Епидемијата предизвикана од загадената вода повторно го отвори долгогодишниот проблем со водоснабдувањето во дел од населените места во Гостивар. Дел од жителите велат дека со децении се соочуваат со слаб или целосно отсутен притисок на водата, поради што забраната за пиење, а претходно и за целосна употреба за нив не претставува новина. Како што велат, одамна се навикнати во нивните домови често да нема вода. Горан Мицкоски, жител на ...

Народниот правобранител Фатон Сељами побара граѓаните на Гостивар, како и жителите на околните општини што се снабдуваат со вода преку ЈП „Комуналец“, да бидат ослободени од плаќање на сметките за вода за периодот во кој таа не смее да се користи. Тој изјави дека препораката ќе биде испратена до Советот на општина Гостивар и до другите засегнати општини, со очекување да биде прифатена. Сељами потсети дека слична одлука претходно била донесена ...