Вонредни надзори во струмичката болница, Клиничката болница во Штип и Универзитетската клиника за неврологија во Скопје - Министерството за здравство го истражува случајот со 19 годишната Станка Михајлова, која што според тврдењата на семејството останала неподвижна по породувањето со царски рез. Случајот ќе биде разгледан темелно, професионално и до крај, а доколку се утврдат пропусти, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законските ...
Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведува вонреден инспекциски надзор во трите здравствени установи, во кои била третирана 19-годишната жена, чиешто семејство раскажа дека по вториот царски рез останала парализирана. Под лупа се Струмичката болница, Клиничката болница во Штип и Универзитетска клиника за неврологија во Скопје. Според најавите, денови се очекува инспекторатот да ги комплетира надзорите и да ја прибере целата ...
Завршен е вонредниот надзор во штипската и струмичката болница, а денеска ќе заврши и контролата во Универзитетската клиника за неврологија. Од здравствениот инспекторат за ТВ 24 велат дека утре ќе го комплетираат извештајот за 19 годишната Станка Михајлова, која по царски рез остана неподвижна. Инспекторатот ќе треба да утврди дали имало некакви пропусти во третманот на 19 годишната Михајлова од Струмица – мајка на две деца. Надзорот го ...
Завршен е вонредниот инспекциски надзор во штипската и струмичката болница и контролата во Универзитетската клиника за неврологија. Денеска треба да биде комплетиран извештајот за 19-годишната струмичанка, која по царски рез, остана неподвижна. Инспекторатот ќе треба да утврди дали имало пропусти во третманот на Михајлова. Нејзиното семејство обвинува за лекарска грешка. Од Министерството за здравство посочија дека случајот ќе биде разгледан ...
Дали и какви пропусти се утврдени во случајот со 19 годишната Станка Михајлова која остана неподвижна по породување со царски рез – извештајот на здравствениот инспекторат е комплетиран. Се очекува министерството за здравство да го соопшти. ТВ 24 праша, но до објавувањето на прилогот нема одговори што е утврдено од вонредните надзори во штипската, струмичката болница и универзитетската клиника за неврологија каде била лекувана ...
Завршени се вонредните инспекциски надзори за лекувањето на деветнаесетгодишната Станка Михајлова од струмичко Баница. Сепак, сѐ уште нема одговори – каде затаи системот и зошто пациентката по породувањето со царски рез во Клиничката болница во Штип остана неподвижна и во инвалидска количка. Министерството за здравство сега најавува детална стручна анализа. Инспекцискиот надзор проверуваше дали биле почитувани процедурите и законските ...
Завршени се вонредните инспекциски надзори за лекувањето на деветнаесетгодишната Станка Михајлова од струмичко Баница. Сепак, сѐ уште нема одговори – каде затаи системот и зошто пациентката по породувањето со царски рез во Клиничката болница во Штип остана неподвижна и во инвалидска количка. Министерството за здравство сега најавува детална стручна анализа. Инспекцискиот надзор проверуваше дали биле почитувани процедурите и законските ...
Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонредни инспекциски надзори во здравствените установи во кои пациентката С.М. била прегледувана, породена и понатаму лекувана, соопшти Министерството за здравство. За случајот со родилката од струмичко, целокупната документација сега е во рацете на министерот за здравство, Сашо Клековски. Од Министерството за здравство посочуваат дека случајот ќе биде разгледан темелно, професионално и до ...
Стручна комисија составена од специјалисти од земjaва, но и еден од странство ќе го истражува случајот со 19 годишната Станка Михајлова која по породувањето со царски рез остана неподвижна. Од министерството за здравство не соопштуваат информации што е утврдено од вонредните контроли на здравствениот инспекторат, но најавија формирање на комисија која ќе треба да утврди дали имало лекарска грешка. Министерство за здравство – Комисијата за ...

