Ова, како што наведува Муцунски, е јасна потврда за силната посветеност на Владата кон реформите, исполнувањето на обврските од Планот за раст и имплементацијата на европските вредности и стандарди на домашен план. Воедно, додава министерот, претставува и признание за сериозниот пристап, институционалниот капацитет и реформскиот напредок на државата. Согласно официјалната информација објавена од Европската комисија, средствата се одобрени во ...

Европската комисија соопшти дека денеска стави на располагање 49 милиони евра за Албанија, 44,2 милиони евра за Црна Гора и 65,7 милиони евра за Македонија во рамките на Програмата за реформи и раст. Ова следува по третото барање за исплата и позитивната оценка на Комисијата за реформските чекори спроведени во областите на деловната конкурентност и иновации во Албанија и Црна Гора, како и образованието и дигитализацијата во Македонија. Со ...

Европската комисија става на располагање 65,7 милиони евра за Македонија во рамките на инструментот за реформи и раст, највисок износ во регионот во споредба со одобрените пари за Албанија и за Црна Гора. „Ова е потврда за посветеноста на владата кон реформите и исполнувањето на обврските, како и признание за институционалниот капацитет“, вели министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски. Известува Александра Велинова ...