Фудбалерите на Египет постигнаа и втор погодок против Аргентина во осминафиналето на Светското првенство, ама голот на Мохамед Зико беше поништен, па потоа истиот фудбалер успеа да погоди и регуларно. Причината за поништувањето на првиот гол беше прекршок во зачетокот на акцијата од Атиа врз Лисандро Мартинез, па реализацијата на Зико во продолжението на акцијата беше анулирана. Сепак, ако во 58. имаше прекршок, сè беше чисто девет минути ...

Египет постигна и втор гол, па на 20 минути до крајот има шокантни 2-0 против актуелниот светски првак Аргентина во осминафиналето на СП. Победникот од овој дуел во четвртфиналето би играл со Колумбија или Швајцарија. Гаучосите имаат повеќе шанси и шутеви, но Фараоните трипати шутнаа и дадоа три гола. Едниот гол беше поништен по интервенција од ВАР собата, но потоа сепак африканскиот тим даде и чист гол од уште една контра. Египет постигна ...

Фудбалерите на Аргентина со спектакуларен пресврт против Египет успеаја да слават победа од 3-2 и да се изборат за четвртфинале на Светското првенство. Аргентнците беа подобар противник во текот на целиот натпревар, но Египет знаеше да ги користи своите шанси и им направи сериозни проблеми на „Гаучосите“. По неколку пропуштени прилики Ибрахим во 15-тата минута ги донесе Египќаните во водство. Меси седум минути имаше голема шанса да донесе ...

Фудбалерите на Аргентина се пласираа во четвртфиналето на Светското првенство. Аргентина го победи Египет со 3-2 по неверојатен камбек. Головите на Египет ги постигнаа Ибрахим во 15-тата минута и Зико во 67-мата минута. Пресвртот и победата за Аргентина ги донесоа Ромеро во 79-тата минута, Лео Меси во 83-тата минута и Енцо Фернандез во 92-тата минута Аргентина ќе се сретне со победникот од натпреварот Колумбија – Швајцарија (22) во ...