Пожарот во битолско Лознани кој се доближи до куќите е ставен под контрола, соопшти вечерва Дирекцијата за заштита и спасување. Во вечерашната заедничка изјава, директорот на ДЗС Стојанче Ангелов и командантот на Територијалната противпожарна единица од Битола нагласија дека постојат сомневања дека дел од пожарите што го зафатија битолскиот регион се подметнати. На терен остануваат екипи кои ќе работат на целосно гаснење на пожарот. Пожарот ...
Вчерашниот ден беше најтежок во оваа сезона на пожари од аспект на загрозеност на населени места, бидејќи имавме два алармантни пожари, изјави Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Во видеоизјава Ангелов соопшти дека во текот на вчерашниот ден имало над 40 пожари на отворен простор, а од нив активни во овој момент се шест кои не загрозуваат населени места, ниту има опасност да влезат во квалитетна шума. ...
По повеќечасовна непрекината интервенција, пожарот кај селото Лознани, на границата меѓу општините Могила и Прилеп, повеќе не претставува директна опасност за куќите, информираа директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, и командирот на Територијалната противпожарна единица од Битола, Христијан Тодоровски. Тодоровски посочи дека пожарникарите во текот на денот се соочиле со исклучително тешки услови, откако ...

