Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи во врска со случајот за шпионажа во Кабинетот на претседателката постапува по две Наредби добиени од ОЈО за ГОКК доставени на 12.02.2026 и 25.03.2026 со кој се бара да се изврши анализа на електронски доказен материјал. Во тек е анализа на сите електронски докази кои се екстрахирани од одземената опрема. Напоменуваме дека станува збор за поголема количина на електронски ...
Случајот со копирање на податоци од компјутерскиот систем бил откирен пред половина година и пријавен во средина на декември лани во МВР и во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), но и шест месеци подоцна нема крај на истрагата. Од кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова нема официјална реакција за истрагата, а веста беше објавена во јавноста додека таа се враќаше од посетата на Словенија. ...
Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова одлучи да молчи за сомнежите за шпионажа и индициите дека се извлекувале податоци од компјутери во нејзиниот Кабинет кои наводно требало да завршат кај странска служба. Министерството за внатрешни работи не одговори и на дополнителните прашања на „Слободен печат“ зошто и по пет месеци нема никакво известување за видеоснимки од безбедносните камери во и околу Кабинетот за ...
Молк од кабинетот на шефицата на државата Гордана Сиљановска Давкова за сомнежите за шпионската афера која ОЈО ГОКК ја истражува подолг период. ТВ 24 не доби одговор ниту од Претседателскиот кабинет , ниту од АНБ. Но откако обвинителството го прозва МВР дека со месеци ги доцнеле извштаите од анализите кои требало да ги направат од одземените телефони и компјутери од ИТ техничарот кој според информациите на ТВ 24 уште пред 6 месеци бил ...
„Мора да се стави крај на ваквите нешта засекогаш односно политичарите треба да сфатат дека безбедносните служби се државни институции. Вака ако продолжиме не знам каде би стигнале. Сепак, ние сме партнер во најсилната Воена алијанса и таму не сме сами да правиме што сакаме и како сакаме. Какво гледање и размислување ќе имаат тие луѓе кон нас“, прашува експертот за безбедност, Владимир Пивоваров откако Обвинителството за гонење организиран ...
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) денеска информираше дека отворило истрага поради сомнежи за шпионажа во кабинетот на претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова. Информацијата од ОЈО ГОКК ја пренесуваме во целост. „ОЈО ГОКК, по добиено известување на 18.12.2025 година од Министерството за внатрешни работи – Сектор за компјутерски криминал, кое се однесува на настан од 24.11.2025 ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова беше на претставата „Мадам Батерфлај“ во Македонската опера и балет, додека јавноста и натаму чека официјален став од нејзиниот Кабинет за скандалот со сомнежи за шпионажа и недозволени активности во Вила Водно, за кој веќе пет месеци се води предмет во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Од Кабинетот на претседателката втор ден нема никаков одговор на прашањата поврзани со ...

