Ракометната репрезентација на Македонија ќе се судри со Португалија во второто коло на Европското првенство. По очекуваниот стартен пораз од првиот фаворит за злато Данска, сега пред избраниците на Кирил Лазаров е клучниот меч кој ќе покаже до каде сме. Дуелот со Португалците во „Јиске Банк Боксен“ во Хернинг е клучен во борбата за втората позиција во групата Б. Пред Лазаров и неговите момци е сериозен предизвик кој ниту малку нема да биде ...

Ракометната репрезентација на Македонија водеше голема битка со Португалија и на крајот успеа да дојде до бод (29:29) со големиот фаворит на Европското првенство во Данска, Норвешка и Шведска. Овој бод доаѓа по поразот од Данска, а во последната рунда на групната фаза, нашите ракометари играат со Романија. Шанси за втор круг постојат, но има многу калкулации и математики кои ќе се прават по комплетирањето на колото. Најефикасен во ...

Избраниците на Кире Лазаров се надминаа себеси и малку фалеше за победа против фаворизираната Португалија за која сите предвидуваа дека ќе победи. Македонија одигра храбар натпревар, Филип Кузмановски и Мартин Томовски беа посебно важни што успеавме да оствариме резултат кој уште ни дава шанси за прогрес иако тие реално и не се големи. Во првото полувреме беше изедначено, двете селекции се менуваа во водство, ниту една не успеа да се одлепи. ...

Македонската ракометна репрезентација со луд финиш одигра неверојатен натпревар во кој ремизираше со фаворизираната Португалија играјќи 29:29 во рамки на второто коло од Европското првенство. Неверојатен натпревар одиграа ракометарите на селекторот Кирил Лазаров од минус пет до реми и можност за победа. Последните секунди неверојатни, малку фалеше нашата репрезентација да триумфира и со сигурност да патува во главната фаза, вака останува ...

Ракометарите на Македонија ја победија Романија со доста мака 24-23 (13-9), во последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство. Иако во три наврати имавме пет гола предност, а и неколку напади за „плус шест“ на крајот водевме тешка битка и за минимална победа. Во вториот дел Романците влегоа пожестоко и се вратија во натпреварот, но на крајот имавме повеќе нерви и забележавме триумф. Од стартот на средбата влеговме полетно и ...

Ракометарите на Португалија го приредија најголемото изненадување на Европското првенство, откако вечерва во Хернинг го совладаа домаќинот Данска со 31:29 (12:11) во завршниот натпревар од групата Б, со што двете селекции се пласираа во главната фаза, а македонската репрезентација како третопласирана во групата го заврши настапот на континенталниот турнир. Во увертира на последниот натпревар од групата Б, македонските ракометари претходно ...

Македонската ракометна репрезентација го заврши настапот на Европското првенство откако Португалија приреди големо изненадување и го совлада домаќинот Данска со 31:29 (12:11) во последниот натпревар од групата Б, одигран синоќа во Хернинг. Со овој резултат, Португалија и Данска обезбедија пласман во главната фаза, додека Македонија, и покрај победата над Романија од 24:23, како третопласирана ја заврши континенталната смотра. Нашите ...

Ретко кој очекуваше дека Данска може да падне на домашен терен и тоа од Португалија со која ние одигравме нерешено. Но, Португалците денеска беа на друго ниво, одиграа максимално фокусирано и дојдоа до голем триумф. Португалија водеше во поголемиот дел од натпреварот, особено во второто полувреме, Данците бркаа и не можеа да стигнат. На крајот се случи голема победа за гостинот. Франциско Кошта беше најефикасен во португалската селекција, ...