Неколку големи меѓународни авиокомпании, меѓу кои Lufthansa, Air France, KLM Royal Dutch Airlines и Swiss, ги откажаа саботните летови кон дестинации на Блискиот Исток, покажуваат податоците објавени на интернет-страниците на аеродромите. Откажувањата се однесуваат на летови кон Израел, Обединети Арапски Емирати и Саудиска Арабија, а како причина се наведува загриженоста од можен поширок судир во регионот што би можел да го вклучи и Иран. ...

Неколку европски авиокомпании суспендираа летови кон и над земјите на Блискиот Исток, бидејќи тензиите меѓу САД и Иран предизвикуваат загриженост за пошироки нарушувања низ Персискиот Залив. „Ер Франс“ ги откажа летовите меѓу Париз и Дубаи за петок и сабота, привремено суспендирајќи ја услугата кон емиратот „поради актуелната ситуација на Блискиот Исток,“ соопшти авиокомпанијата. KЛМ исто така ги стопираше летовите кон Дубаи, Ријад и Дамам ...

Авиокомпаниите пренасочуваат и откажуваат некои летови низ Блискиот Исток, бидејќи тензиите меѓу Иран и САД се зголемуваат, а претседателот Доналд Трамп завчера изјави дека САД имаат поморска „армада“ што се движи кон Иран. Висок ирански функционер вчера изјави дека Иран ќе го третира секој напад „како тотална војна против нас“, пред пристигнувањето на американскиот воен носач на авиони и други средства на Блискиот Исток во наредните денови. ...