Патриција и дама на дворецот на царот Јустинијан. Кога остана вдовица и виде дека царицата Теодора не ја поднесува, таа тивко се изгуби од Цариград и се најде во египетската пустина. Прочуениот духовник авва Даниил ја потстрижа во ангелски образ и ја објави како монах Анастасиј евнух. Ова беше според нејзината желба, за полесно како жена да се спаси под машки лик, а и за да се сокрие од царевото трагање по неа. Потоа се затвори во тесна ...

Роден е во Дамаск од угледни родители. Откако насобра светска мудрост, не се задоволи и тргна да ја собира единствено духовната. Во Лаврата на свети Теодосиј се најде со монахот Јован Мосх кого го зеде за свој учител и тргнаа заедно да ги обиколуваат манастирите и подвижниците во Египет. Нивното мото беше: „секој ден стекни што повеќе духовна мудрост“. Сè што знаеја запишаа, а потоа го издадоа во две книги под името „Лемонариум“ (на ...