Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Соопштение за јавност на СДСМ: Наместо минисерот за здравство, денеска Панче Тошковски – министерот за хиперхлорирање, најави техничка вода во Гостивар. Но, резултати и анализи за водата не се објавени, Тошковски се повикува на „потврда од експерти”. Техничката вода се користи за миење улици, наводнување паркови, противпожарни системи и за испирање тоалети. За туширање и лична хигиена тоа зависи исклучиво од микробиолошките наоди. Врз ...
Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 93,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 95,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 4,50 ден/лит, и ќе изнесува 98,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за ...
Соопштение за јавност на Левица: Додека во Собранието се расправа за ребалансот на Буџетот, Владата потврди дека се задолжува кај М-НАВ, МЕПСО, Државна лотарија и ЈП за државни патишта. Како причина за ова задолжување се наведува враќањето на долговите кон кинеската банка за автопатите, што претставува уште еден показател за сериозните проблеми со ликвидноста на државниот буџет. Владите во последните дваесет години, предводени од ДПМНЕ и ...
Генералниот секретар на Партијата за движење на Турците (ТХП), Џабир Доко, на денешната прес-конференција изрази сериозна загриженост по повод последната реконструкција на Владата и вклучувањето на Демократската партија на Турците (ДПТ) во владејачката коалиција. Џабир Доко истакна дека ТХП го почитува демократското право на политичките партии да учествуваат во власта, но оцени дека симболична функција без реални надлежности не може да се ...
Шпанија е чекор поблиску до повторно активирање на рудникот „Пенута“, кој повеќе од четири децении беше надвор од употреба. Со новата инвестиција, Европската Унија ќе добие сопствен извор на критичните минерали тантал и ниобиум. Она што особено привлекува внимание е определбата на инвеститорот најголем дел од придобивките да останат во локалната заедница. Компанијата најави дека предност при вработувањето ќе имаат жителите од регионот, а ...
По серијата лабораториски испитувања, водата во Гостивар е оценета како безбедна за техничка употреба. Тоа значи дека граѓаните можат да ја користат за капење, миење садови и останати домашни потреби, но таа сè уште не е препорачана за пиење и подготовка на храна, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната прес-конференција. Тошковски нагласи дека дистрибуцијата на флаширана вода ќе продолжи сè додека не се ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против едно физичко лице – сопственик и управител на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Првопријавениот Т.Д., во својство на управител на второпријавеното правно лице, свесно ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со Фернандо Мариано Сампедро Маркос, државен секретар за ЕУ во Министерството за надворешни работи, ЕУ и соработка на Шпанија. Во фокусот на разговорите беа европската интеграција на Република Северна Македонија и актуелните случувања во процесот на проширување на Европската Унија. Министерот Муцунски изрази благодарност за доследната и ...
Соопштение за јавност на Левица: До Левица беа доставени фотографии и пријава од загрижени жители на с. Долни Балван, Општина Карбинци, кои алармираат дека од сточарска фарма со години се испуштаат течен животински измет и фекалии во канал што директно се влева во реката Брегалница. Граѓаните веќе поднеле официјално барање до Државниот инспекторат за животна средина, со кое бараат итен вонреден инспекциски надзор, земање мостри од водата ...
Водата на скопската територија е безбедна за пиење, покажале најновите анализи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, објавени утрово. Од јавното претпријатие соопштија дека го објавуваат неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. – Секторот за санитарна контрола во периодот од 20 до 24 јули зема 195 примероци за физичко-хемиска и ...
Соопштение за јавност на Левица: Денес Собранието ќе одлучува за ребалансот на Буџетот за 2026 година. Левица ќе гласа против предложениот ребаланс, бидејќи амандманската расправа покажа дека Владата не само што нема намера да ја промени својата економска политика, туку одби речиси секој предлог што значеше поголема јавна корист, подобра заштита на граѓаните и поодговорно трошење на буџетските средства. Левица поднесе 47 амандмани со кои ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Владата позајмила пари не само од М-НАВ, туку и од Лотарија и од МЕПСО за да го враќа кредитот кон кинеската банка. Владата донесе одлука да земе краткорочен заем од 7 милиони евра од Македонска навигација. Ова е уште еден јасен доказ дека во буџетот нема пари. Затоа Христијан Мицкоски со денови бараше алиби за предвремени избори. Но не можеше да се извлече од реконструкцијата на Владата, затоа што тоа би ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: СДС наместо да побара одговорност од своите поставени кадри во Гостивар, се обидува политички да профитира од скандалот со водата, кој кадри на нивната коалиција со ДУИ и Таравари, го создадоа. Во моментов, владините институции активно работат на справување со состојбата и преземаат мерки за нејзино целосно стабилизирање во Гостивар. Бројот на граѓани кои бараат медицинска помош континуирано се ...
На својата редовна седница Регулаторната комисија за енергетика треба да донесе одлука за новите малопродажни цени на горивата. Случувањата на Блискиот Исток и растот на цените на суровата нафта на светскиот пазар укажуваат на тоа дека денеска може да се очекува ново зголемување на цените. Минатиот понеделник РКЕ донесе одлука со која цената на дизелот се зголеми за шест а цената на бензините за три денари. Викендов премиерот Мицкоски ...
Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2026 година, во второ читање, денеска е на дневен ред на 118. седница на Собранието. Претресот по дополнетиот ребаланс на буџетот на седница на Собрание трае најмногу три дена. Владата минатата недела го усвои дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, со амандманите прифатени од Комисијата за финансирање и буџет, а со кои обезбедени се дополнителни ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Над 4.070 граѓани во Гостивар побарале медицинска помош. Вчера беа регистрирани уште 125 прегледи на лица со симптоми, а едно дете е хоспитализирано во болница. Водата била загадена со фекалии. А институциите молчеле. Симптомите почнале на 14 јули. Епидемија е прогласена дури на 19 јули. Цели пет дена институциите не ја информирале јавноста навреме и не презеле мерки. Додека граѓаните масовно завршувале по ...
Македонската културна јавност и театарската сцена останаа без еден од своите најпрепознатливи и омилени актери. Почина Гоце Тодоровски, актер кој со својата харизма, автентичен хумор и препознатлива актерска енергија со децении беше дел од македонскиот театарски, телевизиски и културен простор. Тодоровски остави длабок и неизбришлив траг во македонското глумиште. Неговиот талент да ја спои комедијата со непосредноста, а секој лик да го ...
Нестабилно време со поројни врнежи, грмежи, силен ветер и услови за појава на град се очекува во текот на ноќта и утрешниот ден, покажува најновата прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во западните делови од Македонија уште во текот на ноќта се очекуваат пообилни врнежи, при што на одредени места може да наврнат над 20 литри дожд на квадратен метар. Нестабилноста ќе продолжи и утре, кога локално количеството на врнежи ...
Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија, во содејство со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска извршиле претрес во дом и други простории кај 23-годишниот С.Б. од скопското село Брест. Како што информираат од полицијата, при претресот била пронајдена поголема количина кокаин. С.Б. бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Гази Баба. Од МВР посочуваат дека случајот се документира, а по ...
Според водечкото саудиско спортско издание „Аријадија“, клубот на Кристијано Роналдо, Ал-Наср, е во длабока финансиска криза. На раководството му е забрането да потпишува нови договори додека не се најде решение. Една опција е продажба на дел од клубот. Долгот на Ал-Наср изнесува приближно 800 милиони ријали (над 200 милиони долари). Сепак, и покрај финансиската криза, Роналдо инсистира раководството на клубот да одобри засилувања за ...
На 25.07.2026 во 17:58 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода Х.Т.(24) од Германија и А.А.(27) од Србија. При пасошка конрола, гранични проверки и преглед во возилото „хјундаи” со германски национални ознаки, во кое биле сопатници и преглед на личниот багаж на Х.Т. биле пронајдени и одземени марихуана и 34 банкноти од 50 евра за кои постои сомнение дека се фалсификувани. Додека, ...
Русија смета дека е прерано да се коментираат извештаите дека САД и Украина разговараат за евентуален прекин на воздушните напади како дел од напорите за завршување на војната, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Неговиот коментар следува по изјавата на украински функционер за Ројтерс дека претставници од Киев и Вашингтон разговараат за предлог што би и бил презентиран на Русија за прекин на воздушните напади како дел од ...
Главниот осомничен за синоќешниот терористички напад на Берлинската парада на гордоста е застрелан денеска за време на полициска операција, јави ДПА. Мажот бил застрелан од полицијата, а подоцна починал од повредите. – Околу 18 часот, осомничениот за вчерашниот напад во паркот Гросер Тиергартен бил сместен во комплекс од градинарски парцели во берлинскиот округ Шпандау. Според досегашните информации, тој се стрчал кон полицијата со ладно ...
Албанскиот премиер Еди Рама, повторно реагираше на протестите и барањето за негова оставка, при што за првпат директно кажа дека нема намера да поднесе оставка. Според него, мандатот што го користи произлегува од гласот на граѓаните и не може да биде прекинат од барањата на демонстрантите. – Тие повторуваат дека не сакаат дијалог, не сакаат преговори, само сакаат моја оставка! Големо недоразбирање, напиша Рама на платформата Х . Вели тој ...
Формула 1 и ФИА потврдија дека Големата награда на Бахреин во 2026 година ќе се одржи на патеката Сепанг во Малезија. Трката ќе се одржи од 2 до 4 октомври, помеѓу Големата награда на Азербејџан и Големата награда на Сингапур, додека остатокот од календарот останува непроменет. Настанот официјално ќе се нарече Големата награда на Бахреин во Малезија, а договорот сè уште треба да добие конечно одобрение од Светскиот совет за мотоспорт. ...
Во романтичните врски, често зборуваме за големи изјави, романтични изненадувања и посебни моменти, но експертите за врски нагласуваат дека стабилната и среќна врска најчесто се гради преку мали, секојдневни постапки. СМС порака во текот на денот, искрено прашање „како си?“, момент заедно без телефон или нешто мало што покажува дека размислуваме за нашиот партнер може да има многу повеќе значење од скапите подароци и спектакуларните ...
– Денес се сеќаваме и оддаваме почит на жртвите од разорниот земјотрес во Скопје на 26 јули 1963 година. Пред 63 години, во 5 часот и 17 минути, за само дваесет секунди, градот беше претворен во урнатини. Катастрофалниот земјотрес однесе многу човечки животи, илјадници семејства останаа без својот дом, зад себе остави урнатини и болка – вели во објава на Фејсбук претседателот на СДСМ Венко Филипче. – Но, Скопје се издигна од рушевините. ...
Преземените мерки на споменикот Македониум во Крушево имаат исклучиво превентивна заштитна функција. За конзервација на објектот во тек е изработка на Основен проект за конзервација, реставрација и санација на куполата од Споменикот Илинден-Македониум, во кој ќе се дефинираат сите потребни интервенции во согласност со конзерваторските принципи, стручните стандарди и важечката законска регулатива за заштита на културното наследство, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ги паузираше нападите врз Иран за да „даде простор“ за обновување на преговорите, изјави денеска амбасадорот на САД во Обединетите нации, Мајк Волц, откако Иран објави дека нема да напаѓа сè додека САД не го сторат тоа. „Тој остава простор за преговори“, изјави Валц за Фокс њуз за одлуката на Трамп, без да открие дополнителни детали. Во текот на викендов имаше затишје во непријателствата меѓу Иран и ...
Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р Органџиски“ успешно била реализирана сложена ин витро постапка, која завршила со раѓање на здраво машко бебе. Од здравствената установа информираа дека станува збор за исклучителен медицински успех, имајќи ги предвид возраста на родителите и комплексноста на целиот процес што претходел на бременоста. Според објавените информации, бременоста била ...