гостивар, Зуди Џелили за ТВ 24 објасни дека четирите населени места кои останале и без техничка вода редовно се снабдуваат преку цистерни. Освен ...
И после скоро две недели водата во охридските села Елшани и Велестово останува забранета за пиење.И во најновите анализи на ЦЈЗ е потврдено присуство на фекални бактерии, ешерихија коли, ентерококи и колиформни бактерии. Во Елшани во селскиот водовод не се пронајдени бактерии но водата е неупотреблива бидејќи не е извршено соодветното хлорирање на кое здравствените власти апелираа уште пред две недели.Но во изворот повторно се детектирани ...
Македонија ги живее најжешките денови летово – Температурите на многу места достигнуваат над 40 степени – Улиците во Скопје празни – оние кои можат ги избегнуваат најтоплите часови, но оние кои мораат да излезат - бараат сенка... Лекарите со предупредување – високите температури може да влијаат лошо на здравствената состојба и да предизвикаат топлотен удар. Д-р Давид Здравески – Институт за јавно здравје: „Треба да се знаат основните симптоми ...
Струмица и денес под блокада - Земјоделците не отстапуваат од своите барања. На денешниот четврти по ред протест, тие преку транспаренти го изразија револтот од состојбата со откупот. Дел од пораките се насочени кон откупувачите и трговците, а производителите предупредуваат дека со ниските цени земјоделското производство станува сè понеисплатливо. Производителите бараат повисока откупна цена за црвената пиперка позната како „ајварка“, која ...
Нов кредит за Јавното претпријатие за државни патишта. Овој пат ќе се зема заем од 40 милиони евра од домашните банки. Со ова, за нешто повеќе од два месеци Владата одобри три задолжувања на претпријатието во вкупна вредност од околу 356 милиони евра. Минатиот месец, Владата даде согласност за две големи задолжувања. Едното, од 140 милиони евра, наменето за делниците од Коридорот 8 и Коридорот 10Д што ги гради „Бехтел и Енка“. Второто, во ...
Со кавги и препукувања почна одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија. По реакциите за најавниот спот, нов бран критики предизвика и синоќешната прослава „Силно светнал ден“ во Охрид, откако на сценографијата се појави македонско знаме со сонце со 12, наместо со осум краци. Грешката веднаш се пресели на социјалните мрежи и отвори нова дебата за концептот и организацијата на прославата. Политичари, новинари, професори со ...
Повеќе илјади жители на шпанската ексклава Сеута на северот од Африка протестираа барајќи поголема помош од централната власт во Мадрид и построга контрола на границата со Мароко, откако кон крајот на јули во градот влегоа повеќе од 70.000 мигранти, од кои мнозинството набрзо се вратија во Мароко, јавуваат денеска шпанските медиуми. „Сеута не е на продажба. Сеута е Шпанија“, извикуваа демонстрантите собрани на Плоштадот на Уставот, исполнет ...
Премиерките на Италија и Данска, Џорџа Мелони и Мете Фредериксен, денеска во заедничко соопштение го потврдија единството во борбата против „неконтролираната миграција“ и ветија дека ќе го „заштитат“ европското христијанско културно наследство. Во соопштението се напоменува дека Мелони и Фредериксен се единствените претседателки на европски влади и дека, и покрај тоа што доаѓаат од различни политички и географски реалности, се обединети во ...
Ако надвор е 39 степени, клима уредите да бидат на околу 25, за да може да се прилагоди организмот ако излезете надвор на отворено, препорача доктор Давид Здравески, раководител на Одделот за здравствена промоција и следење на болести при Институтот за јавно здравје, во изјава за медиумите говорејќи за јавно - здравствените препораки за заштита од топлото време. - Меѓу општите јавно-здравствени препораки што треба секој да ги почитува, ...
Над еден милион патници, односно 1.100.000 лица го поминале граничниот премин Евзони за влез во Грција, од јуни годинава до сега, додека пак во истиот период земјата ја напуштиле 940.000 посетители, покажуваат податоците што денеска ги објави грчката државна телевизија ЕРТ. Зголемениот број возила на граничниот премин Евзони и неколкучасовните чекања за влез во земјата, во изминатите денови се сè почеста тема во медиумите во Грција, кои ...
Регионална средба на превозниците од регионов ќе се одржи утре во Скопје за изнаоѓање решение за проблемот со којшто се соочуваат превозниците од Западен Балкан во однос на престојот во Шенген зоната. Ваква средба првпат се одржува во земјава, а на неа е најавено учество на раководствата на превозниците од Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. - Проблемот се уште не е решен. Средбата се одржува за да ја утврдиме агендата на ...
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 4 денари по литар, а цената на дизелот се намалува за 8 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81 отсто. Новата максимална малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 87 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се ...
Јавното претпријатие за државни патишта ќе земе нов кредит од 40 милиони евра од домашни банки, со државна гаранција. Со ова, за нешто повеќе од два месеци Владата одобри три задолжувања на претпријатието во вкупна вредност од околу 356 милиони евра. Новото задолжување е кај Комерцијална банка и Халк банка преку синдициран кредит во износ од 2,46 милијарди денари. За разлика од претходните два кредита, овојпат во одлуката не е наведен ...
Денеска до 13 часот регистрирани се вкупно седум пожари на отворен простор, од кои активни се 3 пожари, под контрола се 2, а 2 пожара се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). -Активни пожари: Општина Штип – с. Лакавица (ниска вегетација); Општина Македонски Брод – место викано Видуш, во близина на с. Драгов Дол (сува трева, нискостеблеста шума и грмушки); Општина Неготино – воениот полигон Криволак (ниска вегетација), ...
Четири лица, меѓу кои три деца, се повредени во сообраќајна несреќа што утрово се случила на магистралниот пат Гостивар–Кичево, во близина на каменоломот „Прогрес 98“. Несреќата била пријавена околу 7:40 часот, а во судирот учествувале четири патнички возила и еден камион, информираат од СВР Тетово. По незгодата, три малолетни лица и една жена кои се превезувале во едно од возилата се пожалиле на здравствени проблеми и биле пренесени во ...
На официјална државна прослава за 35 години од независноста, платена со огромни суми пари од граѓаните, власта на Мицкоски го утна македонското знаме. Срамно и понижувачки. Милиони евра народни пари троши владата на Мицкоски а не успеа ниту македонското знаме да го направи како што треба. Тендер патриотите го покажаа своето лице. Повторно. Го погрешија македонското знаме. Тие знаат само за тендери, проценти, провизии, кога е државноста во ...
Делегација од Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, предводена од началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска ќе им оддаде почит на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа во 2001 година кај месноста Љуботенски Бачила. Во рамки на одбележувањето, делегацијата ќе положи цвеќе и венци на повеќе спомен-обележја посветени на загинатите бранители. Делегација од Генералштабот на ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаба до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека државата прави сè за да им го олесни животот на Србите во Косово и Метохија, што, како што нагласи, е ужасно тешко. Вучиќ, за време на обиколката на работите за реконструкција и пренамена на Стариот железнички мост во Белград, одговарајќи на прашањето дали очекува последици за Србите во Косово и Меотхија поради нападот од Приштина врз Владимир Зеленски, откако за време на посетата на ...
За в недела попладне (9 август) е зголемен ризикот од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари поради многу висок Fire Weather Index (FWI), што означува метеоролошки индекс за опасност од појава на пожари, информира Центарот за управување со кризи(ЦУК). Во изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои два се активни. Тоа се пожарите во Горно Лисиче, ...
Во среда, 12 август 2026 година, Месечината ќе помине пред Сонцето и ќе предизвика едно од најатрактивните астрономски случувања годинава – целосно сончево затемнување. Но за македонските набљудувачи има една важна напомена: Македонија нема да биде во појасот на целосноста. Од нашата земја затемнувањето ќе се гледа само делумно, додека за целосната фаза ќе треба да се биде во многу тесниот појас што минува низ делови од Гренланд, Исланд и ...