Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски направи важен чекор кон целосно враќање на терените, откако повторно се приклучи на комплетниот тренажен процес на Валенсија. По периодот на индивидуална работа и внимателно темпирано опоравување, Димитриевски повторно тренираше заедно со соиграчите, што е јасен сигнал дека неговата состојба се движи во позитивна насока. Чуварот на мрежата ја одработи првата половина од тренингот со ...

Валенсија на Столе Димитриевски доживеа нов дебакл во Ла Лига, овој пат со убедлив пораз од 4-1 на гостувањето против Селта. А Валенсија добро почна откако домашните постигнаа автогол по само седум минути игра. Но, уште во првото полувреме Селта со два гола дојде до пресврт. А, потоа во вториот дел Иглесијас беше стрелец и во 59. минута, додека Ел Абдалуи и Алварез во самиот финиш ги поставија конечните 4-1. Македонскиот голман Столе ...

Македонскиот фудбалски репрезентативец Столе Димитриевски им се врати на тренинзите на својот клуб Валенсија, откако поради ситна повреда беше надвор од терените краток период. 32-годишниот чувар на мрежата и оваа сезона ја грее клупата на натпреварите од Примера, но многу веројатно следниот викенд ќе го има своето „деби“ сезонава во шпанскиот шампионат. Имено, првиот голман на „лилјаците“ Јулен Аризабалага се повреди на денешниот натпревар ...

Столе Димитриевски мина фрустрирачки сезона и половина во Валенсија, се најавуваше дека македонскиот голман во јануарскиот преоден рок конечно ќе си замине и ќе се пресели во клуб каде што ќе може да ги покаже своите квалитети, но последните информации говорат дека – Столе сепак ќе остане на „Месталја“ до крајот на сезонава. Се очекува Македонецот конечно да добие шанса да ги покаже своите квалитети, откако првиот голман на Валенсија, Хулен ...

Во финишот на дуелот помеѓу Селта и Валенсија кој тимот од Виго го доби со 4-1, се повреди голманот на Лилјаците, Хулен Агирезабала, а бидејќи веќе беа направени пет измени, Столе Димитриевски не влезе, туку на голот застана Пепелу. Додека Пепелу стоеше меѓу стативите, капитенот на Селта, Јаго Аспас, имаше ферплеј потег и бараше од своите соиграчи да не напаѓаат, а судијата досуди крај на средбата на која победникот веќе беше одлучен. ...

Агирезабала се повреди во судиското продолжение од мечот кога Валенсија веќе немаше замени, па фудбалерот Пепелу застана на голот. Информациите од Валенсија велат дека повредата не наивна и првичните прогнози се дека Агирезабала ќе биде во аут најмалку шест недели. Се очекува во тој период Столе Димитриевски да биде стартер на сите натпревари на Валенсија. Македонскиот голман досега добиваше шанса само во Купот на Шпанија. Се шпекулираше за ...

Голманскиот репрезентативец на Македонија, Столе Димитриевски нема да си замине од Валенсија, ќе остане меѓу „лилјаците“, но ќе застане и меѓу стативите!? Неочекувани работи се случија по повредата на првиот голман на Валенсија, Хулен Агирезабала кој заработи незгодна повреда на мечот со Селта, а според коментарот на тренерот Карлос Корберан, истакна дека повредата на голманот Агирезабала делува сериозно. Ваквите околности отвараат простор ...

Македонскиот голман Столе Димитриевски би можел вториот дел од сезоната да го мине во Италија, во Серија „А“. Согласно најавите, екипата на Џенова бара голман, а во потесниот круг влезе и чуварот на мрежата на македонската репрезентација. Димитриевски би заминал како позајмен до крајот на сезоната, и би имал поголема минутажа отколку во Валенсија каде што е втор голман. Неодамна Ливаковиќ беше поврзуван со трансфер во овој тим, меѓутоа ...

Столе Димитриевски размислуваше на трансфер во завршницата од летниот преоден рок, но откако не дочека понуда која го задоволува клубот, македонскиот чувар на мрежата остана во Валенсија и чекаше своја шанса само на натпреварите во Копа дел Реј. Македонецот запиша само два настапи во Купот и покажа завидно ниво на натпреварот против Картахена, а како голман кој доби јасен статус на резерва, во зимскиот преоден рок се влезе со многу шпекулации ...