Клиничка болница Штип со радост го објавува дека првото бебе родено во новата 2026 година е женско. Бебето дојде на свет во 00:01 часот, со што ја започна годинава во најубавиот и најсреќниот момент. „Нека ни е бериќетна новата 2026 година. Во 00:01 го добивме првото женско бебе. Среќна нова година!“ – се вели во официјалното соопштение од Клиничка болница Штип. Со ова, се започнува новата година со позитивна енергија и надеж за среќни денови ...

Точно на полноќ, на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, се роди првото бебе во новата година. Препорачано 1 2 3 Првото новороденче во 2026 е девојче кое на свет дојде само неколку секунди по влегувањето во новата година. Од Клиниката за гинекологија информираат дека и мајката и бебето се во добра здравствена состојба. Точно на полноќ, на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, се роди ...

Женско е првото бебе родено во 2026 година во кавадаречката Општа болница со проширена дејност. Директорката на јавната здравствена установа, Гордана Ѓорчева – Камчева, информираше дека бебето е родено спонтано, 28 минути по полноќ. Бебето е родено со тежина од 2.550 грама и 51 сантиметар должина. Мајката Ивона е од Кавадарци, родена во 1997 година. Женско е првото бебе родено во 2026 година во кавадаречката Општа болница со проширена ...