Американецот Брајан Волш беше прогласен за виновен за убиство од прв степен на неговата сопруга Ана, жена од Белград која исчезна ноќта помеѓу 31 декември и 1 јануари 2023 година, пишува whdh.com. Препорачано Одлуката беше донесена по дводневно заседавање на поротата и по осум дена изведување докази и сведочења. Се очекува Волш да биде осуден на доживотен затвор без можност за условна слобода, што е задолжителна казна за убиство од прв степен ...

Тепихот од дневната соба на семејството Волш бил клучниот доказ што ја урнал одбраната на Брајан Волш, кој беше осуден на доживотен затвор за убиство на Ана Волш, Србинка по потекло. На фотографијата што ја видела поротата, Ана Волш се смеела, легната на истиот тој тепих. Неколку недели подоцна, истиот тепих бил пронајден исечен на парчиња, натопен со крв и фибри со нејзин ДНК во контејнер близу домот на мајката на обвинетиот. Во истиот ...