Стресот сѐ повеќе го разјадува современиот човек предизвикувајќи му анксиозност, психофизичка напнатост, страв и депресија. Стравот се појавува кога чувствуваме лична загрозеност и егзистенцијална несигурност. Сите овие нешта предизвикуваат отуѓеност меѓу луѓето, недоверба во себе, во другите и во државниот апарат. Мнозинството граѓани ја загубија надежта, бидејќи сфатија дека наместо да оди кон прогрес и да создаде предуслови за подобра ...

Свртени кон своето его и обременети со разни површни цели и барања, како да не забележуваме дека животот сè побрзо се измолкнува пред нашите очи. Трчањето по признанија, оддавањето на ниските страсти, потребата за многу пари, моќ или слава, предизвика многумина да се себеобјективизираат и да немаат власт врз сопствените нагони, негативни емоции и постапки. Наместо рационалност и одговорност, предност им даваат на афектите, ниската страст и ...

Силниот дух е поврзан со одговорноста и со способноста да се препознаат позитивните можности во период на криза и во неизвесни животни околности. Врз некои настани не можеме да влијаеме, но затоа можеме да влијаеме врз нашата реакција во однос на надворешните случувања. Од голема важност е како се справуваме со ограничувачките влијанија и дали потклекнуваме пред животните кризи и тешкотии. Многу нешта зависат од волјата, упорноста и пристапот ...

Трагичните настани и лошите околности се присутни во животот на сите луѓе предизвикувајќи им страв, несигурност и неизвесност. Потребата за стабилност, сигурност и безбедност станаа нужна потреба и основа на мирното живеење. За да ги постигнеме мирот и напредокот клучно е да преиспитаме од каде следат заканите и потенцијалните опасности за психофизичката хармонија на нашата личност. Токму затоа, заштитата од злото и негативните вибрации треба да ...

Постојаната подложност на лоши вести, политички тензии, несигурност и на неправди присутни во нашето општество никого не може да остави рамнодушен и опуштен. Повеќедеценискиот грабеж на општествените добра, неказнивоста, нееднаквоста пред законот, катастрофалното водство од политичките лидери, корупцијата и недостигот на етика и на одговорност кај функционерите предизвикаа народот да стане крајно несреќен, фрустриран и подложен на стрес, страв и ...

Секој човек сака да ја открие среќата и да го избегне страдањето. Но, како да се биде среќен во свет исполнет со многу болки, страдања и несреќи? Негативните случувања се насекаде околу нас, така што е потребна голема свесност, будност и мудрост за да се заштитиме од сѐ што може да ја загрози нашата личност. Во будизмот е потенцирано: болката е неизбежна; страдањето е производ на изборот. Современите луѓе како да заборавија на позитивното ...

Животните ситуации исполнети со страв, неизвесност, немир и самоизолација создаваат силни бранови на негативни емоции и будат несигурност во перспективите на иднината. Кога навиките и стилот на живеење неочекувано се менуваат, експонирајќи закани од болест, губење на работно место, финансиска оскудица и разни отуѓувања, во тој случај стресогените фактори, депресијата и кризата земаат сè поголем замав. Да се биде присебен кога се присутни големи ...

Успехот нема да го постигнеме ако ја загубиме вербата во иднината, ако ја затапиме творечката активност и престанеме да се трудиме, надеваме и дејствуваме, и тоа само затоа што сме ја загубиле смислата на животот. Движењето кон целта и стремежот да се успее се суштинските вредности, кои нѐ држат живи, будни и активни во борбата со апсурдот, бесмислата и искушенијата на постоењето. Затоа треба да ги прифатиме зборовите на филозофот Фридрих Ниче: ...