Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Пратениците на Али Ахмети ја поднесоа Анкетната комисија за инциденотот од реконструкцијата со која бара одговорност од Иван Стоилковиќ и Африм Гаши за инцидентот кој според сведочењата на опозицијата Стоилковиќ ги навредувал, пцуел и за малку била извегната физичка пресметка. Како што објави ТВ24 Дуи бара да се утврди одговорност , но и да се обезбедат снимките од безбедносните камери. Како што објави ТВ 24 на иницијативата освен пратениците ...
Северноатлантската алијанса планира да го зајакне нуклеарното одвраќање во Европа поради безбедносните закани поврзани со Русија под претседателот Владимир Путин, пренесува германската агенција ДПА. Информациите до кои дошла Агенцијата укажуваат дека во рамки на НАТО се разгледува и можноста за распоредување дополнително американско нуклеарно оружје во Европа. Експерти посочуваат дека САД можеби веќе префрлиле бомби од типот „Б61-12“ во ...
Пожарите во Франција и Шпанија во изминатите неколку дена предизвикаа сериозно загадување на воздухот, изложувајќи милиони луѓе на опасни честички, предупредуваат научниците. Чадот од пожарите содржи мешавина од загадувачки материи што го влошуваат квалитетот на воздухот на растојанија и од неколку стотици километри. Научниците особено се загрижени поради емисиите на ситни честички „ПМ2.5“ што можат да навлезат длабоко во белите дробови и се ...
Уште еден случај на затруено дете во Куманово евидентира кумановската полиција. Вчера во 14:00 часот во СВР Куманово, од општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено двегодишно дете од Куманово кое било затруено со средство за разредување на боја. По укажана лекарска помош, детето било пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Лани ...
Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира дека Судскиот совет назначува вршители на должност претседатели на судови спротивно на Законот за судовите. Според граѓанската организација, Судскиот совет ја користи правната празнина во сопствениот закон за да именува в.д. претседатели без да бидат испочитани законските услови и без ограничување на нивниот мандат. Од Коалицијата посочуваат дека Законот за судовите јасно предвидува кој може да го ...
Саудиска Арабија вчера соопшти дека формирала воен сојуз од 14 држави за заштита на поморскиот сообраќај во Црвено Море и теснината Баб ал-Мандаб. Саудиското Министерство за одбрана соопшти дека претставници од 43 земји и од ЕУ присуствувале на меѓународен состанок за формирање коалиција, со Саудиска Арабија како основачка и водечка земја. Кралството, исто така, сака седиштето на коалицијата да биде во Ријад. Декларацијата ја поддржаа 14 ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека е постигнат договор за целосно разоружување на Хамас и другите милитантни групи во Појасот Газа. Договорот е дел од мировниот план во 20 точки што беше претставен минатата година. - Овој договор е клучен чекор кон тоа Газа конечно да биде управувана од нова палестинска влада, која ќе соработува со Мировниот комитет за да му помогне на палестинскиот народ, објави Трамп на сопствената социјална ...
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така се очекува сончево и топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а ...
Во Полициската академија на Министерството за внатрешни работи во Идризово, денеска ќе се одржи свечена промоција на новите полициски службеници од генерацијата 2025/2026 година. Како што информираа од МВР, обраќања на настанот ќе имаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и помошник министерот на Полициската академија Влатко Митковски. Во Полициската академија на Министерството за внатрешни работи во Идризово, денеска ќе се одржи ...
Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ - касарна „Гоце Делчев“ - Скопје, денеска ќе се одржи свеченост по повод промоција на 26. класа студенти - питомци во чин потпоручник и слушатели на курсот за офицери во чин поручник. Како што соопштија од Министерството за одбрана, предвидено е на свеченоста да се обратат министерот за одбрана Владо Мисајловски и деканот на Воената академија, полковник Ненад Танески. - На свеченоста ќе ...
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата по повод одбележувањето на 2. Август - Ден на Републиката - Илинден упатува апел до сите учесници во сообраќајот за зголемена одговорност и почитување на сообраќајните правила и прописи. За време на претстојниот празничен викенд, нагласуваат од РСБСП, се очекува зголемена раздвиженост на сите категории учесници во сообраќајот особено на патните правци кон туристичките места Охрид, ...
Македонското Собрание ја заврши седницата на која требаше да се поставуваат пратенички прашања. Таа, како што беше најавено продолжи во 17:10 часот, но по барањето за пауза од еден час од Координаторот на пратеничката група на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Бобан Карапејовски, потпретседателката на Собранието Весна Бендевка рече дека седницата ќе заврши бидејќи со тој еден час пауза ќе се излезе од рамките на редовната работа до 18 ...
Денеска во Софија се одржа првиот состанок на работната група на Македонија и Бугарија, посветен на подготовка и реализација на изградбата на заедничкиот прекуграничен железнички тунел на Коридор 8. Согласно Договорот, со работна група претседаваа замениците министри за транспорт на двете земји. Од наша страна претседаваше заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири, а од страна на Бугарија, заменик министерката Цвета Тимева. Во ...
Од вицепремиер кој со месеци беше отсутен од работа, до специјален пратеник во Брисел – новата функција на Арбен Фетаи предизвика бура од реакции. Од Владата за ТВ 24 велат дека назначувањето е согласно законските надлежности, а неговата задача ќе биде забрзување на евроинтеграциите. Од „Илинденска број 2“ како негов адут го посочуваат и познавањето три странски јазици, кои треба да му помогнат во новата мисија во Брисел. Влада на Република ...
По морски пат, со патролен брод на крајбрежната служба на Грција и два приватни чамци беше евакуирано 51 лице од плажата Превели во јужниот дел на Крит, поради големиот пожар што избувна вчера и сè уште не е ставен под контрола. Од крајбрежната служба на Грција, објавија видео од акцијата за спасување и информираа дека се спровела во неповолни временски услови, со северни ветрови со јачина од 8 Бофори. Спасените лица беа пренесени на ...
Нападот со дрон врз бродови за складирање гас во египетското медитеранско пристаниште Дамиета укажа на можноста за отворање нов фронт во војната меѓу САД и Иран, зголемувајќи ги стравувањата дека пловидбата низ Суецкиот Канал би можела да биде загрозена. Суецкиот Канал претставува последната преостаната безбедна извозна рута за саудиската нафта, пренесува Бета. Египетската влада денеска соопшти дека прелиминарната истрага покажала оти ...
Национализацијата на вториот пензиски столб не е решение. Може краткорочно да донесе пари но на долг рок нема да има никакво подобрување. Вториот столб е воведен поради релаксирање на обврските на првиот. Вака директорот на Асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови, Марјан Николовски одговори на прашањето дали доколку се национализираат парите од вториот столб би го покриле дефицитот во државниот фонд. Тој објасни дека парите ...
Собранискиот спикер Гаши ниту годинава лично нема да учествува на чествувањето на Илинден . Во изјавата која денеска ја даде за медиумите посочи дека двете годнини по ред оправдано отсуствува но тоа не значело дека како прв човек на законодавниот дом преку делегација и организација не учествувалк во настаните . Потсети и дека претходно клучните пораки ги испратил од пред законодавниот дом . Затоа смета дека нема потреба од било какви реакции ...
Бизнисменот и почесниот конзул на Белорусија во земјава, Борче Марковски на ГП „Табановце“, сепак му бил дозволен излез од државава затоа што во системот немало регистрирано активна мерка. Претходно одземената патна исправа му е вратена откако тој дал гаранција од пет милиони евра. Од Обвинителството посочуваат дека не може да се смета дека тој е во бегство-има обврска да се јавува пред судот. Основно јавно обвинителство: „Барањето за ...
Од вицепремиер кој со месеци беше отсутен од работа, до специјален пратеник во Брисел – новата функција на Арбен Фетаи предизвика бура од реакции. Од Владата за ТВ 24 велат дека назначувањето е согласно законските надлежности, а неговата задача ќе биде забрзување на евроинтеграциите. Од „Илинденска број 2“ како негов адут го посочуваат и познавањето три странски јазици, кои треба да му помогнат во новата мисија во Брисел. Влада на Република ...
И мештаните од охридските села Елшани и Велестово, привремено ќе мора да купуваат флаширана вода. Лабораториските испитувања на Центарот за јавно здравје покажаа фекално загадување во водоводната мрежа, по што надлежните институции донесоа решение за забрана на водата за пиење и готвење.Од Центарот за јавно здравје – Охрид посочуваат дека загадувањето најчесто настанува кога фекални води од блиските септички јами или сточарски објекти ...
Мери Дика е нов уставен судија...Едногласно, пратениците во законодавниоот дом, го прифатија предлогот на Судскиот совет, досегашната претседателка на апелација, да го пополни испразнетото место во уставниот суд... Од уставен велат дека од денеска судијката почнува со работа а наскоро ќе и бидат распределени и предмети.. Уставен Суд: „На судијата Георгиевска и се доделени работни материјали за претстојните активности на Судот. Во наредниот ...
Водата во Гостивар се уште не е добра за пиење – и по две недели од забраната надлежните велат дека резултатите од анализите се уште не се добри за да се повлече забраната. Министерот за здравство Сашо Клековски денеска порача дека мора да бидат сигурни во безбедноста пред да донесат одлука. Сашо Клековски – Министер за здравство: „Сакаме да бидеме максимално сигурни пред да дозволиме водата да се употребува за пиење и подготовка за храна. ...
Под влијание на топла воздушна маса од југ за време на продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, соопштува Управата за хидрометеоролошки работи. Дневната температура насекаде ќе биде над 32 степени Целзиусови, а во некои места ќе надмине 40 степени. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Под влијание на топла воздушна маса од југ за ...
Крушево е подготвено за Празникот и за одбележувањето на 123 годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република. Бројни настани опфаќа традиционалната и значајна манифестација „10 Дена Крушевска Република“ која од лани е веќе национална установа. Утревечер од 18,30 часот во центарот на Крушево, пред столбот на Крушевската Република и пред црквата „Свети Никола“, Крушево официјално ќе ги пречека Илинденските коњаници. Се очекуваат ...
Голем шумски пожар избувна на Баварските Алпи, а германските власти ги предупредија жителите од околните населени места на густ чад и опасност од понатамошно ширење на огнот, додека во гаснењето на непристапниот планински терен се ангажирани три хеликоптери, објави германскиот магазин „Шпигел“. Пожарот избувна во близина на планината Лакенбергванд, кај местото Унтервесен, во тешко пристапен дел на врвот Хохванд, на надморска височина од ...
Двајца пациенти на возраст од 76 и 66 години од седумте хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести со западнонилска треска, се во критична состојба и се на механичка вентилација на одделот за интензивно лекување, изјави попладнево директорот на Клиниката, Фадил Цана, кој рече дека дополнително за уште тројца пациенти, кои се примени со дијагноза акутно заболување на мозокот и мозочната обвивка, во текот на денов се чекаат ...
Собранискиот спикер Гаши ниту годинава лично нема да учествува на чествувањето на Илинден. Во изјавата која денеска ја даде за медиумите посочи дека двете годнини по ред оправдано отсуствува, но тоа не значело дека како прв човек на законодавниот дом преку делегација и организација не учествувалк во настаните. Потсети и дека претходно клучните пораки ги испратил од пред законодавниот дом . Затоа смета дека нема потреба од било какви реакции и ...
Водата во Гостивар се уште не е добра за пиење – и по две недели од забраната надлежните велат дека резултатите од анализите се уште не се добри за да се повлече забраната. Министерот за здравство Сашо Клековски денеска порача дека мора да бидат сигурни во безбедноста пред да донесат одлука. Сашо Клековски – Министер за здравство „Сакаме да бидеме максимално сигурни пред да дозволиме водата да се употребува за пиење и подготовка за храна. ...
Собранието вечерва ги донесе Законот за изменување на Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за градење на ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии, по скратена постапка и Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и ...