По пет одиграни меча, Македонија нема победа, но нема освоено ниту сет. Таква негативна статистика има само уште селекцијата на Исланд, а без победа се и Албанија и Грузија, но тие имаат освоено по еден сет. Хрватските одбојкарки лесно го добија мечот, Македонија во два сета освои по 15 поени, во еден само 12. Најефикасна во нашата селекција беше Милевска која освои седум поени. В недела, Македонија игра против Словенија, а утре со истата ...

Машката македонска одбојкарска репрезентација вечерва го претрпе третиот пораз сезонава во Европската лига. На третиот турнир во Приштина, македонските одбојкари загубија од Израел со 3:0 во сетови (25:19; 25:19 и 25:14). Македонскиот национален тим натпреварите ги завршува со 3 победи (Косово, Исланд, Луксембург) и 3 порази (Израел, Грција и Холандија) и се наоѓа на 16.место од 24.репрезентации. Со утрешните натпревари ќе биде комплетирано ...

Машката македонска кошаркарска репрезентација со пораз го започна подготвителниот период, избраниците на селекторот Жозеп Мариа Берокал загубија од Бугарија во Самоков со резултат 97:68. Македонската селекција настапи во некомплетен и подмладен состав со оглед на тоа што стручниот штаб не можеше да смета на неколку стандардни репрезентативци. (во последен момент, без капитенот Војдан Стојановски, но и Андреј Јакимовски, и натурализираниот ...

Женската македонска одбојкарска репрезентација со убедлив пораз од Словенија вечерва во Скопје го заврши настапот во Европската лига. Македонските одбојкарки загубија со 0:3 (15:25; 10:25 и 10:25). Македонските одбојкарки се во групата на четири репрезентации, кои не освоија бод, заедно со Албанија, Грузија и Исланд. Денешниот противник Словенија го освои првото место во Европската лига и е една од четирите репрезентации заедно со Шведска, ...

Женската одбојкарска сениорска репрезентација на Македонија со пораз од Словенија, 0:3 (15:25, 10:25, 10:25) го заврши настапот во Европската лига 2026 пред својата публика во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Македонските одбојкарки посилен отпор понудија единствено во првиот сет кога имаа и водство од 12:10, но Словенија со серија направи пресврт, а потоа и убедливо го освои сетот. Во продолжението од натпреварот словенечките одбојкарки ...