Летната туристичка сезона е во полн ек, речиси секое второ семејство ужива на море, а патувањата ни носат нови места, нови луѓе и незаборавни моменти. Но, колку и да е добро испланирано едно патување, секогаш постојат ситуации кои не можеме да ги предвидиме. Болест, повреда, алергиска реакција, изгубени документи или потреба од итна медицинска помош се ситуации кои можат да му се случат секому. Ваквите непријатни ситуации дополнително може да ...

Пациентот кој беше транспортиран од Турција по тешка повреда на рбетниот мозок е во стабилна состојба и енадвор од животна опасност, вели директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџановски. Тој информира дека пациентот е контактибилен, свесен, дише самостојно и веќе започнал да прима храна по природен пат, а во тек е и физикална терапија во единицата за интензивно лекување. Дали ова лето се регистрирани вакви случаи како што е со пациентот ...

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова се оградува од случајот со разузнавачот Киро Тодоровски кој имаше условна пресуда за изборни нерегуларности во случајот Титаник но беше именуван да ја претставува Агенцијата за разузнавање во Виена со стекнат сертификат државна тајна. По речиси неколку дена молк а по барање на дел од опозициските партиите и јавноста откако побарвме и ние став од Вила Водно во дописот за ТВ 24 наведуваат ...

Македонија е зафатена од нов интензивен топлотен бран. Поради екстремно високите температури, земјава се наоѓа во портокалова фаза, а од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат продолжување на екстремно високите температури и во текот на следната недела. Покрај високите температури и портокаловата фаза, земјава се соочува и со зголемен број пожари на повеќе локации. Од Центарот за управување со кризи информираат дека комбинирани ...

Со досега најголем музичко-сценски спектакл виден во Македонија вечер во Охрид продолжува одбележувањето на 35-годишнината на независноста. Музичко-сценскиот спектакл ќе се одржи на стадионот „Билјанини извори“ со почеток во 19:30 часот, а караванот ќе посети и 11 други градови. Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека идната година со стапка на раст на БДП од 4,5 проценти Србија ќе биде „убедливо прва во Европа“ и дека вонредни избори ќе се одржат за најмногу три месеци. За време на политички состанок во населбата Белегис во општината Стара Пазова, тој рече дека во првата половина од годината, Србија имала највисока стапка на економски раст на континентот, според официјалните податоци на Евростат, и дека ...

Сегашните околности се најдобра можност за постигнување договор со другата страна и решавање на отворените прашања преку преговори, изјави денеска иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, додавајќи дека Техеран нема да ги прифати барањата на другата страна доколку нема напредок во преговорите. „Верувам дека сега е најдобро време за постигнување договор, бидејќи во земјата има кохезија, сила и единство“, рече Пезешкијан, објави Ал Џезира. Тој ...

Оман соопшти дека преговорите за условите за пловењето во Ормуската теснина се одвиваат во „позитивна и конструктивна атмосфера“, објави ДПА. Министерството за надворешни работи на Оман во кратко соопштение објавено синоќа не прецизира кои земји учествуваат во разговорите. Оман, кој заедно со Иран граничи со Ормуската теснина повика на избегнување на какви било дејствија што би можеле да влијаат на „овие преговори и постигнатиот напредок, кој ...

Еден од реакторите во нуклеарниот комплекс Ои во централна Јапонија се исклучи синоќа откако се активираше аларм што укажува на проблем со генераторот, соопшти операторот на комплексот. Реакторот број 3 на нуклеарната централа во префектурата Фукуи е исклучен околу полноќ, објави Електроенергетската компанија Кансаи. „Не е откриено радиоактивно истекување во нуклеарната централа“, додаде компанијата. Еден од реакторите во нуклеарниот ...

Вонредна состојба е прогласена на територијата на Британска Колумбија поради шумски пожари, поради што на речиси 22.000 луѓе им е наредено да се евакуираат, соопштија денеска официјалните претставници на најзападната канадска покраина. Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Еби изјави дека на сите 12.000 жители на округот Самерленд им е наредено да ги напуштат своите домови синоќа, бидејќи шумскиот пожар во Болд Рејнџу брзо се проширил во ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...

Охрид фест или Охридски трубадури. Фестивал кој започна скромно за да прерасне во еден од водечките фестивали во земјата. Од самиот старт, замислен како фолк фестивал, подоцна ја воведе и забавната вечер, потоа и интернационалната. Во 1994 година стартуваше фестивалот, а неговата концепција ја претстави главниот основач и долгогодишен уметнички директор познатиот македонски композитор Григор Копров. Името „Охридски трубадури“ е инспирирано од ...

Дваесет и пет години од загинувањето на десетте прилепски резервисти кај Карпалак беа одбележани со комеморации и сеќавања. Настанот останува длабока траума и симбол на нерешени прашања за безбедносните пропусти и отсуството на трајно меморијално обележје на местото на трагедијата. На спомен-плочата со имињата на десетте загинати бранители цвеќе положија делегации на Владата, предводена од министерката за образование Весна Јанеска и ...

Жештините не попуштаат – Македонија се соочува со нов, интензивен топлотен бран. Државата е во портокалова фаза на опасност поради екстремно високи температури. Во вакви услови, Итната медицинска помош во речиси сите градови бележи зголемен број на дневни интервенции, главно поради колапси и кардиоваскуларни компликации. Штипската брза помош деновиве има повеќе работа за дури 60 проценти. Здравствените лица потсетуваат дека хронично болните ...

Квалитетот на водата во Гостивар се подобрува, но сè уште не е исправна за пиење, информира денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според него, активно се работи на надминување на проблемот, во координација со сите надлежни институции. Според дел од експертите вклучени во процесот на прочистување на водоводната мрежа, актуелниот проблем се очекува да биде надминат. Сепак, одржувањето на квалитетот на ...

Случајот со поранешниот вицепремиер Груби ги скара и партиите од албанскиот политички блок откако владејачката ВРЕДИ обвини дека поминува и последниот месец од оние 6 кои му беа одредени како куќен притвор а доколку до 22 август обвинител не поднесе обвинение тој ќе биде пуштен од куќен притвор. И денеска од обвинителството бараа одговор јавно да соопшти до каде е постапката . А во дописот наведуваат: ВРЕДИ „ВЛЕН бара од Обвинителството да ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на Граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 30 минути, а на граничниот премин Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги ...

Вкупно 42 земји, меѓу кои и нашата, се најдоа на листата држави за кои Грција смета дека имаат „привилегиран даночен режим“ за даночната 2024 година, односно земји во кои правните лица подлежат на даночна стапка што е пониска од онаа што би се применувала доколку би биле даночни резиденти или имале постојана деловна активност во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Министерската одлука за „Определување на државите кои имаат привилегиран ...

Шпанската влада пред два дена соопшти дека од денеска напладне до 7 септември ќе воведе гранични контроли за летовите и бродовите од Италија поради поради спорот околу нелегалната миграција. Во посочениот период ќе се прават проверки на пасошите, државјанствата и визите за италијански патници и посетители од други земји кои доаѓаат од Италија, „поради незапирливиот притисок на нелегална миграција“ од оваа земја. Шпанија објави дека мерките ќе ...

Соединетите Американски Држави денеска воведоа нови санкции против компании, менувачници и финансиски посредници за кои Вашингтон тврди дека му помогнале на Иран тајно да префрли стотици милиони долари преку меѓународниот финансиски систем. Американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека купувањето иранска нафта од страна на таканаречените „чајник-рафинерии“, односно помали независни рафинерии, претставува главен економски извор на ...

Собранието на Косово соопшти дека продолжението на конститутивната седница ќе се одржи денеска, иако уставниот рок за нејзино завршување истече вчера на полноќ. Веднаш по објавувањето на терминот за продолжување на седницата, реагираше опозициската Демократска партија на Косово (ДПК), која изрази загриженост поради, како што наведе, кршењето на уставниот поредок од страна на Движењето Самоопределување, кое, според партијата, денеска одбило да ...

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде викендов и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека денеска ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во попладневните часови ќе има појава на локален развој на нестабилна облачност со ...

На спомен плочата кај месноста Карпалак денеска делегација на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата ќе положи цвеќе во спомен на десетмината прилепски бранители од резервниот состав на македонската Армија, кои во 2001 година ги загубија животите. Цвеќе ќе биде положено и пред спомен-обележјето на македонските херои во центарот на Прилеп. За време на воениот конфликт на 8 август 2001 година, 10 резервисти беа убиени, а тројца ...

Славниот виолински виртуоз Стефан Миленковиќ уште еднаш ја освои охридската публика, носејќи незаборавно музичко доживување во рамките на фестивалот „Охридско лето“. Во автентичниот и мистичен амбиент на предворјето на црквата Света Софија, осветлена од стотици свеќи, Миленковиќ приреди вистинско емотивно патување.Централно место на репертоарот имаше ретко изведуваното и волшебно дело на англискиот композитор Ралф Вон Вилијамс, „The Lark ...

Извештајот за вонредниот инспекциски надзор во три болници, кој го правеше државниот санитарен и здравствен инспекторат, за случајот со 19 годишната Станка Михајлова која после породувањето со царски рез остана неподвижна, е вратен на доработка, дознава Телевизија 24 од извори од министерството за здравство. Според информациите, причината за враќањето на извештајот е поради тоа што не биле стигнати сите документи па потребно било појаснување. ...

Бројката од 4.900 првачиња помалку од лани, што ја посочи министерката за образование и наука, Весна Јаневска, a која не е дефинитивна, повторно го вклучи демографскиот аларм. Јаневска потенцираше дека дури и да се зголеми нивниот број до почетокот на учебната година тоа сепак може да значи дека ќе има најмалку 3.000 првачиња помалку. За експертите ваквата бројка е алармантна од пооодамна само што сега велат дојде до израз. Поранешниот ...

Незадоволни од понудените откупни цени, на стартот од новата откупна сезона на познатата црвена пиперка ајварка, струмичките земјоделци денес повторно излегоа на протест. Преку двочасовна блокада на патот Дабиле – Босилово пред крстосницата кај Робово, тие побараа итен состанок со министерот за земјоделие Борче Серафимовски. Целта е, како што велат, да се најде трајно решение и да се постигнат фер, одржливи и перспективни откупни цени за ...

Кој и зошто овозможил разузнавачот Киро Тодоровски кој беше правосилно условно осуден да добие безбедносен сертификат со степен „државна тајна“ и да биде испратен како претставник на Агенцијата за разузнавање во Виена е прашање кое го наметна политичката партија Левица но бараа одговор од институциите но и претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова, но и владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Во дописот од партијата наведуваат Левица - ...

Епидемијата предизвикана од загадената вода повторно го отвори долгогодишниот проблем со водоснабдувањето во дел од населените места во Гостивар. Дел од жителите велат дека со децении се соочуваат со слаб или целосно отсутен притисок на водата, поради што забраната за пиење, а претходно и за целосна употреба за нив не претставува новина. Како што велат, одамна се навикнати во нивните домови често да нема вода. Горан Мицкоски, жител на ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Рутениум

61086.42