Москва веројатно стационира нови хиперсонични балистички ракети со нуклеарна моќ во поранешна воздухопловна база во источна Белорусија, развој што би можел да ја зајакне способноста на Русија да испорача ракети низ Европа, открија двајца американски истражувачи проучувајќи сателитски снимки, објави Ројтерс. Проценката на истражувачите во голема мера се совпаѓа со наодите на американските разузнавачки служби, изјави лице запознаено со ова прашање ...
Американски истражувачи, по детална анализа на сателитски снимки од „Planet Labs“, тврдат дека со 90% сигурност ја лоцирале базата каде Русија ги распоредува своите најнови хиперсонични ракети „Орешник“. Станува збор за поранешна воздухопловна база во близина на Кричево, во источна Белорусија, стратешки поставена на 300 километри од Минск. Ракетата „Орешник“, која може да носи нуклеарни боеви глави, има проценет дострел до 5.500 километри. Со ...

