Најмалку едно лице загина, а неколкумина се повредени во силниот земјотрес што ноќеска го погоди југозападниот дел на Перу, јави германската новинска агенција ДПА. Геофизичкиот институт на Перу соопшти дека земјотресот бил со магнитуда од 5,1 степен, додека Американскиот геолошки институт (УСГС) ја процени јачината на 5,5 степени според Рихтеровата скала. Според перуанскиот Геофизички институт, потресот се случил околу 21:24 часот по локално ...

За изминатите 24 часа до 8 часот утрово најмногу количини воден талог од 5 литри на метар квадратен (l/m2) се измерени во Берово, следат Куманово и Крива Паланка од 4 л/м2 и 1 л/м2/ во Виница и во Гевгелија. Како што соопштуваат од Управата за ходрометеоролошки работи, дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на Управта, а поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во делови од ...

Голем број корисници денеска пријавија проблеми при пристапот до социјалната мрежа „Фејсбук“, при што дел од нив не можеле да се најават на своите профили поради привремен технички дефект. При обид за најава, корисниците добиваат порака: „Профилот е привремено недостапен. Вашата сметка моментално не е достапна поради проблем со страницата. Очекуваме проблемот наскоро да биде решен. Обидете се повторно за неколку минути.“ Според платформата ...

Англија ноќва ја победи Франција со 6:4 во натпреварот за третото место на Светското првенство во 2026 година во Мајами, САД. Во првото полувреме, Англија постигна четири неодговорени гола, постигнати од Деклан Рајс (3. минута), Езри Конса (18) и Букајо Сака (37. и 45. минута). Во 48-мата минута, Килијан Мбапе намали на 1:4, Бредли Баркола во 54. минута намали на 2:4, Мбапе со својот втор гол во 66. минута ја доближи Франција на само еден гол ...

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе постигна два гола против Англија ноќва во натпреварот за третото место на Светското првенство 2026. Англија победи со 6:4. Дваесет и седумгодишниот Французин постигна гол во 48. и 66. минута. Мбапе има постигнато 22 гола на Светските првенства, надминувајќи го аргентинскиот напаѓач Лионел Меси (21) и станувајќи најдобар стрелец на Мундијалите на сите времиња. На Светското првенство 2026 година, Мбапе ...

Најмалку едно лице загина, а 13 се повредени во ноќните руски напади врз Киев, извршени со балистички ракети, соопшти украинската Државна служба за вонредни состојби. Нападот следува само еден ден откако во украинските удари врз цели во Русија беше пријавен поголем број жртви. Експлозиите се слушале дури и во внатрешноста на противвоздушните засолништа, а една од нив била толку силна што ги активирала алармите на паркираните автомобили во ...

Скопскиот Кривичен суд за една година успеал дури за половина да го намали бројот на стари предмети што им заостанувале на судиите, покажува најновиот Извештај за работата на овој суд објавен во интерниот електронски билтен од 2 јули. Според објавените податоци, пред една година, на 30 јуни 2025 биле евидентирани 873 активни стари случаи во Судот. Заклучно со 30 јуни оваа година пак, вакви се 410 предмети што е намалување за 53 отсто. Како ...

Потребно е многу брзо да се изгради национален консензус за внатрешни гаранции, затоа што тешко дека ЕУ ќе ги даде гаранциите што се бараа од неа, вели претседателот на институтот за демократија, Марко Трошановски, во интервју за ТВ 24. Според него, изјавата на еврокомесарката Марта Кос ја потврдува тезата дека Македонија мора да продолжи со процесот на уставни измени и со старт на преговорите, потпирајќи се на т.н. внатрешни гаранции, ...

Завршена е реконструкција на локалниот пат од Мешеишта до Волино во општина Дебрца, како дел од проектот на Министерството за транспорт за поврзување на локалните патишта. Од овој пат се поврзуваат неколку населени места на автопатот Охрид-Кичево, за што во изминатиот период работевме посветено за да можеме да испроектираме и да изградиме вкупно 18 километри пристапни патишта кои претходно не биле предвидени, рече заменик претседателот на ...

Преку политиката за поддршка на општините и релокација на средства од централниот буџет кон општините реализирани се голем број инфраструктурни проекти, дел од нив се отпочнати, дел се во фаза на изработка...Станува збор за околу 1.200 проекти, нешто до сега што се нема случено. Кога на тоа ќе се додадат и сите останати капитални инвестиции доаѓаме на навистина импресивен начин на водење и реализација на капиталните инвестиции. Тоа денеска го ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува зголемување на цената на горивата со оглед на ситуацијата на Блискиот исток, но најавува и намалување на акцизите и кај дизелот и кај безоловните горива. - Немаме правено калкулација за покачувањата, но ќе има секако бидејќи нафтата и бензините драматично пораснаа изминатава недела, а и курсот на доларот е малку посилен во споредба со претходната недела. Како Влада ја продолживме кризната состојба уште три ...

Трае истрагата на полицијата и на обвинителството за масовното труење во Гостивар. Над 1.200 лица изминативе денови побарале медицинска помош во болницата во Гостивар. Оттаму велат дека поголемиот број од пациентите се со исти симптоми, повраќање, дијареја, болки во желудникот, температура. Околу 260 лица, од кои 100-тина деца синоќа се јавија на инфективно и на педијатрија. Три деца се задржани за натамошна лекарска нега. Агенцијата за храна ...

Судиите и обвинителите нема да добијат повеќе пари, не заслужиле – ќе продолжам да ги критикувам. Ова е коментарот на премиерот Мицкоски на извештајот за владеење на правото, на Европската комисија. И покрај забелешките од Брисел, Мицкоски најави дека ќе продолжи јавно да бара од судиите и обвинителите да испорачуваат правда, оценувајќи дека граѓаните не се задоволни од функционирањето на правосудниот систем. Премиерот денеска беше дециден – ...

Град Скопје испраќа цистерни со питка вода за жителите на Гостивар откако поголем број граѓани пројавија симптоми на труење, а постојат сомнежи дека причината е загадената вода за пиење од градскиот водовод - соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. -Сите нѐ потресе случајот во Гостивар, каде поголем број граѓани пројавија симптоми на труење, а постојат сомнежи дека причината е загадената вода за пиење од градскиот водовод. Во вакви моменти ...

Дрога и ладно оружје се пронајдени во угостителски објекти на територија на Тетово. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека приведени се четири лица. - На 17/18.07.2026 во период од 23:30 до 02:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на територија на СВР Тетово, при што се пронајдени ножеви и дрога, а приведени се четири лица. При вршење на контрола во угостителски објект ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид на проштална средба ја примила амбасадорката на Хеленската Република во Скопје, Софија Филипиду. Реафирмирајќи го ставот дека регионалната соработка е особено важна за помалите земји, Сиљановска Давкова истакнала дека од Грција очекува да биде меѓу најсилните поддржувачи на патот на македонските ЕУ интеграции. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска преку Фејсбук информираше за остварена средба со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау, во рамки на работната посета на Вашингтон. - Нашите две земји имаат блиски и усогласени позиции за широк спектар политички, економски и безбедносни прашања. Во отворен, пријателски и содржаен разговор ја потврдивме заедничката определба за ...

Самостојната изложба „Дијаграми на отелотворување“ на уметникот Иванчо Талевски ќе биде отворена вечер во Куќата на Робевци (НУ Завод и Музеј – Охрид). Ова е прва самостојна изложба на авторот во Охрид. Почнувајќи од 2015 година, за време на честите патувања на релација Битола – Филаделфија, авторот Иванчо Талевски преку своите цртежи ги бележи времето и просторот, реагирајќи на различни искуства, општествени процеси, феномени, случки и ...

Националниот џез оркестар денеска ќе настапи на AirBeat Festival #LULUfest во Корча, Албанија, каде ќе биде дел од главната фестивалска програма што ќе се одржи во Старата чаршија. AirBeat фестивал обединува уметници од различни земји и култури, создавајќи простор за музичка размена, нови соработки и заеднички креативни проекти. На главната фестивалска вечер, под диригентската палка на Џијан Емин, Националниот џез оркестар ќе се претстави ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека САД ја сметаат Канада за одговорна за пожарите што ги загадуваат американските градови и најави дека по тој повод ќе го повика канадскиот премиер Марк Карни. Тој исто така додаде дека „трошоците од тоа загадување без одложување мора да бидат вклучени во царините“ кои Канада моментално ги плаќа во трговијата со САД. „Ја сметаме Канада за одговорна за неадекватно одржување на нејзините ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го назначи првиот заменик-шеф на Службата за безбедност на Украина (СБУ), Олександр Поклад, за вршител на должноста шеф на таа служба. Зеленски со указ го назначи Поклад привремено да ја извршува должноста шеф на СБУ, објави Укринформ. Должноста шеф на Службата за безбедност на Украина ја вршеше генерал-мајор Евгениј Хмара, кого владата, на предлог на Зеленски, го назначи за вршител на должноста ...

Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГК) соопшти дека нападнала база за американски беспилотни летала во Бахреин, објави државната новинска агенција. Гардата, исто така, соопшти дека го уништила „главниот центар за вештачка интелигенција во Бахреин“ со балистички ракети и беспилотни летала. Иранската државна телевизија рано утрово соопшти за три експлозии во јужниот ирански град Сирик, додека државната новинска агенција објави за пет ...

Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска ветија дека ќе ја продлабочат билатералната соработка во областа на одбраната и ќе се спротивстават на зголемената економска конкуренција од Кина, која, според нив, врши значителен притисок врз Европа преку пренатрупаност на пазарот и вештачко намалување на вредноста на јуанот. Мерц и Макрон се сретнаа во рамките на редовната седница на Француско-германскиот ...

Централната команда на Соединетите Американски Држави (ЦЕНТКОМ) синоќа соопшти дека американската војска почнала нова серија напади врз Иран, седма ноќ по ред. „Овие напади имаат за цел дополнително да ги ослабат воените капацитети на Иран, по налог на Врховниот командант“, се наведува во објава на ЦЕНТКОМ на платформата Икс. Американските сили, како што се посочува, остануваат во состојба на готовност додека САД строго спроведуваат поморска ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до ...

Во објава на социјалната мрежа „Фејсбук“, Ристоска објаснува дека како обвинител за врски, согласно правилникот за предлагање и упатување јавен обвинител за врски на Северна Македонија во Европравда, по правило можела да постапува по предмети регистрирани и во надлежност на Канцеларијата за врски, а по исклучок и по предмети по кои претходно постапувала, врз основа на одлука на државниот јавен обвинител. Според неа, предметот „Талир 2“ не бил ...

Реперот за успешна туристичка сезона во Охрид не треба да биде бројот на туристи, туку нивната економска потрошувачка вели универзитетскиот професор Сашо Коруновски, кој предупредува дека Охрид мора да ја промени класичната туристичка понуда за да има загарантиран прогрес. Доколку се земе паралела со предсезоната, таа годинава е повеќе од солидна, но професорот посочува дека крајниот успех сепак ќе зависи од долготрајноста на истата. ...

Голем број граѓани на Охрид кои се занимаваат со издавање приватни соби, апартмани и станови за туристи, останаа затечени откако на нивните адреси почнаа да пристигнуваат фактури и опомени пред тужба од Здружението за заштита на авторските музички права (ЗАМП). Од нив се бара да платат сума од околу 16.500 денари на име на авторски музички права за минатата туристичка сезона. Изнајмувачите на соби се збунети и револтирани од ваквиот потег. ...

Новиот извештај за владеење на правото на ЕК нотира - мешање и притисок врз судството од претставници на власта, измените на Кривичниот законик, постапката за разрешување на поранешниот јавен обвинител, висока корупција во јавните набавки и здравството. Во документот од Брисел стои дека независноста на судството и автономијата на јавносто обвинителство се поткопани поради недоволните буџетски средства, а функционери на владата ја заслиле ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.54
22%
1014
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
5.4
32%
1015
weather icon

Загреб

34ᴼ / 32ᴼ
3.6
25%
1014
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
6.17
28%
1018
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
4.92
25%
1017
weather icon

Љубљана

33ᴼ / 33ᴼ
1.54
27%
1014
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
7.72
48%
1013
weather icon

Тирана

33ᴼ / 32ᴼ
4.63
29%
1013
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
4.63
20%
1012
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
4.12
29%
1019
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 32ᴼ
1.79
20%
1015
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
12.35
82%
1015
Currency

61.4762

Currency

53.2218

Currency

71.9634

Currency

37.6704

Currency

38.3539

Currency

65.3905

Currency

7.89266

Currency

0.63222

Currency

0.33409

Currency

0.52502

Currency

1.11186

Currency

0.55759

Алуминиум

3.25

Бакар

13.28

Сребро

2080.30

Паладиум

41731.67

Злато

140678.81

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Родиум

282926.57

Иридиум

252383.36

Калај

56.34

Платина

56103.05

Рутениум

53852.50