Силекс во одличен меч и со пресврт ја освои Струга и триумфираше со 3-2 против Струга ТЛ, која го забележа и вториот пораз по ред во пролетниот дел од сезоната, и ја губи битката за првото место на табелата. Кратовската екипа двапати губеше, но на крајот најде сила да дојде до големи три бода на овој натпревар. Струга ТЛ првпат поведе во 22. минута. Радески со прекрасен удар од 22-23 метри ја упати топката прецизно во горниот десен агол, ...
Струга два пати имаше водство на дуелот со Силекс од Првата македонска фудбалска лига, но на крајот остана со празни раце откако гостите искористија две шанси во финишот од средбата. Денешното дерби во ПМФЛ ги оправда очекувањата иако се играше на тежок терен, а Струга поведуваше со головите на Радески и Комоаре во 22 и 59. минута. Првото израмнување Силекс го реализираше преку Алиќ во 52. минута, додека Николовски во 80. минута ја врати егал ...

