„Apple“ во својот прв фискален квартал, од октомври до декември, забележа силен раст на приходите од 16 отсто на годишно ниво, достигнувајќи 143,76 милијарди долари, пред сè поради силната побарувачка за уредите „iPhone“. Профитот на компанијата „Apple“ за наведениот период порасна на 42,1 милијарда долари, односно 2,84 долари по акција (EPS), од 36,33 милијарди долари, односно 2,4 долари по акција во истиот квартал лани, пренесува „CNBC“. ...

Apple ги откри своите најнови квартални финансиски резултати, а вестите се повторно одлични за компанијата од Купертино. Кварталот што заврши на 27 декември 2025 година го означи „најдобриот квартал досега“ за iPhone, уред што донесе рекордно висок приход од речиси 85,27 милијарди долари за бизнисот на американскиот гигант. Apple повеќе не го открива бројот на продадени единици, но дури и со цените за многу од неговите паметни телефони од ...