Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Западен Балкан на листата за „Европска конфедерација“ – предлог до новиот британски премиер. Идејата е на поранешниот конзервативец Ник Болс, кој формално ја доставил до премиерот Енди Бернам. Предвидува поширока европска зона на слободна трговија, во која би биле ЕУ, Велика Британија, Норвешка, Швајцарија, Украина и Западен Балкан, меѓу нив и Македонија. Слободниот трговски простор би бил поврзан и со безбедносни обврски – земјите членки би ...
Министерството за финансии префрли нов трансфер во износ од 176,5 милиони денари или 2,9 милиони евра од централниот буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти во домашните комании. Со овој трансфер, како што наведува, вкупната поддршката на Владата кон домашните компании достигна 14,7 милијарди денари или 239 милиони евра. -Ова е значителен поттик за реализација на приватни инвестиции и поттик за економијата. Во Буџетот ...
Полициските службеници во текот на изминатите два дена (10 и 11 август), констатирале вкупно 1.322 сообраќајни прекршоци во рамки на редовните контроли на патиштата низ државата, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од вкупниот број прекршоци, 400 се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Во истиот период, 32 лица биле лишени од слобода поради безобѕирно управување со возило. Од нив, три лица возеле ...
Жителите на северната хемисфера на Земјата денеска ќе можат да проследат редок астрономски настан - помрачување на Сонцето. Во некои региони ќе има целосно затемнување, а во други само делумно. Овој астрономски феномен се случува кога Месечината поминува помеѓу Земјата и Сонцето, блокирајќи ја сончевата светлина целосно или делумно. Целосно помрачување на Сонцето ќе биде видливо на Гренланд, Исланд, на северот од Русија, во Атлантскиот Океан, ...
Федерална судијка ја прошири на целата територија на САД забраната за спроведување на извршната наредба на претседателот Доналд Трамп, која ја обврзува Американската поштенска служба (USPS) да има построги правила за ракување со гласачки ливчиња испратени по пошта. Одлуката беше донесена во пресрет на конгресните избори во ноември. Судијката Индира Талвани од Федералниот окружен суд во Масачусетс пресуди во корист на тужителите, меѓу кои е и ...
Северна Кореја испука денеска балистичка ракета во морето покрај источниот брег на Корејскиот Полуостров, соопштија јужнокорејските и јапонските власти. Лансирањето се случи неколку дена пред заедничките воени вежби меѓу Сеул и Вашингтон. Јужнокорејските и јапонските одбранбени власти објавија дека ракетата прелетала околу 700 километри, а двете земји изразија осуда за тој потег на Пјонгјанг. Канцеларијата за национална безбедност на Јужна ...
Американските сили денеска го онеспособиле управувачкиот механизам на товарниот брод „Вела Нова“ што плови под панамско знаме, откако бродот се обидел да помине низ Оманскиот Залив и да ја прекрши американската блокада со цел да стигне до едно од иранските пристаништа, соопшти американската Централна команда (CENTCOM). „Хеликоптер МХ-60 на американската морнарица истрела две ракети од типот ‘Хелфајер’ во машинскиот простор на бродот „Вела ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина им предала на американските преговарачи предлози за план за завршување на војната со Русија. Изјавата на Зеленски за новите предлози за мировни преговори доаѓа во услови на најави од Москва и Киев дека американските преговарачи наскоро би можеле да ги посетат двете земји. „Ги предадовме нашите предлози на американската страна. Но, Соединетите Американски Држави можат да помогнат ...
Августовскиот рок за екстерните испити од матурата за кандидатите кои во јуни не ја положија или не во целост ќе биде спроведен денеска и во петок (14 август), со почеток во 9 часот. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), во август за државна матура се пријавени 1328 ученици, за стручна матура 126 и шест ученици за уметничка матура. Пријавените кандидати денеска ќе го полагаат тестот по изборниот екстерен испит – математика или ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се ...
Во изминатото деноноќие регистрирани се вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои активни се два, под контрола се два, а 20 пожари се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Македонски Брод во близина на с. Драгов Дол каде што гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, и над село Моране во Општина Сруденичани каде што е зафатена мешана шума. Пожари под контрола се пожарите на градската ...
Со изведување на градежното вештачење на објектот „Пулс“ и распит на вештите лица што го изработиле, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На минатото рочиште, судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, кој во време на изработка на градежното вештачење бил декан на Градежниот факултет, изјави дека ...
Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е надминат и дека тие повторно можат непречено да ги користат здравствените услуги. Во текот на денот, двете институции беа во континуирана координација и, во соработка со Управата за јавни приходи, ги презедоа потребните активности за утврдување и отстранување на причините што доведоа до ...
Вонредна состојба во Колумбија по силниот земјотрес со јачина од 7.4 степени кој ја погоди државата. Животот го загубија повеќе од 160 лица, додека спасувачките екипи и денеска продолжуваат со потрага по преживеани под урнатините. 2000 се водат како исчезнати. Земјотресот предизвика големи разурнувања во повеќе градови. Во Переира, главниот град на најтешко погодениот регион, досега се потврдени 66 загинати а стотици се затрупани под ...
Вработените во МВР останаа без здравствено осигурување – од вчера се враќаат од лекар со образложение или приватно да си платат или да чекаат да се регулира состојбата. За ова реагираа и синдикатите од каде велат дека надлежните институции мора да најдат системско решение бидејќи не е прв пат да се случи ова. Независен синдикат на полиција „Во текот на денот Независниот Синдикат на Полиција ќе подготви и достави допис до Министерот за ...
Целосно почитување на правилото за 90 дена престој во земјите на Европската унија, за возачите на камиони кои од државите од Западен Балкан транзитираат низ земјите на Европската унија. Точно забележување кога се влегува а кога се излегува од државата со цел правилно пребројување на 90-те дена кои се дозволени за престој на граѓани од држави кои не се членки на Европската унија. Ова беа главните заклучоци кои Здруженијата на превозници од ...
Власта прави ревизија на клучните историски факти. Опозицискиот СДСМ денеска обвини дека со неспоменувањето на членството во НАТО, членството во ОН и кандидатскиот статус во Европската Унија во спотот за 35 години независност, но и, како што велат, срамниот и понижувачки однос кон државното знаме, власта се обидува да прекрои дел од поновата македонска историја. Од партијата велат дека наместо одговор кој е виновен за спорниот приказ на ...
Западен Балкан на листата за „Европска конфедерација“ – предлог до новиот британски премиер. Идејата е на поранешниот конзервативец Ник Болс, кој формално ја доставил до премиерот Енди Бернам. Предвидува поширока европска зона на слободна трговија, во која би биле ЕУ, Велика Британија, Норвешка, Швајцарија, Украина и Западен Балкан, меѓу нив и Македонија. Слободниот трговски простор би бил поврзан и со безбедносни обврски – земјите членки би ...
Народната банка преку отворена постапка започна процес за обезбедување набавка на улусуги за приватно здравствено осигурување. Предмет на набавката се услуги за приватно здравствено осигурување за сите работници и четири именувани лица во Народната банка со вкупно покритие на полисата по осигуреник во износ од 20.000.00 евра, се работи за 484 осигуреници. Истата опфаќа: 1. Вонболничко лекување од сите специјалистичко-консултативни области 2. ...
Падна договор за откуп на „ајварката“. Неколкудневните протести на струмичките земјоделци вродија со плод. Црвената пиперка од утре ќе се откупува по повисоки откупни цени - ова го соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, по утринската средба со производителите, откупувачите и преработувачите во Струмица. Министерот Серафимовски побара вистинско класифицирање на пиперката по квалитет, како од ...
Тргни, застани чекања во колони на возилна од 10, 15 минути па и до еден час. Ваква е сликата на кружниот тек пред мостот кај Драчево, но и на самиот мост кој половично е функционален за превозниците. Пред камерата на ТВ 24 велат ваква е сликата изминатите неколку дена но никој нема одговор кога ќе биде завршена реконструкцијата и санацијата на мостот. ТВ 24 се обиде да стапи во контакт и со ЈПДП но не одговорија на нашиот повик за да ни ...
Меѓуврсничкото насилство, вандализмот и предизвиците со кои младите се соочуваат во училиштата и дигиталниот простор се во фокусот на денешната јавна дискусија во Охрид. На настанот, кој се одржува во вилата „Билјана“, учествуваат млади активисти, ученици, психолози, експерти и претставници на институциите. На дискусијата ќе се обратат и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерката за образование и наука Весна Јаневска. Настанот ...
Нов софтвер, лиценци и договор за одржување-дик пред нов тендер за уредите за гласање со отпечаток со прст. Извори од комисијата за тв 24 велат дека според првичните проценки тендерот ќе чини најмалку 50% од минатиот , кој тежеше 11,2 милиони евра, а најмногу 150% повеќе официјално од комисијата само велат дека е истечен пет годишниот период кој досега беше во рацете на дермалог. Според информациите на тв 24 дик ќе бара владата да ја плати ...
Нов напад со дронови врз Москва во текот на ноќта меѓу 10 и 11 август доведе до привремени ограничувања во воздушниот сообраќај во руската престолнина, откако противвоздушната одбрана соборила најмалку 13 беспилотни летала кои се движеле кон главниот град, соопштија руските власти. Информацијата ја потврдија градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, и Федералната агенција за воздушен сообраќај (Росавијација). Собјанин првично објави дека ...
Августовскиот рок за екстерните испити од матурата за кандидатите кои во јуни не ја положија или не во целост ќе биде спроведен утре и на 14 август, со почеток во 9 часот. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), во август за државна матура се пријавени 1 328 ученици, за стручна матура 126 и шест ученици за уметничка матура. Утре (12 август) е тестот по изборниот екстерен испит – математика или англиски јазик. За другите странски ...
Девизните резерви на крајот на јули годинава изнесувале 5.011 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 74,4 милиони евра, објави Народната банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (71,1%), по што следуваат монетарното злато (15,6%) и валутите и депозитите (13,2%). Девизните резерви на крајот на јули годинава изнесувале 5.011 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат ...
Изгаснат е пожарот што рано утрово избувна во кумановската населба „Средорек“, информираа од Територијалната противпожарна единица Куманово. Пожарот бил пријавен во 05:35 часот, а интервенцијата траела околу два часа. Според командирот на ТППЕ Куманово, Борис Станковски, пожарот избувнал на ѓубриште и мини депонии. Утрово кумановските пожарникари интервенирале и на пожар во сендвичарница на улицата Борис Кидрич. Во гаснењето учествувале едно ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа потпиша извршна уредба со која се предвидува намалување на бројот вакцини препорачани за деца, ограничувајќи ја програмата за вакцинација на 11 вакцини. Со уредбата, исто така, се препорачува комбинираната вакцина против мали сипаници, заушки и рубеола (ММР) да се подели на три одделни вакцини, што би се примале одвоено. „Мојата администрација од овој момент ги признава препораките на златниот ...
Кокаин вреден повеќе од 200 милиони британски фунти, односно околу 270 милиони долари, бил откриен скриен во пратка со банани на британско пристаниште, соопшти британската Национална агенција за борба против криминалот. Граничните власти минатиот четврток заплениле 2,9 тони кокаин во пристаништето Лондон Гејтвеј во Есекс. Пратката, чија вредност се проценува на 232 милиони британски фунти, била скриена меѓу товар со банани испратен од Јужна ...
Русија извршила нови напади со балистички ракети врз Киев и други поголеми украински градови, соопштија украински претставници. Во нападите во Запорожје загинале најмалку пет лица, а 20 се повредени. Началникот на регионалната воена управа, Иван Федоров, рано утринава на „Телеграм“ објави дека во Запорожје биле погодени индустриски објекти и инфраструктура. Во Киев, според првичните информации, едно лице е повредено. Градоначалникот Виталиј ...